Аеродром Минхен
Аеродромот во Минхен (IATA: MUC, ICAO: EDDM), официјално наречен Аеродром Франц Јозеф Штраус (германски: Flughafen München Franz Josef Strauß) — сместен 28 километри североисточно од Минхен, Германија, и е централа на Луфтханза и нејзините Star Alliance партнери. Аеродромот е втор најфрекфентен аеродром во Германија во однос на превезени патници (33.96 милиони патници во 2007), веднаш зад аеродромот во Франкфурт, и на 28 место на списокот на најфрекфентни аеродроми низ целиот свет. Во 2007, беше одликуван со наградата "Најдобар аеродром во Европа" од страна на Skytrax, компанија поврзана со истражувањето на авиобизнисот.
Аеродром Минхен Flughafen München | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аеродром Минхен, 2010 | |||||||||||||||
Општо | |||||||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||||||
Сопственик/Оператор | Flughafen München GmbH | ||||||||||||||
Опслужуван град | Минхен | ||||||||||||||
Местоположба | Минхен, Германија | ||||||||||||||
Јазол за | |||||||||||||||
Фокусен град за | |||||||||||||||
Надморска височина | 453 m / 1.487 ft | ||||||||||||||
Мрежно место | munich-airport.de | ||||||||||||||
Карта | |||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Helipads | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Статистика (2019[1]) | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Историја
уредиАеродромот започна со операции во 1992, заменувајќи го дотогашниот Минхен Реим аеродром. Кога конструкцијата започна во 1980 година, местото именувано Френзхејм мораше да биде уништено, и 500 жители мораа да бидат преселени на друго место. Аеродромот беше именуван по Франц Јозеф Штраус, кој одигра важна улога на политичката сцена во Германија. Помеѓу другото, тој беше долгогодишен премиер на Баварија и под негово владеење се донесе одлуката за градење на аеродромот. Во јуни 2003, Терминалот 2 беше завршен, каде беше сместена алијансата Star Alliance. Поради нагло зголемениот сообраќај, трета писта е планирана да се изгради во блиска иднина.
Транспорт од аеродромот
уредиВоз, Автобус и Такси
уредиДо центарот на Минхен може да се стигне со подземната железница на Минхен, линии S1 и Ѕ8. Патувањето трае околу 45 минути и тикет во еден правец чини околу 520 денари, во еден правец. Lufthansa City Airport Bus го поврзува аеродромот со Централната железничка станица во Минхен. Автобусот исто така има застанување и на станицата Nordfriedhof(U6) во северен Минхен. Тикет во еден правец чини 610 денари, додека повратен тикет чини 945 денари. Такси превозот до центарот на Минхен чини 70 евра.
Автомобил
уредиАеродромот во Минхен е поврзан со центарот на Минхен преку автопатот А 92 и А 9.
Терминали
уредиПостојат два терминала на аеродромот, Терминал 1 и Терминал 2.
Терминал 1
уредиХала А
уредиХала Б
уреди- Air Mauritius (Маурициус)
- British Airways (Лондон Хитроу)
- Condor (Агадир, Анталија, Арецифе, Келн/Бон, Даламан, Фаро, Фуертевентура, Фунчал, Хамбург, Хургада, Ибица, Херез де ла Фронтера, Ларнака, Лас Палмас, Малага, Маракеш, Марса Алам, Палма де Мајорка, Санта Крус де ла Палма, Шарм ел Шеик, Таба, Тангер, Тенерифе Југ)
- Delta Air Lines (Атланта)
- Royal Jordanian (Аман)
- Korean Air (Сеул)
- Tunisair (Џерба, Монастир, Тунис)
- VolaSalerno (Салерно)
Хала Ц
уреди- Aeroflot (Москва Шереметјево)
- airBaltic (Рига, Вилнус)
- Aurora Airlines (Приштина)
- Blue Wings (Адана, Анкара, Анталија, Ататурк, Бодрум, Самсум, Трабзон)
- Czech Airlines (Прага)
- Emirates (Дубаи)
- Etihad Airways (Абу Даби)
- Eurocypria Airlines (Ларнака, Папос)
- Polet Airlines (Воронез)
- Pegasus Airlines ( Анталија, Истанбул Сабиха Гокчен)
- Rossiya (Санкт Петербург)
- S7 Airlines (Москва Домодедово)
- Sky Airlines ( Анталија)
- SunExpress ( Анталија, Истанбул Сабиха Гокчен, Измир)
- TAROM (Сибиу, Букурешт Отопени)
- Ural Airlines (Екатеринбург)
- UTair Aviation (Тујмен)
Хала Д
уреди- Aer Lingus (Белфаст, Корк, Даблин)
- Air France (Париз Де Гол)
- Air France оперирано од HOP! (Лион)
- Alitalia (Рим Фјумичино)
- Brussels Airlines (Брисел)
- easyJet (Единбург, Лондон Станстед)
- Finnair (Хелсинки)
- Germanwings (Берлин Шенефелд, Келн/Бон, Дортмунд)
- Iberia Airlines (Мадрид)
- Icelandair (Рејкјавик) [сезонски]
- InterSky (Елба) [сезонски]
- KLM (Амстердам)
- KLM оперирано од KLM Cityhopper (Амстердам)
- Norwegian Air Shuttle (Осло)t
- Ostfriesische Lufttransport (Росток/Лаге, Херингсдорф)
Хала Е
уредиХалата Е служи исклучиво за пристигања
Хала Ф
уредиХалата Ф[5] е безбедносен терминал кој се користи од страна на авиокомпаниите од Израел.
- Arkia Israel Airlines (Тел Авив)
- El Al (Тел Авив)
- Israir (Тел Авив)
- Sun D'Or (Тел Авив)
- TUIfly (Тел Авив)
Централна Ареа (Zentralbereich)
уреди- Air Transat (Калгари, Торонто, Ванкувер) [сезонски]
- TUIfly (Агадир, Анталија, Араксос, Аресифе, Бари, Каљари, Каиро, Катанија, Крф, Даламан, Дубровник, Фаро, Фуертевентура, Фунчал, Ираклион, Хургада, Херез де ла Фронтера, Кос, Ларнака, Лас Палмас, Луксор, Махон, Марса Алам, Наполи, Олбија, Палермо, Палма де Мајорка, Папос, Родос, Ријека, Римини, Сал, Шарм Ел Шеик, Тенерифе Југ, Солун)
Терминал 2
уредиТерминалот 2 е резервирано за членовите на Star Alliance, како и партнерите на Луфтханза. Беше отворен на 29 јуни 2003 година и е способен да прими од 20 до 25 милиони патници годишно. Дваесет и шест авиокомпании го користат терминалот.
Крило 3
уреди- Aegean Airlines (Атина, Солун)
- Air China (Пекинг)
- Air Malta (Малта, Катанија)
- EgyptAir (Каиро)
- Qatar Airways (Доха)
- Thai Airways International (Бангкок)
- Turkish Airlines (Анкара, Истанбул Ататурк)
Крило 4
уреди- Adria Airways (Љубљана)
- Air Canada (Торонто)
- Austrian Airlines (Виена, Калви)
- Carpatair (Тимисоара)
- Cimber Air (Билунд, Норшепинг)
- Cirrus Airlines (Манхејм, Ерфурт)
- Croatia Airlines (Сплит, Загреб)
- LOT Polish Airlines (Катовице, Гдањск, Варшава)
- оперирано од Eurolot (Познањ, Вроцлав)
- Луфтханза (Анкара, Атина, Барселона, Пекинг, Белград, Берлин Тегел, Билбао, Бирмингем, Бостон, Бремен, Брисел, Букурешт Отопени, Пусан, Катанија, Шарлот, Ченај, Чикаго О'Хара, Келн/Бон, Делхи, Диселдорф, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Хонгконг, Истанбул Ататурк, Измир, Киев, Ларнака, Лисабон, Лондон Хитроу, Мадрид, Њуарк, Ница, Осло, Палма де Мајорка, Париз Де Гол, Рим Фјумичино, Санкт Петербург, Сан Франциско, Саун Пауло, Сеул, Шангај, Шенјанг, Сингапур, Софија, Стокхолм Арланда, Тбилиси, Токио Нарита, Виена, Варшава, Вашингтон, Ереван, Цирих)
- Lufthansa Regional оперирано од Air Dolomiti (Анкона, Болоња, Фиренца, Џенова, Милано Малпенза, Наполи, Пиза, Трст, Торино, Венеција, Вроцлав)
- Lufthansa Regional оперирано од Augsburg Airways (Берн, Дортмунд, Фиренца, Грац, Краков, Линц, Олбија, Падерборн, Познањ, Сибиу, Штутгарт, Вроцлав, Загреб)
- Lufthansa Regional оперирано од Contact Air (Нирнберг, Штутгарт, Клагенфурт)
- Lufthansa Regional оперирано од Eurowings (Минстер, Наполи, Ница)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Амстедам, Базел, Белград, Билбао, Бирмингем, Болоња, Братислава, Бремен, Букурешт Отопени, Будимпешта, Клуж, Келн/Бон, Копенхаген, Донецк, Дрезден, Диселдорф, Фиренца, Гдањск, Женева, Гетеборг Лендветер, Хановер, Краков, Лајпциг, Лондон Сити, Лион, Манчестер, Марсеј, Милано Малпенза, Минстер, Наполи, Ница, Осло, Париз Де Гол, Сараево, Софија, Стокхолм, Тимисоара, Тирана, Тулуза, Виена, Варшава, Вестерленд, Ереван, Загреб, Цирих)
- оперирано од PrivatAir (Бостон, Дубаи) [сезонски]
- Luxair (Луксембург, Саарбрикен)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген, Стокхолм)
- South African Airways (Јоханесбург)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
- TAP Portugal (Лисабон)
- United Airlines (Чикаго О'Хара, Вашингтон)
Централна Ареа
уредиЦентралната Ареа на аеродромот во Минхен е шопинг, бизнис и простор за рекреација која ги поврзува двата терминала, постариот дел кој припаѓа на терминалот 1 е внатрешна ареа. Поновиот дел, кој беше изграден во исто време со терминалот 2, е голем надворешен простор, во еден дел покриен со транспарентен покрив, кој исто така содржи и хотел раководен од Кемпински.
Карго простор
уреди- British Airways World Cargo (Делхи, Лондон Хитроу)
- Cargoitalia (Барселона, Милано Малпенза)
- Cathay Pacific Cargo (Дубаи, Хонгконг)
- DHL Air
- Emirates SkyCargo (Дубаи)
- FedEx Express
- Korean Air Cargo (Сеул)
- Lufthansa Cargo
- Qatar Airways Cargo (Доха)
- TNT Airways
- West Air Sweden
Наводи
уреди- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеtraffic1
. - ↑ Munich Airport Press Release: Take-offs and landings up 2.6% to over 400,000, 15 January 2018
- ↑ Flughafenverband ADV. „Statistiken IVF 2013 – Flughafenverband ADV – Unsere Flughäfen: Regionale Stärke, Globaler Anschluss“. Архивирано од изворникот на 24 May 2015. Посетено на 2 June 2015.
- ↑ „EAD Basic – Error Page“. Посетено на 2 June 2015.
- ↑ „Digital airport map“. www.munich-airport.com (англиски). Посетено на 2018-05-24.