Аеродром Штутгарт
Аеродромот Штутгарт (германски: Flughafen Stuttgart) (IATA: STR; ICAO: EDDS) е меѓународен аеродром сместен околу 13 километри јужно од центарот на Штутгарт. По важност е седми на листата во Германија, со една писта, и е важен центар за германските нискобуџетни авиокомпании како Germanwings и TUIfly, како и главно седиште на компанијата за паркинзи за коли, APCOA Parking.
Аеродром Штутгарт Flughafen Stuttgart | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||
Оператор | Flughafen Stuttgart GmbH | ||||||||||
Опслужуван град | Штутгарт, Германија | ||||||||||
Јазол за | Eurowings | ||||||||||
Фокусен град за | |||||||||||
Надморска височина | 1,276 ft / 0 м | ||||||||||
Координати | 48°41′24″N 009°13′19″E / 48.69000° СГШ; 9.22194° ИГД | ||||||||||
Мрежно место | stuttgart-airport.com | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Карта на аеродромот | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Helipads | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2018) | |||||||||||
| |||||||||||
Историја
уредиАеродромот бил изграден во 1939 за да го замени аеродромот Беблинген. Во 1945, американските воени сили го презеле аеродромот, и како резултат на тоа сè уште оперира база со хеликоптери на јужната страна на аеродромот која силите ја делат со хеликоптерскиот оддел на сојузната полиција на Баден Вуртемберг. Овој оддел спаѓа под контрола на полицијата на Штутгарт и поседува 6 модерни хеликоптери засновани во Штутгарт и два во Солинген. Во 1948 година, аеродромот бил вратен на германските власти.
Аеродромот бил проширен после Втората светска војна. Пистата била проширена од 1800 на 1948 метри, потоа на 2250 метри, за во 1996 да биде проширена на 3345 метри. Оригиналниот терминал од 1938 бил конечно заменет со нов модерен терминал во [2004] година, и сега постојат 4 терминали со капацитет од околу 12 милиони патници на годишно ниво.
Јавен превоз и пристап
уредиДо аеродромот може лесно да се стигне со воз од централната железничка станица во Штутгарт, користејќи ги линиите Ѕ2 и Ѕ3. Аеродромот се наоѓа веднаш до автопатот А8 кој ги поврзува градовите Карлсруе, Штутгарт и Минхен.
Авиокомпании и одредишта
уредиТерминал 1
уреди- Aegean Airlines (Атина, Солун)
- Air Malta (Малта)
- Austrian Airlines
- Austrian оперирано од Austrian Arrows (Грац, Виена)
- British Airways (Лондон Хитроу)
- Cirrus Airlines (Минстер)
- Луфтханза (Берлин Тегел, Бремен, Франкфурт, Хамбург, Палма де Мајорка)
- Lufthansa Regional оперирано од Augsburg Airways (Минхен)
- Lufthansa Regional оперирано од Contact Air (Франкфурт, Грац, Хамбург, Хановер, Милано Малпенза, Минхен, Торино)
- Lufthansa Regional оперирано од Eurowings (Диселдорф, Франкфурт, Париз Де Гол)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Барселона, Берлин Тегел, Билбао, Брисел, Диселдорф, Франкфурт, Лондон Хитроу, Милано Малпенза, Минхен, Париз Де Гол, Виена, Варшава)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген)
- Swiss International Air Lines оперирано од Swiss European Air Lines (Цирих)
- Turkish Airlines (Анкара [сезонски], Истанбул Ататурк)
Терминал 2
уреди- Germanwings (Анкара, Анталија, Атина, Барселона, Бастија, Белград, Берлин Шенефелд, Букурешт, Будимпешта, Крф, Дрезден, Фаро, Хамбург, Ираклион, Истанбул Сабиха Ѓокчен, Катовице, Кавала, Кеплавик, Краков, Лајпциг/Хале, Лисабон, Лондон Станстед, Мадрид, Москва Внуково, Приштина, Рим Фјумичино, Росток, Сплит, Сараево, Солун, Виена, Варшава, Загреб)
Терминал 3
уреди- Air France (Париз Де Гол)
- Air France оперирано од HOP! (Лион, Париз Де Гол)
- Blue Air (Букурешт, Сибиу)
- Carpatair (Тимисоара)
- Condor (Анталија, Фуертевентура, Фунчал. Хургада, Ланзароте, Ларнака, Ла Палма, Лас Палмас, Палма де Мајорка, Шарм Ел Шеик, Тенерифе)
- Czech Airlines (Прага)
- Delta Air Lines (Атланта)
- Finnair оперирано од Finncomm Airlines (Хелсинки)
- Flybe (Бирмингем)
- Israir (Тел Авив)
- KLM (Амстердам)
- KLM оперирано од KLM Cityhopper (Амстердам)
- Robin Hood Aviation (Грац)
- TUIfly (Агадир, Анталија, Араксос, Бари, Каљари, Катанија, Даламан, Фаро, Фуертевентура, Фунчал)
Терминал 4
уреди- Air Via (Бургас, Варна) [сезонски]
- Bulgarian Air Charter (Бургас, Варна) [сезонски]
- Eurocypria Airlines (Ларнака)
- Freebird Airlines (Анталија)
- Germania (Приштина)
- Nouvelair (Монастир)
- Pegasus Airlines (Анкара, Истанбул Сабиха Гокчен, Измир, Кајсери)
- Sky Airlines (Анталија)
- SunExpress (Анталија, Измир)
- Turkuaz Airlines (Истанбул Ататурк)
Наводи
уреди- ↑ „ACI EUROPE Airport Traffic Report. December, Q4 and Full Year 2015“ (PDF). Посетено на 28 August 2016.
- ↑ „EAD Basic“. Euro Control. Посетено на 6 June 2012.