Аеродромот во Софија (IATA: SOF, ICAO: LBSF) (бугарски: Летище София) е најголемиот аеродром во Бугарија. Во 2011 година биле опслужени околу 3,47 милиони патници или 5,4% повеќе од 2010 година.[1]

Аеродром Софија

Летище София
Терминал 2 на Аеродромот во Софија
Општо
Аеродромски видЈавен
Сопственикдржавна сопственост
ОператорSOF Connect AD
Служи заСофија
МестоположбаСофија, Бугарија
Јазол за
Надм. височина531 м / 1.742 ст
Мрежно местоsofia-airport.bg
Карта
SOF is located in Бугарија
SOF
SOF
Местоположба во Бугарија
Писта
Правец Должина Површина
м ст
09/27 3.600 11.811 асфалт
Статистика (2019)
Патници7.107.096 2,1%
Товар (тони)23.987 7,8%
Движења на авиони61.371 1%

Историја уреди

Аеродромот најпрво бил изграден во доцните 1930-ти години, на оддалеченост од околу 6,3 километри од центарот на Софија. За време на Втората светска војна, аеродромот бил користен од страна на армијата. Цивилниот сообраќај започнал во 1947 година. Терминалот 1 бил изграден за време на втората светска војна, во манир на модерен европски аеродром од тоа време од архитектот Иван Марангозов. Структурата на терминалот се состои од владино крило на западната страна од терминалот, делот за меѓународни летови е на средината, а делот за летови во границите на Бугарија е во источното крило на терминалот.

Во средината на 1960-тите години започнало спроведувањето на планови за надградба на аеродромот. Имало неколку планови, меѓу кои и да се изгради нов аеродром на оддалеченост од 70 километри од центарот на Софија.[се бара извор] Сепак, официјалните лица се решиле за проширување на сегашниот аеродром. Проектот кој бил планиран во средината на 1960-тите години, сепак бил реализиран кон 2000 година со изградба на нов терминал и нова писта, паралелна со претходната. Финансискиот пакет, во најголем дел од Европската Унија и Кувајт бил договорен во 1998 година, додека работите започнале во 2001 година. Новиот терминал бил официјално пуштен на 27 декември 2006 година.

Реконструкција на аеродромот уреди

Во согласност со планот за реконструкција, биле изградени нов терминал и нова писта. Постоечката писта била претворена во патека за таксирање. Вкупната инвестиција беше околу 200 милиони евра, финансии кои беа обезбедени во 1997-98 година од страна на Европската инвестициона банка, Кувајтскиот фонд за развој на арапската економија и ФАРЕ програмата. Реконструкцијата започна напоредно на две работи: новата писта и новиот терминал. Новата писта била отворена во август 2006, додека новиот терминал во декември 2006.

Транспорт до аеродромот уреди

Автобус уреди

Две автобуски линии поминуваат покрај аеродромот во Софија. Времето на патување е околу 20 минути во зависност од сообраќајниот метеж. Од/До терминаот 1 сообраќа автобусот број 84, додека од/до терминалот 2 сообраќа автобусот број 284. Цената на една автобуска карта е 1,60 лева (околу 45 денари).

Такси уреди

Такси превоз е достапен од двата терминали, 1 и 2.

Терминали уреди

Терминал 1 уреди

Терминалот 1 бил изграден во првата половона на 20. век, и во моментот воглавно се користи од нискобуџетните авиокомпании кои сообраќаат од аеродромот.

Терминал 2 уреди

Терминалот 2 беше официјално отворен на 27 декември 2006 година и бил еден од најголемите проекти во Бугарија со пари од Европската Унија. На терминалот постојат 7 порти за авионите, 38 шалтери за чекирање и покрива површина од околу 50.000 m2.

Авиокомпании и одредишта уреди

Терминал 1 уреди

Терминал 2 уреди

Статистика на аеродромот уреди

Сообраќај на аеродромот во Софија
Година Патници Карго(тон) Полетувања/Слетувања
2000 1,127,400 11,004 24 785
2001 1,107,682 10,380 21 860
2002 1,214,137 12,480 24 212
2003 1,356,569 13,754 25 518
2004 1,614,139 14,468 28 700
2005 1,874,368 14,724 32 184
2006 2,209,348 15,244 38 123
2007 2,746,178 17,388 43 075
2008 3,230,696 18,647 48,626
2009 3,134,104 15,121 45,698
2010 3,296,936 15,489 47,061
2011 3,474,993 15,888 47,153
2012 3 467 455 16 249 40 806
2013 3 504 326 17 039 40 526
2014 3 815 158 17 741 42 120
2015 4 088 943 18 727 44 416
2016 4 980 387 21 157 51 829
2017 6 489 738[2] 20 818 57 670

Извори уреди

    1. „Летище София - Статистически данни за трафика“ (бугарски). www.sofia-airport.bg. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2012-09-25.

    2. https://sofia-airport.bg/sites/default/files/bg-passengers_2017-2018_5.pdf Архивирано на 19 октомври 2021 г. (на бугарски). www.sofia-airport.bg