Air Dolomiti
Air Dolomiti L.A.R.E. S.p.A е регионална авиокомпанија со седиште во Верона, Италија. Дел е од Луфтханза Регионал, и поврзива 11 италијански градови плус Виена со мрежата на Луфтханза преку Минхен и Франкфурт. Главни бази се аеродромите во Верона и Трст, со централа на аеродромот во Минхен. Името на авиокомпанијата потекнува од дел од Алпите наречени Доломити.
| |||||||
Основан | 1989 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Аеродром Верона Аеродром Венеција | ||||||
Споредни јазли | Аеродром Минхен | ||||||
Програма за чести летачи | Miles & More | ||||||
Аеродромски салон | Senator Lounge | ||||||
Летала | 19 (+ 6 нарачки) | ||||||
Одредишта | 21 | ||||||
Матично претпријатие | Луфтханза | ||||||
Седиште | Верона, Италија | ||||||
Мрежо место | http://www.airdolomiti.it/ |
Историја
уредиAir Dolomiti беше основана во јануари 1989 година од страна на Leali Steel групацијата. Започна со регионални летови во јануари 1991 со првата линија Трст - Џенова, додека во 1992 година започна со меѓународни летови до Виена и Минхен. По неколку години на соработка, Луфтханза откупи 26% од сопственичкиот пакет во јануари 1999 и го зголеми на 52% во април 2003, додека со целосен сопственички пакет се здоби во јули 2003. Од тогаш Air Dolomiti е контролирана од страна на Луфтханза како член на Луфтханза Регионал, стратешка соработка помеѓу пет Европски регионални авиокомпании (Air Dolomiti, Augsburg Airways, Contact Air, Eurowings и Lufthansa CityLine). Авиокомпанијата има околу 552 вработени, и исто така си го има зачувано своето оригинално име, и покрај тоа што е дел од групацијата Луфтханза.
Одредишта
уредиФлота
уредиСите воздухоплови на Air Dolomiti се именувани по познати Италијански културни дејци.
- I-ADLL (c/n 518, "La Rondine di Giacomo Puccini")
- I-ADLP (c/n 604, "Falstaff di Giuseppe Verdi")
- I-ADLQ (c/n 606, "Elisir d’Amore di Gaetano Donizetti")
- I-ADLU (c/n 609, "Luisa Miller di Giuseppe Verdi")
- I-ADLV (c/n 610, "Don Carlo di Giuseppe Verdi")
- I-ADLZ (c/n 611, "Lucia di Lammermoor di Gaetano Donizetti")
- I-ADLJ (c/n 686, "Il Trovatore di Giuseppe Verdi")
- I-ADLK (c/n 706, "Il Barbiere di Siviglia di Gioachino Rossini")
- I-ADLM (c/n 543, "Tosca di Giacomo Puccini")
- I-ADLN (c/n 557, "Turandot di Giacomo Puccini")
- I-ADLO (c/n 585, "La Boheme di Giacomo Puccini)
- I-ADLS (c/n 634, "Ernani di Giuseppe Verdi")
- I-ADLT (c/n 638, "Otello di Giuseppe Verdi")
- I-ADLW (c/n 707, "La Gazza Ladra di Gioachino Rossini")
- I-ADJF (c/n E3193, "Aida di Giuseppe Verdi")
- I-ADJG (c/n E3169, "Nabucco di Giuseppe Verdi")
- I-ADJH (c/n E3129, "Madame Butterfly di Giacomo Puccini")
- I-ADJI (c/n E3149, "Rigoletto di Giuseppe Verdi")
- I-ADJJ (c/n E3155, "La Traviata di Giuseppe Verdi")
Аirbus A319
уредиНа 11 Сепетември, 2008, Луфтханза објави дека Air Dolomiti ќе започне сервис од аеродромот Милано Малпенза со 6 Airbus A319 авиони.
Ембраер 195
уредиЛуфтхнза пласираше нарачка на 6 авиони, кои ќе бидат оперирани од страна на Air Dolomiti, кои се очекуваат да влезат во сервис во 2009. Тие ќе сообраќаат од Милано Малпенза, со што ќе ја надополнат "дупката" што ја остави Алиталија по нејзиниот економски крах.
Несреќи и инциденти
уреди- На 7 ноември 1999, Air Dolomiti лет 2708, Фокер 100, изнајмен од Alpi Eagles, кој сообраќаше на линија од Венеција до Барселона, слета со блокирано предно тркало, без некоја значителна штета.
- На 24 август 2008, Air Dolomiti ATR 72, кој оперираше на линија Минхен - Болоња, го откажа полетувањето откога пилотот забележа чад во кабината.
„Air Dolomiti“ на Ризницата ? |