SunExpress (турски: Güneş Ekspres Havacılık A.Ş.) — авиокомпанија заснована во Анталија, Турција. Оперира на редовни и чартер одредишта низ Европа. Главна база на авиокомпанијата е аеродромот во Анталија.

SunExpress
SunExpress Logo.svg
IATA ICAO Ознака
XQ SXS SUNEXPRESS
Основан1989
Јазли
Поважни градови
Летала46 (август 2021)
Одредишта66
Матично претпријатиеTurkish Airlines
Луфтханза
СедиштеАнталија,  Турција
РаководствоMax Kownatzki, CEO
Ahmet Fevzi Çalışkan, Deputy CEO
Мрежо местоhttp://www.sunexpress.com

ИсторијаУреди

 
Боинг 737-800 на SunExpress во сервис
 
Авион на SunExpress во 2010 година

Авиокомпанијата беше основана во октомври 1989. Операциите ги започна во април 1990 со чартер летови помеѓу Анталија и Франкфурт. SunExpress беше основана со заеднички капитал на Луфтханза и Turkish Airlines. Во 1995, Луфтханза го продаде својот дел од акциита на Condor Airlines, за да ги раководи сите летови кон туристички места во една единствена авиокомпанија. Во февруари 2007 акциите на Condor беа повторно откупени од страна на Луфтханза. Авиокомпанијата пренесе околу 2.358.000 патници во 2007. Со 617 вработени, авиокомпанијата е најголемиот работодавец во Анталија. SunExpress оперира со флота од 14 авиони со просечна старост од 8.6 години и со капацитет на седишта од 2.796 седишта. SunExpress е единствената авиокомпанија во Турција која е ISO 9001, ISO 14001 и Ohsas 18001 сертифицирана. SunExpress придонесува кон развојот на туризмот во Анталија со активно членство во Организацијата за промоција на туризмот во Анталија и проектот: одредиште Измир.

ОдредиштаУреди

Одредишта од главната база: Анталија

Одредишта од Измир:

Одредишта од Истанбул (аеродром Сабина Гокчен):

Одредишта од Бурса:

Флота[1]Уреди

Авион Во употреба Нарачки Патници[2] Забелешки
Боинг 737-800 46 189
Боинг 737 MAКС-8 0 5 189
Вкупно 46 5
  1. „SunExpress Fleet Details and History“. www.planespotters.net. Посетено на 2021-08-22.
  2. flygermania.com/de-ch - Flotte und Technik Архивирано 13 февруари 2019 г.. retrieved 12 February 2019