Аеродром Загреб
Аеродромот во Загреб (IATA: ZAG, ICAO: LDZA), кој е исто така познат и како аеродром Плешо е главен меѓународен аеродром кој ја опслужува Хрватска, а исто така и една од главните бази на Хрватското воено воздухопловство. Croatia Airlines ја воспостави својата централа на аеродромот. Со зголемување на сообраќајот од 14%, експанзијата на аеродромот е неминовна и веќе е започната во почетокот на 2008 година.
Аеродром Фрањо Туѓман Загреб Zračna luka Franjo Tuđman Zagreb | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Податотека:Zagreb Airport blue logo.png | |||||||||||
Општо | |||||||||||
Тип | Public/Military | ||||||||||
Сопственик | Groupe ADP | ||||||||||
Оператор | MZLZ d.d. | ||||||||||
Опслужуван град | Загреб | ||||||||||
Местоположба | Velika Gorica, Croatia | ||||||||||
Јазол за | Croatia Airlines | ||||||||||
Фокусен град за | Ryanair | ||||||||||
Надморска височина | 353 ft / 108 м | ||||||||||
Координати | 45°44′35″N 016°04′08″E / 45.74306° СГШ; 16.06889° ИГД | ||||||||||
Мрежно место | zagreb-airport.hr | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Croatia" does not exist | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2023) | |||||||||||
|
Историја
уредиПрвото поле во Загреб кое беше користено за летање е изградено 1909 година и беше користено од Едуард Славољуб Пенкала за испробување на авионите што тој самиот ги конструирал. Во 1927 година, Чарлс Линдберг слетува близу Загреб, во месноста викана Боронгај, по преминувањето на Атлантикот. Аеродромот започна со цивилно воздухопловство на 15 февруари 1928 година. После втората светска војна, комерцијалното воздухопловство беше преместено во воздушна база близу селото Лучко, југозападно од Загреб, на 1 април 1947 година. Рекордот го достигна 1959 година со 167,000 патници годишно. На 20 април 1962 година, повторно аеродромот беше поместен, овој пат на местото каде и денес се наоѓа, а тоа е близу селото Плешо. Најпрвин беше отворен со 2,500 метри долга писта и 1.000 метри² голем терминал. Нов 5000 метри² голем терминал беше отворен во 1966 година, како и експанзија на паркингот на аеродромот. Во 1974 година, пистата беше надградена на сегашните 3,250 метри и терминалот проширен на сегашните 12,000 метри². Аеродромот својот рекорд во превезени патници го доби 1979 година со 1,91 милиони патници. Во 2004 година на аеродромот е инсталиран нов систем за слетување CAT IIIb. VIP терминалот беше завршен и е сместен југозападно од главниот терминал.
Експанзија и модернизација
уредиНов терминал е планиран да се изгради до 2011 година. Планот, кој веше направен уште во 1997 година има капацитет од 11 порти за авионите, терминална зграда од 47,000 метри², и капацитет од 3 милиони патници на годишно ниво. Но, во 2007 на планот беа направени некои измени, па така, капацитетот е зголемен на 3,3 милиони патници на годишно ниво. Сегашниот план беше дизајниран од Тед Најсмит, и во него е вклучено ресторани, продавници, банки како и хотел кој ќе биде поврзан со подземен тунел со хотелот. Изградбата се очекува да чини околу 212 милиони евра и изградбата да трае од 2008 до 2010 година. Сегашниот терминал се очекува да биде приспособен во терминал за ниско буџетни авиопревозници.
-
Одледување на авионот
-
Авион на Croatia Airlines и поглед кон контролната кула
-
United Airlines Боинг 777 на платформата на аеродромот
-
Авионот на Американскиот претседател Џорџ Буш на платформата на аеродромот
-
Поглед на платформата на аеродромот
Превозници и одредишта
уреди- Aeroflot - Москва Шереметјево
- Air France - Париз де Гол
- Austrian Airlines - Виена
- B&H Airlines - Сараево
- Croatia Airlines
- Домашни - Бол, Дубровниk, Осиек, Пула, Сплит, Задар
- Меѓународни - Амстердам, Брисел, Копенхаген, Диселдорф, Франкфурт, Гетеборг, Лондон Гетвик, Лондон Хитроу, Минхен, Париз де Гол, Подгорица, Приштина, Скопје, Рим Фјумичино, Сараево, Тел Авив, Виена, Цирих
- Czech Airlines - Прага
- Germanwings - Берлин Шенефелд, Келн/Бон, Дортмунд, Хамбург, Штутгарт
- Луфтханза - Минхен, Франкфурт
- Малев - Будимпешта
- SAS - Стокхолм
- TAP Portugal - Болоња, Лисабон
- Turkish Airlines - Истанбул Ататурк
- Wizz Air - Лондон Лутон
Товарни превозници
уредиЧартер летови
уреди- Dubrovnik Airline - Барселона, Билбао, Мадрид
- Japan Airlines - Токио
- Skyservice - Белфаст, Торонто
- Nouvelair - Монастир