Augsburg Airways e регионална авиокомпанија заснована во Аугсбург, Германија. Дел е од Lufthansa Regional групацијата и оперира на домашни и меѓународни одредишта под закрила на Луфтханза. Главна централа на авиокомпанијата е аеродромот во Минхен.

Augsburg Air
IATA ICAO Ознака
IQ AUB AUGSBURG-AIR
Основан1980
ЈазлиАеродром Минхен
Летала12
Седиште Минхен, Германија
Мрежо местоhttp://www.augsburgair.de/

Историја

уреди

Авиокомпанијата беше основана во 1980 година, и започна со операции во 1986 година. Најпрвин беше позната под името Interot Airways, со летови од Аугсбург до Диселдорф. Во 1993 година започна со летови кон Европските одредишта за одмор, и прва одредиште беше Фиренца. Соработката со Луфтханза започна во 1996 година, со што го промени првобитното име Interot Airways во Augsburg Airways. Од 1 јуни 2002 година стана официјална членка на Луфтханза групацијата.

Флота

уреди
 
Augsburg Airways Embraer 195

Флотата на Augsburg Airways се состои од следниве авиони:

  • 3 Bombardier Dash 8 Q300
  • 9 Bombardier Dash 8 Q400
  • 1 Embraer ERJ-195

Заклучно со август 2008, просечната старост на авионите е 8.1 година.

Надворешни врски

уреди