Аеродром Бремен
Аеродромот во Бремен, (германски: Flughafen Bremen), (IATA: BRE, ICAO: EDDW) го опслужува градот Бремен, Германија[1]. Во 2008 година, 2,4 милиони патници поминаа низ овој аеродром.
Аеродром Бремен Flughafen Bremen | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||||||
Оператор | Flughafen Bremen GmbH | ||||||||||||||
Опслужуван град | Бремен | ||||||||||||||
Местоположба | Бремен, Германија | ||||||||||||||
Надморска височина | 4 m / 14 ft | ||||||||||||||
Мрежно место | bremen-airport.com | ||||||||||||||
Карта | |||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Helipads | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Статистика (2017) | |||||||||||||||
|
Историја
уредиСообраќајот на аеродромот официјално започна во 1913 година кога сенатот на Бремен додели официјална дозвола на воздухопловната асоцијација за формирање на основа за летање. Во 1920 година, Холандската авиокомпанија KLM започна со летови кон Бремен преку Хамбург и Копенхаген. Во 1945 година, аеродромот беше преземен од страна на Американските трупи и повторно вратен во сопственост на градот во 1949 година. Во текот на 50-тите години, беа додадени и летови кон Њујорк и Рио Де Жанеиро. 1989 година беше годината кога аеродромот за првпат ја надмина бројката од еден милион патници. Внатре во аеродромот постои музеј поврзан со воздухопловството, во кој може да се погледнат некои ретки видови на авиони, како Junkers W 33.
Транспорт до аеродромот
уредиТрамвајот број 6 сообраќа секои 5 до 10 минути до центарот на Времен. Патешествието трае 11 минути и чини 130 денари. Автобуската компанија Bus2fly нуди автобуски превоз до Хамбург, времетраењето на патувањето изнесуца 2 часа и чини 670 денари во еден правец.
Авиокомпании и одредишта
уреди- Air France оперирано од HOP! (Париз Де Гол)
- Air Via (Бургас, Варна)
- KLM оперирано од KLM Cityhopper (Амстердам)
- Луфтханза (Франкфурт, Минхен, Штутгарт)
- Lufthansa Regional оперирано од Eurowings (Франкфурт)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa Cityline (Минхен)
- Ostfriesische Lufttransport (Бристол, Брисел, Копенхаген, Херингсдорф, Нирнберг, Тулуза, Цирих)
- Ryanair (Алгеро, Аликанте, Единбург, Фаро, Гдањск, Жирона, Хаугесунд, Каунас, Лондон Станстед, Малага, Манчестер, Милано Бергамо, Осло, Палма де Мајорка, Рига, Стокхолм Скавста, Тампере, Тенерифе Југ, Трапани, Тревизо)
- Sky Airlines (Анталија)
- SunExpress (Анталија)
- TUIfly (Анталија, Фуертевентура, Ираклион, Кос, Лас Палмас, Палма де Мајорка, Родос, Тенерифе Југ)
Наводи
уреди- ↑ „EAD Basic“. Ead.eurocontrol.int.