Аеродром Палма де Мајорка

Аеродромот на Палма де Мајорка (IATA: PMI, ICAO: LEPA), (Шпански: Aeropuerto de Palma de Mallorca) — аеродром сместен некои 8 километри источно од центарот на Палма де Мајорка. Претходно аеродромот беше познат под името Aeropuerto de Son Sant Joan, е трет најголем аеродром во Шпанија, по Мадридскиот Барахас аеродром и аеродромот во Барселона, Ел Прат. За време на летото е еден од најзафатените аеродроми во Европа. Аеродромот е поставен на територија од околу 6.3 км². Поради големиот развој на аеродромот, додадена е нова инфраструктура на постоечките два терминала, А и Б. Главниот терминал беше дизајниран од локалниот архитект Pere Nicolau Bonet, и беше отворен на 12 април 1997 година. Терминалот А се користи најмногу за домашен сообраќај додека останатит три терминали (Б, Ц, Д) се користат за меѓународен сообраќај. Аеродромот обработува околу 25 милиони патници на годишно ниво. со капацитет од околу 12000 патници за еден час. Во идните планови е впишано и план за обработка на 32 милиони патници до 2010 и 38 милиони патници до 2015 година.

Аеродром Палма де Мајорка
Aeropuerto de Palma de Mallorca
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
06L/24R 10,728 3,270 Асфалт
06R/24L 9,842 3,000 Асфалт
06C/24C 8,202 2,500 Асфалт

Статистика

уреди

И покрај намалувањето на авиосообраќајот по терористичките напади од 11 септември 2001 година, аеродромот сепак бележи постојан раст во бројот на патници

Патници Операции
1999 19.127.773 168.533
2000 19.424.243 176.997
2001 19.206.964 169.603
2002 17.832.558 160.329
2003 19.185.919 168.988
2004 20.416.083 177.859
2005 21.240.736 182.028
2006 22.408.427 190.304
2007 23.227.983 197.354
Извор: Aena Statistics [1] Архивирано на 3 март 2016 г.

Авиокомпании и одредишта

уреди
 
Airbus A320 на авиокомпанијата Vueling
  • Aer Lingus (Даблин)
  • Air Europa (Аликанте, Барселона, Билбао, Гранада, Лисабон, Мадрид, Малага, Маракеш, Париз Орли, Сантјаго де Компостела, Севиља, Валенсија, Ваљадолид)
  • Austrian Airlines (Грац, Виена)
  • bmibaby (Бирмингем, Кардиф, Источен Мидлендс, Манчестер)
  • British Airways (Лондон Гетвик)
  • Brussels Airlines (Брисел)
 
Авион на Air Nostrum на аеродромот Палма де Мајорка

Терминалот А, дел од оригиналниот аеродром, моментално е користен во најголем дел од Британските нискобуџетни компании