Аеродром Катанија
Аеродромо Катанија - Фонтанароса (италијански: Aeroporto di Catania-Fontanarossa) или Аеродром „Винченцо Белини“ (IATA: CTA, ICAO: LICC) — сместен 5 километри јужно од Катанија, град кој е втор по големина на територијата на Сицилија. Аеродромот е најпрометен во Сицилија како и шести најпрометен аеродром во Италија со 6.400.127 патници во 2013 година.[2] Со цел да се задоволи зголемениот проток на патници, нов терминал беше изграден кој опфаќа 20 порти како и 6 мостови за влаз во воздухопловите.
Аеродром Катанија Aeroporto di Catania-Fontanarossa | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Податотека:Aeroporto di Catania - Catania Airport.JPG | |||||||||||||
Општо | |||||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||||
Оператор | SAC | ||||||||||||
Местоположба | Catania | ||||||||||||
Фокусен град за | |||||||||||||
Надморска височина | 39 ft / 12 m | ||||||||||||
Координати | 37°28′00″N 15°03′50″E / 37.46667° СГШ; 15.06389° ИГД | ||||||||||||
Мрежно место | aeroporto.catania.it | ||||||||||||
Карта | |||||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Italy Sicily" does not exist | |||||||||||||
Писти | |||||||||||||
| |||||||||||||
Статистика (2022) | |||||||||||||
| |||||||||||||
Историја
уредиАеродромот Катанија има интересна историја која датира од 1924 година, кога беше првиот аеродром во регионот на Катанија. Но, кон крајот на 1940 година се увиде дека аеродромот станува премногу прометен, па така се реши да се изгради нов, поголем аеродром, кој започна со работа во 1950 година. По околу 20 години на подем и зголемен проток на патници, во 1981 година аеродромот повторно беше реконструиран, како и во 2007 година кога беше изградена нова терминална зграда.
Паркинг
уредиАеродромот нуди 1022 паркинг места, од кои 20 паркинг места се резервирани за инвалидизирани лица, краткотраен паркинг може да се најде кај влезовите Т4 и Т5.
Сообраќај
уредиАеродромот е сместен во близина на автопатот А19, кој ја поврзува Катанија со Палермо и централна Сицилија, како и автопатот Е45, кој ја поврзува Катанија со Сиракуза. Исто така постои и автобус кој нуди превоз до центарот на Катанија и до централната железничка станица во Катанија.
Превозници и одредишта
уреди- Air Italy (Наполи)
- Air Malta (Казабланка, Женева, Лондон Гетвик, Малта, Минхен)
- Alitalia (Милано Линате, Милано Малпенза, Рим Фјумичино)
- Alitalia Express (Милано Линате)
- BluExpress (Рим Фјумичино, Ница)
- British Airways (Лондон Гетвик)
- Brussels Airlines (Брисел)
- easyJet (Милано Малпенза)
- Finnair
- Helvetic Airways (Цирих)
- Jetairfly
- Lufthansa (Минхен)
- Македонски Авиотранспорт (Скопје) Сезонски
- Meridiana(Болоња, Фиренца, Милано Линате, Олбија, Париз де Гол, Торино, Верона)
- MyAir (Болоња, Букурешт Банеаса, Милано Малпенза, Милано Орио Ал Серио, Венеција)
- Thomsonfly (Лондон Гетвик, Манчестер)
- transavia.com (Амстердам, Париз Орли)
- TUIfly (Келн/Бон,Диселдорф, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Минхен, Штутгарт)
- XL Airways France (Париз де Гол)
Наводи
уреди- ↑ „EAD Basic - Error Page“. ead.eurocontrol.int. Посетено на 27 December 2018.
- ↑ 2,0 2,1 „Statistiche - Assaeroporti“ (PDF). assaeroporti.com. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Assaeroporti“ е зададен повеќепати со различна содржина.