Аеродром Приштина
Меѓународниот аеродром во Приштина (IATA: PRN, ICAO: BKPR / LYPR) (албански: Aeroporti Ndërkombëtar i Prishtinës; српски: Међународни аеродром Приштина), е меѓународен аеродром сместен 16 километри од центарот на Приштина, Косово. Аеродромот е под раководство на владата на Косово, по предавањето на контролата од страна на УНМИК, и е главна порта за влез во Косово[2].
Аеродром Приштина Aeroporti Ndërkombëtar i Prishtinës Adem Jashari | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Податотека:AirportiPrishtines.svg | |||||||||||
Општо | |||||||||||
Тип | Јавен/воен | ||||||||||
Оператор | Limak Kosovo International Airport J.S.C.[1] | ||||||||||
Опслужуван град | Приштина | ||||||||||
Местоположба | Lipjan, Kosovo | ||||||||||
Отворен |
| ||||||||||
Надморска височина | 545 m / 1.789 ft | ||||||||||
Координати | 42°34′22″N 021°02′09″E / 42.57278° СГШ; 21.03583° ИГД | ||||||||||
Мрежно место | Матична страница | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2023) | |||||||||||
| |||||||||||
|
Историја
уредиАеродромот во Приштина беше официјално отворен во 1965 година, со една и едиствена цел, летови од и до Белград. Во текот на 90-тите години, аеродромот започна да оперира на меѓународни одредишта, главно до Швајцарија и Германија. По завршувањето на косовската војна, од 12 јуни 1999 до 26 јуни 1999 година имаше мала напнатост помеѓу НАТО и Руските воени сили коишто во тие моменти го имаа заземано аеродромот. По потпишувањето на договорот со којшто Руските воени сили ќе останат дел од мировните сили во Косово, аеродромот беше реактивиран како воен аеродром на 15 октомври 1999 година, а потоа и како цивилен аеродром со оперирање на неколку одредишта ширум Европа.
Награди
уредиВо Јуни 2006 година, аеродромот ја доби наградата за најдобар аеродром за 2006 година во категориите: развој на аеродромот, операции, аеродромски објекти, безбедност и однос кон патниците од страна на Меѓународниот совет за аеродроми.
Авиокомпании и одредишта
уредиСледните авиокомпании оперираат од аеродром заклучно со јули 2008:
- Adria Airways (Љубљана)
- Austrian Airlines (Виена)
- British Airways (Лондон Гетвик)
- Croatia Airlines (Загреб)
- Germanwings (Келн/Бон, Хамбург, Штутгарт)
- Germania (Берлин Тегел, Диселдорф, Штутгарт)
- Meridiana (Верона)
- Norwegian Air Shuttle (Осло)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
Charter Airlines
уреди- Air Italy (Верона)
- Atlasjet (Анталија, Истанбул Ататурк)
- Aurora Airlines (Диселдорф, Минхен, Хановер, Келн/Бон, Штутгарт, Марибор, Виена, Венеција)
- Edelweiss Air (Женева, Цирих)
- Hello (Женева, Цирих, Базел)
- Jettime (Гетеборг)
- SunExpress (Анталија)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
Наводи
уреди- ↑ „PPP Public Procurement Number PPP-09-001-611“ (PDF). Partneritetet Kosova. 12 August 2010. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-18. Посетено на 9 April 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Civil Aviation Authority of the Republic of Kosovo“ (PDF). Caa-ks.org. Посетено на 20 April 2018. [мртва врска])
- ↑ „EAD Eurocontrol“. Архивирано од изворникот на 25 February 2009.