Ага
Ага (турски: ağa – водач, владател) — назив кој во Османлиското Царство се користел за заповедник во турската платеничка војска[1] или земјопоседник, имотен граѓанин, господар.[1] Подоцна, особено во XIX век, „ага“ станал назив за угледни господа[1] кои главно биле школувани или пак заземале важни бирократски места. Така, како и бег, оваа титула попримила смисла на „господин“. Во Османлиското Царство овој израз се употребувал за командирите на различни гранки од војната служба. Заповедникот на јаничарите бил познат како ага на јаничарите. Заповедниците на турската платена војска секогаш имале додаток, на пример: азап-ага, бешли-ага итн. Исто така, се додава и како титула зад личното име, на пример: Ахмет-ага, Смаил-ага, Таир-ага. Најпосле, Ага е често семејно име во Пакистан и во Авганистан.
Шах : Цар | |
Голем крал | |
Крал : Султан, Султана, Падишах | |
Кралски Принц : Шехзада (Шехзаде), Мирза | |
Благороднички принц: Шахибзаде | |
Благородништво: Наваб, Баиг, Бегзада | |
Кралско семејство: Дамат | |
Владини: Лала , Ага, Хазинедар |
Агата како тема во народното творештво
уреди- „Иво Сенковиќ и агата од Рибник“ (српски: Иво Сенковић и ага од Рибника) - српска народна епска (јуначка) песна.[2]
- „Марко Крале и Алил-ага“ (српски: Марко Краљевиһ и Алил-ага) - српска епска (јуначка) песна.[3]
- „Џемаил ага и Иванчо војвода“ - македонска народна песна.[4]
- „Селим ага и Ѓорѓија Лажот“ - македонска народна песна.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ага“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Иво Сенковић и ага од Рибника“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 331-341.
- ↑ Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 175-179.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 90-91.
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 126.