1. ФК Кајзерслаутерн

германски фудбалски клуб

1. ФК Кајзерслаутерн (германски изговор: [ʔɛf t͡seː kaɪ̯zɐsˈlaʊ̯tɐn]), познат и само како Кајзерслаутерн или само ФКК, е германски фудбалски клуб од градот Кајзерслаутерн во западно-германската покраина Рајнска област-Пфалц. Клубот во моментов се натпреварува во 3. Лига, третото ниво на германскиот фудбал.

1. ФК Кајзерслаутерн
Club crest
Целосно име1. Фудбал клуб Кајзерслаутерн е. В.
ПрекарDie roten Teufel (Црвените ѓаволи)
Основан2 јуни 1900; пред 124 години (1900-06-02)
ЛокацијаКајзерслаутерн, Германија
СтадионСтадион Фриц Валтер
Капацитет49,780
МенаџерМихаел Фронтцек
Лига3. Лига
2017–1818-ти, Fall испаѓање
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клубот е основан на 2 јуни 1990, со спојување на клубовите Германија 1896 и ФГ Кајзерслаутерн, а денешното име го добил во 1933 година. Како еден од основачите на Бундеслигата, Кајзерслаутерн играл непрекинато од 1963 до 1996 година во највисоката дивизија на германскиот фудбал. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998), двапати освојувач на Купот на Германија (1989-1990, 1995-1996), и еднаш победник на Суперкупот на Германија. Историски гледано, Кајзерслаутерн е меѓу најуспешните фудбалски клубови во Германија, и моментално се наоѓа на десеттото место на Вечната табела на Бундеслигата. Исто така, иако нема ниту една титула во својата историја, клубот успешно се претставувал и во европските натпреварувања каде стигнал до четвртфиналето во Лигата на шампионите во 1999 како и на двапати до полуфиналето во Купот на УЕФА. Во сезоната 1997–1998, кога Кајзерслаутерн ја освоил својата последна првенствена шампионска титула клубот тоа го направил како ново промовирана екипа која влегла во првенството од понизок ранг на натпреварување, со што е единствениот клуб во германскиот фудбал кој го сторил ова. По шест години во второто ниво, во 2018 тие испаднале во 3. Лига за првпат во својата историја.

Од 1920 година, својте домашни натпревари Кајзерслаутерн ги игра на стадионот Фриц Валтер, именуван по капитенот на репрезентацијата на Западна Германија кој ја освоил светската титула во 1954. Боите на клубот се црвената и белата.

Историја

уреди

Титули

уреди
1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998
Второ место (4) : 1948, 1954, 1955, 1994
1989–1990, 1995–1996
Финалист (5) : 1961, 1972, 1976, 1981, 2003
1991
1996–1997, 2009–2010

Поранешни играчи

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди