Парагвај

(Пренасочено од Paragvaj)
За други значења на поимот „Парагвај“ видете ја страницата за појаснување.

Парагвај (шпански: Paraguay, гварански: Paraguái), или официјално Република Парагвај (República del Paraguay,Tetã Paraguái), е независна држава во Јужна Америка без излез на море. Парагвај се граничи со Аргентина на југ и југозапад, со Бразил на исток и североисток и со Боливија на северозапад. Парагвај се наоѓа на бреговите на реката Парагвај, со своите притоки, и таа поминува низ земјата при што ја дели на два дела. Поради својата централна местоположба во Јужна Америка, Парагвај често се нарекубва „Срцето на Америка“ (Corazón de América).[7]

Република Парагвај
Знаме Печат [1]
ГеслоPaz y justicia  (шпански)
"Мир и правда"
ХимнаParaguayos, República o Muerte  (шпански)
"Парагвајци, република или смрт"

Местоположба на Парагвај
Главен град
(и најголем)
Асунсион
25°16′S 57°40′W / 25.267° ЈГШ; 57.667° ЗГД / -25.267; -57.667
Службен јазик шпански
гварански[2][3]
Народности (2000) местици (мешани) ~80%
белци ~20%
староседелци 1-3%
Азијци 1-4%
црнци 1%
други 1-2.5%
Демоним Парагваец
Уредување унитарна претседателска уставна република
 •  Претседател Федерико Франко
 •  Потпретседател Оскар Денис
Законодавство Конгрес
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Комора на пратеници
Независност од Шпанија 
 •  Објавена 14 мај 1811 
 •  Призната 15 мај 1811 
Површина
 •  Вкупна 406.752 км2 (60-та)
 •  Вода (%) 2.3
Население
 •  проценка за 2009 г. 6,454,548 [4] (103-та)
 •  Густина 14.2 жит/км2 (204-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011 г.
 •  Вкупен $35.346 милијарди[5] 
 •  По жител $5,412[5] 
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 •  Вкупно $21.236 billion[5] 
 •  По жител $3,252[5] 
Џиниев коеф. (2008)50.8
висок
ИЧР (2013) 0.676[6]
среден · 111та
Валута Гварани (PYG)
Часовен појас (UTC-4)
 •  (ЛСВ)  (UTC-3)
Се вози на десно
НДД .py
Повик. бр. 595

Гвараните живееле на територијата на Парагвај долго време пред доаѓањето на Европејците во 16 век. Во 16 век територијата која денес е Парагвај била во склоп на Шпанската колонијална империја. Парагвај се стекнал со независност од Шпанија во 1811 година и државата била управувана од неколку диктатори кои имале изолирачки и заштитнички политики. Ваквата состојна кулминирала за време на Парагвајската војна кога државата изгубила 60 до 70% од вкупното население и голем дел од територијата. Во поголем дел од 20 век Парагвај бил под владеење на Алфредо Стреснер, чие владеење претставува едно од најдолгите воени диктаторства во Јужна Америка.

Парагвај има население од 6.3 милиони жители според проценките од 2009 година. Главен град на државата е Асунсион, кој е и најголем град во Парагвај. Службени јазици во Парагвај се шпанскиот и гаваранскиот. Двата јазика се зборувани од над 90% од населението.

Иако сè уште се смета за еден од најсиромашните и најслабо развиените држави, во 2010 година економијата на Парагвај забележала пораст од 14.5%, што е најголема економска експанзија во Јужна Америка и трета најбрзо растечка економија во светот, зад Катар и Сингапур.[8] Според податоците за 2011 година, екомонскиот развој на земјата бил 6.4%.[9]

Потекло на поимот

уреди

Името на државата е според реката Парагвај која тече низ средината на земјата, од север кон југ. Има најмалку четири теории за потеклото на името на земјата.

Историја

уреди
 
Франсиско Солано Лопес

Периодот пред колонизацијата, населението било полуномадско со богата плодна земја и богати шуми. Европејците за првпат дошле во тој регион во раниот 16 век, и Асунсион бил основан на 15 август 1537 година од шпанскиот истражувач Хуан де Салазар и Еспиноза. Градот станал центар на колонијалната покраина и центар на језуитските мисии во Јужна Америка во XVIII век. Парагвај прогласил независност откако ја отфрлил шпанската власт на 14 мај 1811.

Историјата на Парагвај е окарактеризирана со долги периоди на комунистички влади, политичка нестабилност и војни со околните држави.

Парагвај се борел во „Војната на Трите Алијанси“ против Бразил, Аргентина и Уругвај и бил поразен во 1870 по петгодишна крвава војна во Јужна Америка. Парагвај изгубил огромен број на население. Историчарот Вилијам Д. Рубинстајн проценил дека пред почетокот на војната, населението броело помеѓу 450 и 900 илјади луѓе, од кој преживеале само 220 илјади, меѓу кои било само 28 илјади возрасни мажи.[10] Покрај загубата на население, Парагвај загубил и голем дел на својата територија.

 
Битката кај Тујути, мај 1866 година

Група на парагвајски дисиденти, сместени во Буенос Аирес, го окарактеризирала Франциско Лопес како лудиот тиранин и се бореле на страната на Тројниот сојуз. Оваа група во 1869 година, под бразилско покровителство, воспоставила привремена влада и наредната година потпишала мировен договор, со кој на Парагвај му се гарантирала независност и слободна пловидба на реките. Истата година бил донесен и нов устав.

Уништен од војната, Парагвај бил на работ на распад во 1870 година. После војната парагвајското население воглавно селско, продолжило да живее како што живееле и векови наназад. Окупацијата на Парагвај траеала до 1876 година. Без обзир што веќе биле повлечени трупите на Бразил и Аргентина, тие сѐ уште имале големо влијание во Парагвај поддржавајќи две спротивставените политички опции, колорадоси и либерали. Народен републикански сојуз – партија колорадо, владеела со Парагвај од крајот на осамдесетите години на 19-от век до 1904 година кога на власт биле сменети од страна на либералите. Либералите биле под аргентинско влијание па од нивното доаѓање на власт, влијанието на Бразил на политичката сцена на Парагвај било намелено. Парагвај претрпел загуба на територија на сметка на Бразил и Аргентина. Војната за Чако се водела со Боливија во 1930-те и Боливија била поразена. Парагвај повторно прогласил независност во регионот Чако и се здобил со територијално проширување.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Парагвај

Парагвај е поделен со реката Парагвај во источниот дел од земјата, официјално наречен „Источен Парагвај“ или познат како Паранења и западниот регион, официјално наречен „Западен Парагвај“ или познат како Чако.

Југоисточната граница е формирана од реката Парана. Моментално е најголем центар за енергија во светот, создавајќи електрична енергија за цел Парагвај. Бидејќи пола од изворот на енергија е во сопственост на Парагвај и пола на Бразил, Парагвај има право да користи пола од капацитетот. Климата во Парагвај е тропска со врнежи во шумскиот дел.

Политички систем

уреди
 
Асунсион, главниот град.

Парагвај е претставничка демократска република, каде претседателот е на чело на државата и на владата и е повеќепартиски систем. Извршната власт е во рацете на владата. Законодавната власт е поделена на влада и на два оддела од Националниот Конгрес. Судската власт е независна.

Административна поделба

уреди

Парагвај е поделен на седумнаесет департменти и еден главен округ. Подолу следат департментите во Парагвај:

  1. Алто Парагвај
  2. Алто Парана
  3. Амамбај
  4. Бокерон
  5. Гваира
  6. Дистрито Капитал
  7. Итапуа
  8. Кагвазу
  9. Казапа
  10. Каниндеју
  11. Консепсион
  12. Кордиљера
  13. Мисионес
  14. Њембуку
  15. Парагвари
  16. Пресиденте Ајес
  17. Сан Педро
  18. Централен

Департментите се поделени на 129 окрузи.

Стопанство

уреди

Парагвај е земја во развој со индекс за развој од 0.755/ Таа е рангирана како втора најсиромашна земја во Јужна Америка со БНП по глава на жител од 4.000 американски долари. Околу 2.1 милион или 35% од неговото население е сиромашно и околу 1 милион луѓе, или околу 15.9% од населението се невразботени. Како и да е, Асунсион е рангиран како најевтин град во кој се живее.

Демографија

уреди

Население

уреди
 
Гваранско девојче.

Според ЦИА, Парагвај има население од околу 6.669.086 жители. 95% од населението на Парагвај се од мешан карактер, односно мешани луѓе од староседелци со Европејци и 5% од населението се останати. Јазикот гварани го разбираат околу 90% од населението а додека шпанскиот го разбираат околу 75% од населението. Овие два јазика се официјални во Парагвај. Покрај овие, во Парагвај живее и население од европско потекло, европски доселеници и население од околните држави. Најголемо малцинство во Парагвај се бразилците а покрај нив има и околу 63.000 жители од африканско потекло, или 1% од населението.

Околу 56 % од населението на Парагвај живее во урбаните средини. Поголемиот дел живее во Источен Парагвај, околу главниот град.

Социјални проблеми

уреди

Парагвај е сиромашна земја и со социјална нееднаквост. Според различни статистички податоци, помеѓу 30% до 50 % од населението е сиромашно. Во руралните области 41.20% од луѓето примаат недоволни финансиски средства за да ги покријат основните потреби, а додека во урбаните таа бројка се движи околу 27.6%. Околу 10% од населението поседуваат околу 43.8% од националниот приход, а најсиромашните околу 0.5%. 10% од населението контролира 66% од земјата, додека 30% од руралното население е без земја. Оваа нееднаквост создава големи тензии во рамките на земјата.

Јазик

уреди

Јазикот гварани го разбира околу 90% од населението а додека шпанскиот го разбираат околу 75% од населението. Овие два јазика се официјални во Парагвај.

Религија

уреди

Според пописот од 2002, 89.9% од населението на Парагвај се католици, 6.2 % се евангелисти, 1.1 % останати христијани, 0.6% се со локални религии и 0.3% се други нехристијани.

Наводи

уреди
  1. Заднатата страна на официалниот печат на Парагвај:
     

  2. „Paraguay – Constitution, Article 140 About Languages“. International Constitutional Law Project. Посетено на 2007-12-03. Наводот journal бара |journal= (help) (see translator's note)
  3. „8 LIZCANO“ (PDF). Convergencia.uaemex.mx. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-02-24. Посетено на 2012-10-05.
  4. Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). „World Population Prospects, Table A.1“ (PDF). 2008 revision. United Nations. Посетено на 2009-03-12. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Paraguay“. International Monetary Fund. Посетено на 2012-04-20.
  6. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  7. „Paraguay, corazón de América (1961)“. IMDb.com. Посетено на 2012-10-05.
  8. CIA <<GDP - Real Growth Rate Архивирано на 25 октомври 2012 г.>> Accessed on 19 September 2011.
  9. „Paraguay“. State.gov. 2012-03-15. Посетено на 2012-10-05.
  10. Rubinstein 2004, стр. 94.

Дополнителни информации

уреди
  • Abdou, Selim The Jesuit Republic of the Guaranis 1609-1768, 1997
  • Aren, Richard Genocide in Paraguay, 1976
  • Attenborough, David Zoo Quest in Paraguay, 1950
  • Barret, William E. Woman on Horseback: the Biography of Francisco Lopez and Eliza Lynch, 1938
  • Brodksy, Alvin Madame Lynch and Friend, 2075
  • Carver, Robert Paradise With Serpents: Travels in the Lost World of Paraguay, 2007
  • Cunnighame-Graham, Robert Bontine A Vanished Arcadia: Being Some Account of the Jesuits in Paraguay, 1607 to 1767
  • Durrell, Gerald The Drunken Forest, 1956
  • Gimlette, John At the Tomb of the Inflatable Pig: Travels Through Paraguay, 2003
  • Kerr, John A Naturalist in the Chaco, 1950
  • Lewis, Paul Paraguay Under Stoessner, 1980
  • Macintyre, Ben Forgotten Fatherland: The Search for Elizabeth Nietzsche, 1993
  • Meyer, Gordon The River and the People, 1965
  • Rees, Sián The Shadow of Elisa Lynch, 2003
  • Souter, Gavin A Peculiar People: the Australians in Paraguay, 1968
  • Whitehead, Anne Paradise Mislaid: In Search of the Australian Tribe of Paraguay, 1997

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Општи информации
Медиум
Патување