Мисионес (департман)

Мисионес е департман во Парагвај. Департманот се наоѓа во јужниот дел на земјата и главен град на истиот е Сан Хуан Баутиста. Департманот бил создаден во 1906 година и порано бил познат како Сан Игнасио. Сегашното име го добил во 1945 година. Името е во чест на Језуитските мисионери во Парагвај.

Мисионес
Departamento de Misiones
департман
Знаме на МисионесГрб на Мисионес
Местоположба на Мисионес во Парагвај.
Местоположба на Мисионес во Парагвај.
Координати: 26°38′S 57°10′W / 26.633° ЈГШ; 57.167° ЗГД / -26.633; -57.167
Држава Парагвај
РегионИсточен Парагвај
Основан1906
Гл. градСан Хуан Баутиста
Најголем градСан Игнасио
Управа
 • ГувернерАртуро Мартинес
Површина
 • Вкупна9.556 км2 (3,690 ми2)
Ранг12
Население (2007)[1]
 • Вкупно113.644
 • Ранг14
 • Густина12/км2 (31/ми2)
Час. појасAST (UTC-04)
 • Лето (ЛСВ)ADT (UTC-03)
ISO 3166PY-8
Окрузи10
Мреж. местоwww.misiones.gov.py

Географија

уреди

Мисионес се наоѓа во јужниот дел на државата, на граничниот појас со Аргентина. Департманот е релативно низински и низ него поминуваат поголем број реки. На север департманот се граничи со Парагвари и Казапа, на исток со Итапуа, на запад со Њембуку и на југ со Аргентина.

Окрузи

уреди

Департманот е поделен на 10 окрузи:

окрузи површина (км2) население (2002)
Ајолас 1060 15.219
Сан Игнасио 2020 24.003
Сан Хуан Баутиста 2300 16.563
Сан Мигел 540 5.253
Сан Патрисио 190 3.570
Санта Марија 520 7.385
Санта Роса 1010 17.612
Сантјаго 740 6.753
Вила Флорида 196 2.576
Јабебири 984 2.854

Наводи

уреди
  • Geografía del Paraguay - Editorial Hispana Paraguay S.R.L.- 1a. Edición 1999 - Asunción Paraguay
  • Geografía Ilustrada del Paraguay - ISBN 99925-68-04-6 - Distribuidora Arami S.R.L.
  • La Magia de nuestra tierra. Fundación en Alianza. Asunción. 2007.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди