Франсиско Солано Лопес

претседател на Парагвај

Франсиско Солано Лопес Карилјо (шпански: Francisco Solano López Carrillo, 24 јули 1827 – 1 март 1870) — парагвајски политичар, воено лице, и втор претседател на Парагвај од 1862 до 1870 година. Тој бил најстар син на Карлос Антонио Лопес. Франсиско Лопес се смета за виновник на Војната на Тројната алијанса, во која и тој самиот загинал.

Франсиско Солано Лопес
Francisco Solano López
Франсиско Лопес на возраст од 38 години, во 1864 година.
Втор претседател на Парагвај
На должноста
10 септември 1862 – 1 март 1870
Потпретседател Доминго Франсиско Санчес
Претходник Карлос Антонио Лопес
Наследник Сирило Антонио Риварола
Лични податоци
Роден(а) 24 јули 1827
Асунсион, Парагвај
Починал(а) март 1, 1870(1870-03-01) (возр. 42)
Серо Кора, Парагвај
Партија нема
Сопружник Елиза Линч
Деца Хуан Франсиско
Корина Аделаида
Енрике Венансио
Федерико Морган Лојд
Карлос Хонорио
Леополдо
Вероисповед Католик
Потпис Потпис на Лопес.

Животопис

уреди

Солано Лопес е роден во Асунсион. Тој бил назначен за генерал на парагвајската војска на негова 18 годишна возраст во 1844 од страна на неговиот татко. Во тој период завладеала нетрпеливост меѓу Аргентина и Парагвај.[1] Во 1853 година бил испратен во Европа каде престојувал околу година и половина. Лопес обезбедил големи количини оружје и воена опрема, како и неколку пароброда и организирал проект за изградба на железничка линија и основање на француска колонија на територијата на Парагвај. Тоа се должело на неговата заслепеност со империјата и личноста на Наполеон Бонапарт.[2] Така, тој ја опремил парагвајската војска со иста униформа како наполеоновата. За себе нарачал реплика од наполеоновата круна.[3] Во Европа ја сретнал куртизаната Елиза Линч и ја донел со него во Парагвај. Таа била негова љубовница и де факто прва дама до неговата смрт.

Кога се вратил во Парагвај во 1855 година станал министер за војна. Солано Лопес бил назначен за потпретседател од неговиот татко.[4][5] Во ноември 1859 година, Лопес на воениот пароброд Такуари, кој бил нападнат од британската кралска морнарица сè со цел да се притисне неговиот татко да ослободи еден британски затвореник. Наредбата за нападот била дадена од Вилијам Торнтон, британско воено лице кое лично ја поддржал Аргентина за време на Парагвајската војна, или позната како Војна на Тројната алијанса.[6] По смртта на неговиот татко во 1862 година, тој свикал конгрес на кој тој бил избран за претседател, функција која ја извршувал 10 години.[2]

Наводи

уреди
  1. Hanratty, Dannin M. and Meditz, Sandra W., editors. Paraguay: A Country Study. Washington: GPO for the Library of Congress, 1988.
  2. 2,0 2,1 Hanratty
  3. Shaw, Karl (2005) [2004]. Šílenství mocných (чешки). Praha: Metafora. стр. 29–30. ISBN 80-7359-002-6.
  4. „Historical list“. ABC Digital. Архивирано од изворникот на 2012-02-29. Посетено на 2012-11-09.
  5. „Gallery“. Vicepresidency of Paraguay.
  6. TRATADO DE LAS PUNTAS DEL ROSARIO (Guerra del Paraguay)(шпански)
  •   Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  • Stupid Wars by Ed Strosser and Michael Prince

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Претходник
Маријано Гонсалес
Потпретседател на Парагвај
1854–1862
Наследник
Доминиго Франсиско Санчес
Претходник
Карлос Антонио Лопес
Претседател на Парагвај
1862–1870
Наследник
Сирило Антонио Риварола