Црногорски национализам

Црногорски национализамнационализам кој тврди дека Црногорците се нација и го промовира културното единство на Црногорците.[1]

Знамето на Црна Гора.

Од почетокот на 18 век, населението на Црна Гора било растргнато помеѓу варијанти на црногорски и српскиот национализам.[2] Наспроти српскиот национализам, кој го нагласуваl етничкиот српски карактер на Црногорците, црногорскиот национализам го нагласува правото на Црногорците да се дефинираат како посебен народ, а не само како огранок на Србите.[3]

Црногорски патриотски собир.

Црногорскиот национализам станал главно политичко прашање во Првата светска војна кога се појавил раскол меѓу црногорските племиња поради плановите за спојување на Црна Гора со Кралството Србија, меѓу Зелените (племиња) кои биле за независност, меѓу кои бил и кралот на Црна Гора, наспроти Белите кои биле за обединување.[4] Црногорската етничка припадност била признаена од комунистичката влада на Југославија во 1960-тите, иако претходно била изјаснувана.[5]

За време на распадот на Југославија во раните 1990-ти, црногорскиот претседател Момир Булатовиќ го поддржал единството и сојузот со Србија, како и поддршката на иредентистичките претензии за Дубровник и територијата во Херцеговина за кои тој изјавил дека историски се дел од Црна Гора.[6] Српското списание Епоха во 1991 година објави дека ако Бошњаците од Босна и Херцеговина сакаат да се отцепат од Југославија, таа источна Херцеговина треба да и биде отстапена на Црна Гора.[7] Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија објавил дека српското и црногорското раководство за време на Опсадата на Дубровник се обидело да го припои Дубровник заедно со „крајбрежните региони на Хрватска помеѓу градот Неум, Босна и Херцеговина, на северозапад и црногорскиот граница на југоисток“ во Црна Гора.[8]

По 1998 година, владата на Црна Гора предводена од Мило Ѓукановиќ побарала поголема автономија во рамките на Сојузна Република Југославија.[2] Во 2006 година, мнозинството од нешто повеќе од 55 отсто од црногорските граѓани гласале за независност од државната заедница со Србија. Современиот црногорски национализам наведува дека независна црногорска култура одвоена од српската се појавила откако Србија била преземена од Отоманската Империја во 14 век, додека Црна Гора останала независна многу години.[4]

Историја

уреди

Создавање на Кралството СХС (Југославија)

уреди
   
Јован Пламенац,
политички водач
на Зелените.
Крсто Поповиќ,
командант на
Зелените.

Црногорскиот национализам најпрво силно се појавил по Првата светска војна кога Црногорците станале поделени околу тоа дали да се приклучат на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Југославија) под династијата Караѓорѓевиќи. Црногорската влада во 1917 година се согласила да ја спои Црна Гора во јужнословенска федерација, но политичката група позната како Зелените, која го вклучила кралот на Црна Гора и неколку моќни племиња, се спротивставиle на обединувањето и се залагаle за независна црногорска држава. Фракцијата за обединување биле Белите, кои сакале обединување на Црна Гора со Србија.[4]

Расправијата меѓу Зелените против Караѓорѓевиќ, и Белите за Караѓорѓевиќ околу приклучувањето на Црна Гора со Југославија продолжила и ескалирала во 1920-тите. Зелените биле гневни поради растурањето на црногорската династија Петровиќ-Његош во корист на српската династија Караѓорѓевиќи. Како одговор на согледаната српска доминација над Црна Гора, Зелените започнале неколку бунтови во 1920-тите.[4]

Меѓувоена Југославија

уреди
 
Современа реконструкција на знамето што го користеле црногорските Зелени во текот на 1920-тите до 1940-тите.

Црна Гора поседувала мала моќ и имала мало влијание во новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Моќта била концентрирана во Белград и била оддалечена од Цетиње, кое била ставено на статус на покраинска неважност. Подгоричкото собрание, Божиќното востание и губењето на установите и симболите на државноста на Црна Гора збирно предизвикало значителни незадоволства, а одлуката на кралот Александар да ја стави црногорската црква под јурисдикција на српскиот патријарх во Белград, била дополнителна навреда за црногорската гордост. Раниот повоен период се одликува со интензивна вооружена борба во Црна Гора, економска маргинализација и создавање нови политички партии. Зелените ја насочиле својата поддршка кон два извори - Црногорската федералистичка партија и појавената Комунистичка партија на Југославија.[9]

Црногорската федералистичка партија била единствената политичка организација во Црна Гора која немала свое седиште во Белград. Теоретичарот на партијата, Секула Дрљевиќ, промовирал идеи за посебна црногорска етничка припадност (идеи кои станале поекстремни во текот на 1930-тите), тврдејќи дека Црногорците биле со илирско потекло, наспроти словенското потекло и дека српскиот и црногорскиот менталитет биле толку различни што е непомирливо.[9] Тој напишал:

Расите се заедници на крв, додека луѓето се суштества на историјата. Црногорскиот народ со својот јазик припаѓа на словенската јазична заедница. Меѓутоа, по својата крв тие припаѓаат [на динарските народи]. Според современата наука за европските раси, [динарските] народи потекнуваат од Илирите. Оттука, не само сродството, туку идентитетот на одредени културни облици кај динарските народи, па се` од Албанците до јужните Тиролци, кои се германизирани Илири.[10]

   
Секула Дрљевиќ Савиќ Марковиќ

Сепак, Комунистичката партија била таа што влегла во црногорскиот политички живот. Што е најважно, црногорските комунисти се откажале од својата првична посветеност на југословенскиот унитаризам, наместо да го прифатат начелото на Ленин за самоопределување. Така, Кмунистичката партија на Црна Гора ја започнала својата борба за „независна советска република Црна Гора како дел од идната балканска федерација“. Партијата привлекла поддршка од многу Зелени и, на изборите во 1920 година, освоила 37,99 отсто од народните гласови во Црна Гора, што ќе влијае на нејзината подоцнежна посветеност да ги признае Црногорците како посебна народ. Меѓутоа, таа била забранета во 1921 година и не била во можност да ги продолжи своите политички активности преку демократски канали.[9] Партијата формално ги признала Црногорците како угнетен народ на нивниот 4-ти конгрес во Дрезден.[11]

Демократијата се покажала како неостварлива во Југославија, а кралот Александар ја наметна Шестојануарската диктатура во 1929 година, по низата мрачни настани, вклучувајќи го и убиството во Собранието на водачот на Хрватската селанска партија, Стјепан Радиќ во јуни 1928 година. Со намера да ја ублажи се посилната политичка криза, Александар го укинал уставот, ги забранил политичките партии и поставил своја влада. Многу опозициски политичари биле уапсени и затворени, што служело за понатамошна изолација на несрпското население во Југославија. Во обид да биде создаден вистински југословенски идентитет, сите националистички чувства биле уништувани и југословенството агресивно било наметнувано одозгора. Црна Гора престанала да постои како географски поим, наместо тоа нејзината територија стана во голема мера инкорпорирана во Зетска Бановина. По убиството на кралот Александар во 1934 година и Договорот Цветковиќ-Мачек во 1939 година, Црногорската федералистичка партија го поддржала договорот, верувајќи дека тоа ќе доведе до поголема независност на Црна Гора. Како и да е, статус каков што го постигнале Хрватите со Бановина Хрватска, нема да им биде остварено на Црногорците.[9]

Втора светска војна

уреди

По Априлската војна и окупацијата на Југославија од страна на Силите на Оската, националистичката Црногорска федералистичка партија понудила соработка со италијанските фашисти, барајќи „Голема Црна Гора“ од реката Неретва во Херцеговина до Мата во Албанија; во него би биле вклучени и Метохија и Санџак . Многу помало „Кралство Црна Гора“ било прогласено на Собрание на Петровден на 12 јули 1941 година, при што територијалните претензии на усташите и Албанците биле релативно поповолни од нацистите. Внукот на кралот Никола I и наследникот на престолот, принцот Михаило, бил поканет да биде крал и марионетски шеф на државата, но тој енергично одбил тврдејќи дека нема да соработува со нацистите. Обновената Црна Гора ја изгубила Метохија и нејзините источни земји од проширената италијанска Албанија, но успеала да го добие српскиот дел од Санџак. Сите други политички партии биле незаконски и била прогласена диктатура на Секула Дрљевиќ под италијанска заштита. На оваа одлука се спротивставиле голем број членови на црногорската федералистичка партија, на чело со Новица Радовиќ, бидејќи територијалните претензии не биле прифатени и не успеале да ја вратат династијата Петровиќ-Његош.[12]

Само еден ден по прогласувањето на марионетската држава Црна Гора, партизаните го организирале Востанието на 13 јули, а Црногорската федералистичка армија отишла во прогонство. Била реорганизирана во Загреб, главниот град на Независната Држава Хрватска, бидејќи Црногорскиот државен совет имал за цел на крајот да создаде независна и голема национална држава на црногорскиот народ. Советот бил поврзуван со усташите и истите го помагале нивниот режим.

Во 1945 година, Црногорската федералистичка партија создала своја Црногорска народна армија од поранешни четници предводени од Павле Ѓуришиќ кој ја прекинала верноста кон Дража Михаиловиќ и сакала да се повлече во Словенија во замена за номиналното признавање на движењето на Дрљевиќ. Меѓутоа, овој сојуз меѓу Дрљевиќ и Ѓуришиќ бил краткотраен и завршил со Битката на Лијевчкото Поле меѓу четите на Усташите и Ѓуришиќ. Со претстојната сојузничка победа во 1945 година, Црногорската федералистичка партија била растурена, повлекувајќи се заедно со другите соработници на Оската кон крајот на 1945 година, откако нејзината црногорска армија се свртела против неа.

Социјалистичка Југославија

уреди

По Втората светска војна и подемот на југословенските партизани на власт во Југославија под водство на Јосип Броз Тито, црногорскиот национализам стивнал триесет години како резултат на напорите на владата на Југославија да ги смири Црногорците. Ваквите напори вклучувале: создавање уставотворна република Црна Гора во рамките на југословенската федерација, признавање на црногорската народност, спонзорирање на индустрискиот развој на претходно руралното стопанство на Црна Гора, преку обезбедување финансиска помош за Црна Гора која била најсиромашна од шесте уставотворни републики и вклучително значителна број на Црногорци во државната служба. Црногорскиот национализам повторно се појавил како движење од 1966 до 1967 година кога биле започнати напори за воскреснување на посебната Црногорска православна црква.[4]

По смртта на Тито во 1980 година, национализмот во Црна Гора и на други места во Југославија се зголемил. Почнувајќи од 1981 година, црногорскиот национализам се засилил со неговите приврзаници кои барале поголема автономија за Црна Гора во рамките на Југославија, но сепак владината акција против црногорските националисти помеѓу 1982 и 1984 година ги задушила напорите на националистичкото движење.[4]

Современ национализам

уреди
 
Предизајнирано знаме на црногорските зелени, широко користено од црногорските националисти.

За време на падот на комунизмот и распадот на Југославија од 1989 до 1991 година, СР Црна Гора и нејзината комунистичка влада се нашле во превирања. Доаѓањето на власт на Момир Булатовиќ кој го поддржувал српскиот претседател Слободан Милошевиќ и единството со Србија, ги поништил напорите на дисидентските племиња да ја оддалечат Црна Гора од Србија. По територијалното распаѓање на Југославија во 1991 година, црногорската влада продолжила да го поддржува единството со Србија, а црногорските војници учествувале во војните против отцепените републики.[4] За време на југословенските војни, црногорскиот претседател Булатовиќ се обидел да ги задоволи и црногорските и српските националистички фракции во Црна Гора со поддршка на црногорските иредентистички тврдења за Дубровник и Херцеговина за кои тој изјавил дека историски се дел од Црна Гора.[13] Србите од Источна Херцеговина имаат силни културни врски со жителите на Стара Херцеговина во Црна Гора.[14] Српските и црногорските резервисти од ЈНА влегле во Херцеговина во септември 1991 година како подготовка за напад врз Дубровник.[15] Многу Црногорци во тоа време ја поддржале иредентистичката цел за обединување на Дубровник со Црна Гора.[16] За време на војните во Југославија, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, тогашен поддржувач на претседателот Булатовиќ и сојузот со Србија, ги поддржал иредентистичките претензии кон Хрватска, тврдејќи дека границите на Црна Гора по Втората светска војна (сегашните граници на Црна Гора) биле дизајнирани од „полу- вешти болшевички картографи“ и Ѓукановиќ изјавил дека Црна Гора треба „да повлече демаркациски линии во однос на Хрватите еднаш засекогаш“.[17]

   
Мило Ѓукановиќ Ранко Кривокапиќ

Незадоволството од воочената доминација од српските кругови резултирало со тоа што црногорскиот национализам станал силно движење во Црна Гора. Референдумот во 1992 година бил одржан за да биде одредено дали Црногорците треба да останат обединети со Србија или да бидат независни, што резултирало со тоа што 96,82 отсто од Црногорците претпочитаа да останат во сојуз со Србија наспроти 3,18 отсто да претпочитаат независност. Фрустрацијата со сојузот со Србија се зголемила во 1990-тите како одговор на тоа што СР Југославија станала меѓународна отпадничка држава поради нејзината вмешаност во Југословенските војни, и фрустрацијата поради српските националисти кои ја отфрлаат црногорската култура како гранка на српската култура. До 1997 година, повеќето Црногорци посакувале полабави врски со Србија и поблиски односи со Европската Унија. До претседателските избори во 1997 година, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ се откажал од својата претходна поддршка за единството на Црна Гора со Србија и се кандидирал против просрпскиот претседател Булатовиќ. Изборот на Мило Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора во 1998 година резултирало со доаѓање на власт на црногорска националистичка влада и фундаментална промена на ставот на црногорската влада кон српската влада на Слободан Милошевиќ. Слично на насилството меѓу Зелените и Белите по Првата светска војна, се случиле жестоки судири меѓу приврзаниците на Ѓукановиќ и приврзаниците на просрпскиот претседател Булатовиќ. Црногорската влада одбила да ги поддржи активностите на сојузната влада во Косовската војна во 1999 година, а црногорската влада службено ја прогласила својата неутралност во судирот, што резултирало со тоа што силите на НАТО ги насочила воздушните напади само на Србија, иако биле погодени некои сојузни воени цели во Црна Гора.[4]

Џејмс Минахан тврдел дека причините што резултирале со развојот на современиот црногорски национализам датираат од средината на 14 век, кога Црна Гора за прв пат станала суверена држава. Додека Црногорците се сметани за подгрупа на Срби, независноста на Црна Гора за време на периодот на османлиското владеење над Србија резултирало со длабоко различна култура која се појавила во Црна Гора во споредба со Србија. Црна Гора во тоа време се развила во племенско воинско општество кое било сосема различно од културата на Србија под контрола на Османлиите.[4]

Црногорски националистички политички субјекти

уреди

 

Современи:

Поранешни:

Јазично отцепување

уреди

Идејата за стандардизиран црногорски јазик одвоен од српскиот јазик, се појавила по распадот на Југославија, преку поборниците за независност на Црна Гора од Државниот сојуз.[18] До 1993 година, голем број црногорски интелектуалци тврделе дека црногорскиот е посебен јазик и дека треба да биде признаен како таков. Главен аспект на ова тврдење било дека црногорскиот јазик бара употреба на три дополнителни звуци (а со тоа и знаци), и дека затоа црногорската азбука е составена од 33 знаци, наспроти 30-те што се користени во српската, босанската и хрватската азбука. Во 1994 година, Црногорскиот ПЕН центар ја објавил својата Декларација за загрозување на црногорската култура, народ и држава, чие главно тврдење било да биде истакнато, како што тврделе, обидот за асимилација и уништување на сите аспекти на црногорскиот културен идентитет. Во членот 5 од декларацијата се вели дека „Уставот, меѓу другото, го прогласува српскиот јазик за јазик на Црногорците, и покрај тоа што црногорскиот јазик има своја историја и потврда во книжевноста“. Дека црногорскиот јазик е опишан во уставот како српски на ијекавскиот дијалект, тврдат тие, е само еден од многуте примери за маргинализација на црногорскиот идентитет. Главно место во овој аргумент било тврдењето дека црногорскиот јазик, и покрај тоа што ја створил основата за српскиот, хрватскиот, босанскиот и црногорскиот јазик, беше во голема мера уништен од Белград и Загреб, кои го наметнале стандардниот српскохрватски, по Новисадскиот договор во 1954 година.[19]

За време на пописот на населението во Црна Гора во 2003 година, прашањето за црногорскиот јазик било спорно и жестоко дебатирано. Во март 2004 година, црногорскиот образовен совет предложил промена на службениот јазик на републиката од српски во мајчин јазик. Предлогот предизвикал гнев кај етничките Срби, кои го сметале за обид на црногорската влада да ги маргинализира аспектите на српскиот идентитет. Јеврем Брковиќ, претседател на Дукљанската академија на науките и уметностите, ги поздравила обидите за промена на името на јазикот како „преодна фаза кон воспоставувањето на црногорскиот јазик во уставот на републиката“. [20]

Уставот на Црна Гора од 2007 година, вели дека црногорскиот е службен јазик на земјата, додека босанскиот, хрватскиот, српскиот и албанскиот се јазици во службена употреба.[21]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Motyl 2001, стр. 345-346.
  2. 2,0 2,1 Motyl 2001, стр. 345.
  3. Morrison 2009, стр. 1.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Minahan 2002, стр. 1296-1299.
  5. Motyl 2001, стр. 346.
  6. Daily report: East Europe, Issues 13-21. United States: Foreign Broadcast Information Service, 1996. p. 72.
  7. Steven L. Burg, Paul S. Shoup. The War in Bosnia-Herzegovina: Ethnic Conflict and International Intervention. Armonk, New York, USA: M.E. Sharpe, 2000. ISBN 9781563243097 p. 102.
  8. Investigative Summary. International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia. Пристапено на 21 април 2024 .http://www.icty.org/x/cases/slobodan_milosevic/ind/en/mil-2ai020728e.htm
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Morrison 2009, стр. 47-49.
  10. Banac 1984, стр. 290.
  11. Fleming, Thomas (2002). Montenegro: The Divided Land. Chronicles Press. стр. 129. ISBN 978-0-9619364-9-5. Посетено на 12 December 2019.
  12. Pajović, Radoje (1977). Kontrarevolucija u Crnoj Gori. Istorijski institut Crne Gore. стр. 73.
  13. Daily report: East Europe, Issues 13-21. United States: Foreign Broadcast Information Service, 1996. p. 72.
  14. Morrison 2009, стр. 7.
  15. Steven L. Burg, Paul S. Shoup. The War in Bosnia-Herzegovina: Ethnic Conflict and International Intervention. Armonk, New York, USA: M.E. Sharpe, 2000. ISBN 9781563243097 p. 74.
  16. Karen Dawisha, Bruce Parrott. Politics, Power, and the Struggle for Democracy in South-East Europe. Cambridge, England, UK; New York, New York, USA; Oakleigh, Melbourne, Australia: Cambridge University Press, 1997. p. 171.
  17. Morrison 2009, стр. 92.
  18. „Language and Identity in Montenegro - A Study Among University Students“ (PDF). Slavica Helsingiensia. Посетено на 21 април 2024.
  19. Morrison 2009, стр. 113-114.
  20. Morrison 2009, стр. 192-194.
  21. „Montenegro's Minorities in the Tangles of Citizenship, Participation, and Access to Rights“ (PDF). Journal on Ethnopolitics and Minority Issues in Europe. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јануари 2015. Посетено на 10 декември 2019.

Извори

уреди