Самоопределување
Правото на народите за самоопределување е императивен правен принцип во современото меѓународно право (кое се сметa за правилото и нормата од типот jus cogens[1])
Концептот за првпат бил развиен развиен уште пред времето на Француска Буржоаска револуција, односно во 1860-те, и потоа се проширил брзо.[2][3] За време и по Првата светска војна принципот бил поттикнат од страна на Владимир Ленин и американскиот претседател Вудро Вилсон.[2][3] Откако ги објавил своите Четиринаесет точки на 8 јануари 1918 година, на 11 февруари 1918 година, Вилсон изјавил: „Националните аспирации мора да се почитуваат; луѓето сега можат да бидат доминирани и управувани само со нивна согласност. 'Самоопределувањето' не е само ништожна фраза, туку императивен принцип на дејствување и императивна правна норма.“[4]
Принципот на самоопределување е правно содржан во ставот 2. од членот 1.[5] и членот 55.[6] на Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации. Покрај во Повелбата на ООН истиот принцип како највисоката задолжителна правна норма е содржан и во двата основнои Пакта на ОН за човековите права [7][8]. Во Пактот за граѓански и политички права во членот 1. во ставот 1. се вели: „Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на ова право, секој народ слободно го одредува своето политичко уредување и слободно го остарува својот економски, социјален и културен развој." [9] Истата формилација наогаме и во Пактот за економски, социјални и културни права, во членот 1, став 1. Од ова формилација забешежуваме дека правото на самоопределување како највисока jus cogens норма се однесува и на народите и на државите, кои се суверени мегународно-правни субјекти [10]
Литература
уреди- F. Przetacznik, The Basic Collective Human Right to Self Determination of Peoples and Nations as a Prerequisite for Peace, NYLS Journal of Human Rights, Vol. 8. Iss. 1. 1990. [1]
- Mexico City Declaration on Cultural Policies, UNESCO(1982) [2] Архивирано на 10 мај 2021 г.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Овие норми се највисоки ("перемторни")правни норми и сите други позитивни или пишани (диспозитивни) правила и норми им се подредени и во случај на судир ништовни. Jus cogens норми потекнуваат од основните обичајните норми кои имаат императивен каратер, како што е пр. правната еднаквост или пр. во меѓународно право нормата суверена еднаквост, принцип кодифициран во членот 2. од Повелбата на ООН.
- ↑ 2,0 2,1 Jörg Fisch (9 December 2015). A History of the Self-Determination of Peoples: The Domestication of an Illusion. Cambridge University Press. стр. 118. ISBN 978-1-107-03796-0.
- ↑ 3,0 3,1 http://etheses.lse.ac.uk/923/1/Knudsen_Moments_of_Self-determination.pdf
- ↑ „President Wilson's Address to Congress, Analyzing German and Austrian Peace Utterances (Delivered to Congress in Joint Session on February 11, 1918)“. gwpda.org. February 11, 1918. Посетено на September 5, 2014.
- ↑ UN Charter, Article 1. https://www.un.org/en/sections/un-charter/chapter-i/index.html
- ↑ UN Charter, Article 55. https://www.un.org/en/sections/un-charter/chapter-ix/index.html
- ↑ International Covenant on Civil and Political Rights, Article 1. https://www.ohchr.org/Documents/Professionalinterest/ccpr.pdf
- ↑ International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights, Article 1. https://www.ohchr.org/en/professionalinterest/pages/cescr.aspx
- ↑ Види чл. 1: "All peoples have the right of self-determination. By virtue of that right they freely determine their political status and freely pursue their economic, social and cultural development"
- ↑ Види пр. И. Јанев, Теорија за држава и право, Čigoja-Štampa. Белград. 2020