Република Црна Гора (1992—2006)

Република Црна Гора била федерална република во СР Југославија од 1992 до 2003, а потоа Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година. Главен град на Црна Гора бил Подгорица кој од 1990 му било вратено старото име поради тоа што од 1945 до 1990 се викал Титоград.

Република Црна Гора
Република Црна Гора
Republika Crna Gora
1992–2006
Location of Црна Гора
Главен градПодгорица
Говорени јазициЦрногорски
УредувањеРепублика
Претседател 
• 1991–1998
Момир Булатовиќ
• 2003–2006
Филип Вујановиќ
Премиер 
• 1991–1998
Мило Ѓукановиќ
• 2003–2006
Мило Ѓукановиќ
Историја 
28 април 1992
4 февруари 2003
• Распаѓање на сојузот
5 јуни 2006
Претходници
Наследници
Социјалистичка Република Црна Гора
Црна Гора

При крајот на комунистичкото владеење и распадот на СФРЈ, официјално распуштена на 27 април 1992, Социјалистичка Република Србија (подоцна само Република Србија) и Социјалистичка Република Црна Гора (под новото име Република Црна Гора), на 28 април 1992 создале нова федерација под името Сојузна Република Југославија која на 4 февруари 2003 година, со согласност на двата дома на југословенскиот парламент го промена името во Државна заедница Србија и Црна Гора.

Република Црна Гора, за разлика од Србија, каде што платежната валута била југословенскиот динар, ја усвоила германската марка, а потоа и еврото (од 2002 година).

По Референдумот за независност на Црна Гора во 2006 година, кој бил одржан на 21 мај 2006, на кој гласале 86,5% од избирачите,од кои 55,5% ја поддржале идејата на „Демократски Блок-Мило Ѓукановиќ“, со процент над од договорените 55% со Европската унија за референдумот да биде валиден, апсолутниот минимум на гласови бил за 2,300 гласови. Собранието на Црна Гора презело законски постапки за да прогласи независност, процес кој бил завршен на 3 јуни 2006 година со прогласување на независноста. После 88 години, била завршена заедничката држава на Србите и Црногорците.