Референдум за независност на Црна Гора (1992)
Црногорскиот референдум за независност 1992 беше првиот референдум за независност на Црна Гора. Беа регистрирани 421,549 гласачи.
| ||||||||||||||||||||||
Дали сте за Црна Гора да остане дел од обединета Југославија, како суверена република и еднаква со сите други југословенски републики кои сакаат да останат во единство? | ||||||||||||||||||||||
Исход | ||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Прашањето поставено до електоратот беше:
Дали сте за Црна Гора да остане дел од обединета Југославија, како суверена република и еднаква со сите други југословенски републики кои сакаат да останат во единство?
Резултатите беа:
- 95,96% од гласачите гласаа за заедничката држава Србија и Црна Гора, односно Сојузна Република Југославија.
- Излезеноста на референдумот беше 66%
Албанците во Црна Гора го бојкотираа референдумот на повик од своите сонародници од Косово, Прешевската долина и Македонија со цел јакнење на албанската борба за Распад на СФРЈ и создавање на Голема Албанија. Референдумот исто така беше бојкотиран од страна на партиите кои се залагаа за независност на Црна Гора.
Кампања
уредиПремиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ потроши многу време за кампањата, покажувајќи ја потребата за заедничка југословенска држава со Србите. Иако не влијаеше на резултатот, државната контролирана пропаганда од страна на партијата ДПС, се залагаше за унија со Србија, игнорирајќи ги тие што сакаа независност на Црна Гора.
Во текот на кампањата Мило Ѓукановиќ рече: Ние сме горди на нашето српско потекло и црногорска државност, гордата историја на Србите.Токму затоа ние веруваме во заедничка иднина и просперитет.
Со победата на унистичкиот блок, тој додаде: Поради ните братски врски; заедничка крв прелеана низ војните, поради вечниот сон за најдобро на Црногорците и Србите, за посветла заедничка иднина, Црна Гора по своја волја одбра да живее во заедничка држава со Србија со отворено срце.
Блокови
уреди- Демократска партија на социјалистите на Црна Гора
- Народна партија на Црна Гора
Поддржувачи
уреди- Српска радикална партија
За независност:
уреди- Демократска лига на Црна Гора
- Либерална алијанса на Црна Гора
Поддржувачи
уреди- Социјалнодемократска партија на Црна Гора
Втор референдум за независност е одржан по 14 години, на 21 мај 2006, кога Црна Гора стана независна држава.