Хебрејски бројки
Еврејски броеви — квази децимален азбучен броен систем кој користи букви од хебрејската азбука. Системот би преземен од грчките броеви при крајот на 2 век п.н.е. и истиот е познат под името еврејски азбучни броеви за да се разликува од претходните системи на запишување кои се користеле во класичната антика. Овие системи биле наследени од арамејските и феникиските записи од околу 800 година п.н.е. во т.н. Самариски остракони и понекогаш познати како еврејско-арамејски броеви, кои се пак добиени од египетските броеви.
Бројни системи кај разни
народи и култури | |
---|---|
Индоарапски броеви | |
Западноарапски • Источноарапски | |
Бенгалски • Гуџаратски • Гурмухски • Деваганарски (Индиски) • Синхалски • Тамилски | |
Балиски • Бурмански • Ѕонгкански (Бутански) • Јавански • Кмерски • Лаоски • Монголски • Тајландски | |
Источноазиски броеви
| |
Виетнамски Јапонски Кинески (Суџојски) |
Корејски Стапчиња Хокиенски |
Азбучни броеви
| |
Абџадски Арјабатини Гиски (Етиопски) Грузиски Грчки |
Ерменски Кирилични Римски Хебрејски |
Други системи
| |
Атички Брамански Вавилонски Глаголични Егејски Египетски Етрурски Инуитски |
Кипу Кхаростенски Мајански Муискански Поле со урни Праисториски Чувашки |
Десетични (10) | |
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе… | |
Грчкиот систем бил усвоен преку хеленистичкиот јудаизам и истиот систем се користел во стара грција уште од V век п.н.е. [1]
Во овој систем, не постои ознака за нулата, и бројните вредности за поединечните букви се додадени една кон друга. На секоја единица (1, 2, ..., 9) и се назначува одделно буква, за секоја (10, 20, ..., 90) исто така се назначува посебна буква, и за првите четири стотки (100, 200, 300, 400) се назначува посебна буква. Останатите стотки (500, 600, 700, 800 и 900) се претставени како збир од две или три букви кои се користат за првите четири стотки. За да се претстават броевите од 1.000 до 999.999, истите букви се искористени за да служат како илјадарки десетици илјади и стотици илјади. Гематријата (еврејска нумерологија) ги користи обемно овие преобразби.
Денес во Израел, се користи децималниот систем од арапски броеви ( 0, 1, 2, 3итн.) во сите случаи (пари, старост, атуми на граѓанскиот календар). Еврејските броеви се користат само во специјални случаи, како на пример кога се користат еврејскиот календар, или означување на подреденост на спискок (слично на a, b, c, dитн.), и на наќин како што се користат римските броеви ана запад.
Главна табела
уредиДецимален | Еврејски | Глиф | Главни (пр. еден, два, три) |
Подредени (пр. први, втори, трети) | ||
---|---|---|---|---|---|---|
Машки род | Женски род | Машки род | Женски род | |||
0 | нема | ефес (אֶפֶס) | нема | |||
1 | Алеф | א | ехад (אֶחַד) |
ахат (אַחַת) |
ришон (רִאשׁוֹן) |
ришона (רִאשׁוֹנָה) |
2 | Бет | ב | шнајим (שְׁנַיִם) |
штајим (שְׁתַּיִם) |
шени (שֵׁנִי) |
шнија (שְׁנִיָה) |
3 | Гимел | ג | шлоша (שְׁלוֹשָׁה) |
шалош (שָׁלוֹשׁ) |
шлиши (שְׁלִישִׁי) |
шлишит (שְׁלִישִׁית) |
4 | Далет | ד | арбаа (אַרְבָּעָה) |
арба (אַרְבַּע) |
ревии (רְבִיעִי) |
ревиит (רְבִיעִית) |
5 | Хеи | ה | амиша (חֲמִשָׁה) |
амеш (חָמֵשׁ) |
амиши (חֲמִישִׁי) |
амишит (חֲמִישִׁית) |
6 | Вав | ו | шиша (שִׁשָּׁה) |
шеш (שֵׁשׁ) |
шиши (שִׁשִּׁי) |
шишит (שִׁשִּׁית) |
7 | Зајин | ז | шива (שִׁבְעַה) |
шева (שֶׁבַע) |
шевии (שְׁבִיעִי) |
шивиит (שְׁבִיעִית) |
8 | Хет | ח | шмона (שְׁמוֹנָה) |
шмоне (שְׁמוֹנֶה) |
шмини (שְׁמִינִי) |
шминит (שְׁמִינִית) |
9 | Тет | ט | тиша (תִּשְׁעָה) |
теша (תֵּשַׁע) |
тшии (תְּשִׁיעִי) |
тшиит (תְּשִׁיעִית) |
10 | Јуд | י | асара (עֲשָׂרָה) |
есер (עֶשֶׂר) |
асири (עֲשִׂירִי) |
асирит (עֲשִׂירִית) |
20 | Каф | כ | есрим (עֶשְׂרִים) | |||
30 | Ламед | ל | шлошим (שְׁלוֹשִׁים) | |||
40 | Мем | מ | арбаим (אַרְבָּעִים) | |||
50 | Нун | נ | амишим (חֲמִשִּׁים) | |||
60 | Самех | ס | шишим (שִׁשִּׁים) | |||
70 | Ајин | ע | шивим (שִׁבְעִים) | |||
80 | Пеи | פ | шмоним (שְׁמוֹנִים) | |||
90 | Цади | צ | тишим (תִּשְׁעִים) | |||
100 | Куф | ק | меа (מֵאָה) | |||
200 | Реш | ר | матајим (מָאתַיִם) | |||
300 | Шин | ש | шлош меот (שְׁלוֹשׁ מֵאוֹת) | |||
400 | Тав | ת | арба меот (אַרְבַּע מֵאוֹת) | |||
500 | Тав куф | ת״ק | хамеш меот (חֲמֵשׁ מֵאוֹת) | |||
600 | Тав реш | ת״ר | шеш меот (שֵׁשׁ מֵאוֹת) | |||
700 | Тав шин | ת״ש | шва меот (שְׁבַע מֵאוֹת) | |||
800 | Тав тав | ת״ת | шмоне меот (שְׁמוֹנֶה מֵאוֹת) | |||
900 | Тав тав куф | תת״ק | тша меот (תְּשַׁע מֵאוֹת) | |||
11: аад асар/аат есре, 12: шнеим асар/штеим есре, 13: шлоша асар/шлош есре, 14: арба асар/арба есре, 15: амиша асар/амеш есре, 16: шиша асар/шеш есре, 17: шива асар/шва есре, 18: шмона асар/шмоне есре, 19: тиша асар/тша есре | ||||||
1000: елеф, 2000: алпаим, 10 000: асерет алфаим/ревава, 100 000: меа елеф, 1 000 000: милион, 1 000 000 000: милјарда, 1 000 000 000 000: билион |
Белешка: За подредените броеви поголемни од 10 се користат главните броеви.
Изговор и запишување
уредиГлавните и подредените броеви мора да се согласуваат по пол (машки или женски, мешаните групи се земаат како да се од машки род) со именката која ја опишуваат. Доколку именката отсуствува (пример телефонски број или пак адреса), се користи женски род. Подредените броеви мора да се согласуваат по број и статусот како останатите придавки. Главните броеви се запишуваат пред именката (пр. шлоша јеладим), со исклучок на бројот еден кој следи по именката (пр. јелад еад). Бројот два е специјален - шнајим (м.) и штајим (ж.) станува шнеј (м.) и штеј (ж.) кога следат по именка која ја бројат. За подредените броеви (броеви кои определуваат местоположба) поголеми од десет се користат главните броеви.
Пресметки
уредиЕврејскиот броен систем користи начело за додавање при кој бројните вредности на буквите се собираат заедно за да се добие вкупен број. На пример, 177 се запишува како קעז што пак одговара на 100 + 70 + 7 = 177.
МАтематички, овој тип на систем побарува 27 букви (1-9, 10-90, 100-900). Во практиката последната буква, тав (која ја има вредноста 400) се користи во комбинација со себе или останатите букви од коф (100) нагоре, за да се создадат броеви од 500 па нагоре. Алтернативно, 22-та буква од еврејскиот броен систем понекогаш е проширена до 27 со користење на 5 софит (конечен) облик од еврејските букви.
Клучни исклучоци
уредиПоради погодност, броевите 15 и 16 се претставени како ט״ו (9 + 6) и ט״ז (9 + 7),соодветно, за да се одбегне употребата на двобуквени комбинации י-ה (10 + 5) и י-ו (10 + 6), кои се пак поинакви облици на името господово во секојдневното пишување. Во календарот, ова е одбележано со секоја полна месечина, бидејќи сите еврејски месеци започнуваат со млада месечина.
Комбинациите кои би создале безобразни зборови се избегнуваат со замена на редоследот на буквите. На пример, 744 кој треба да се запише како תשמ״ד (што значи „ти/тоа ќе бидеш уништен/о“) може да се запише како תשד״מ или תמש״ד (што значи „смрт за демонот“).
Гершајим
уредиГершајим (U+05F4 во уникод, и наликува на знак за наводник) (понекогаш погрешно нарекуван мерхаот, што на еврејски значи наводник) се поставува (надесно) од последната (најлевата) буква за да се прикаже подреденоста на буквите како број наместо како збор. Ова се користи во случај каде бројот е претставен од два или повеќе броја (пример, 28 → כ״ח).
Слично, еден гереш (U+05F3 во уникод, и наликува на апостроф) се додава (налево) од единечна буква за да се покаже дака таа буква претставува број а не еднобуквен збор. Ова се користи во случаите каде бројот е прикажан од еден еврејски број (пример, 100 → ק׳).
Треба да се земе предвид дека гереш и гершајим само означуваат „невообичаен збор.“ Самиот контекст обично утврдува дали станува збор за број или пак за нешто друго (како што се „кратенките“).
Децимални вредности
уредиВо печатот, се користат индиско-арапските броеви. Еврејските броеви дденес се користат за пишување на деновите годините во еврејскиот календар, поради наводите во традиционалните еврејски текстови (особено за библиските поглавја и стиховикако и за Талмудот), за списоци на кој има подреденост (слично на а, б, в, итн.) како и во нумерологијата (гематрија).
Илијада и облици на датуми
уредиИлијадите се бројат поединечно, и илијадите се бројат пред остатокот од бројот (на десно, бидејќи еврејскиот се чита од десно на лево). Не постојат специјални ознаки со кои би се означило почетокот на броењето на илијадите, што теоретски би довело до збунетост, сепак се користи апостоф по буквата. Кога се определува годината на еврејскиот календар во моменталниот милениум, во записите се одбегнуваат илијадите (што денес е 5 [ה]), но доколку не го сторат тоа општо е прифаено сека станува збор за 5 * 1000. Моменталниот израелски паричен систем ги вклучува и илијадите.
Примери на датуми
уреди„Понеделник, 15 адар 5764“ (каде 5764 = 5(×1000) + 400 + 300 + 60 + 4, и 15 = 9 + 6):
- Во целост (со илијади): “понеделник, 15(ти) адар, 5764”
- יום שני ט״ו באדר ה׳תשס״ד
- Честа употреба (илијадите се отфрлени): “понеделник, 15(ти) адар, (5)764”
- יום שני ט״ו באדר תשס״ד
„Четврток, 3 нисан 5767“ (каде 5767 = 5(×1000) + 400 + 300 + 60 + 7):
- Во целост (со илијади): “четврток, 3(ти) нисан, 5767”
- יום חמישי ג׳ בניסן ה׳תשס״ז
- Честа употреба (илијадите се отфрлени): “четврток, 3(ти) нисан, (5)767”
- יום חמישי ג׳ בניסן תשס״ז
За да го Видите денешниот датум во еврејскиот календар, Погледајте ја, за пример врската, Hebcal date converter.
Претходни години
уреди5780 (2019–20) = תש״פ
5779 (2018–19) = תשע״ט
...
5772 (2011–12) = תשע״ב
5771 (2010–11) = תשע״א
5770 (2009–10) = תש״ע
5769 (2008–09) = תשס״ט
...
5761 (2000–01) = תשס״א
5760 (1999–00) = תש״ס
Слични системи
уредиАбџадските броеви асе еднакви на еврејските броеви сè до 400. Грчките броеви се разликуваат од еврејските од 90 па нагоре поради грчката азбука не постои вредност еднаква на цади (צ).
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Хебрејски бројки“ на Ризницата ? |
- Gesenius' Hebrew Grammar, §97, §98, §134
- Gematria Chart on inner.org Архивирано на 19 март 2014 г.