Тетраграматон (од грчки τετραγράμματον, со значење „збор со четири букви“),[1] се однесува на хебрејското יהוה, едно од имињата на Богот на Израел, напишано со четири букви.

Буквите читани од десно кон лево се:

хебрејски име на буквата изговор
י Yodh "Y"
ה He (се чита „хеј“) "H"
ו Waw "W"
ה He "H"

Овие четири букви се однесуваат на „Јахве“ или „Јехова“, а разликите се појавуваат поради тоа што хебрејското писмо ги испушта самогласките. Името на Бога со овие четири букви се појавува во хебрејскиот дел на Светото писмо 6,828 пати.[2] Не се појавува во Песна над песните.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Онлајн етимолошки речник
  2. „Importance of the Name.“. (1988) Insight on the Scriptures Vol. 2. ©Watchtower Bible and Tract Society of Pennsylvania. стр. 8.