Цаде
Арапски Сириски Хебрејски Арамејски Феникиски
ﺻ,ﺹ ܨ צ,ץ Цаде Цаде
Фонемска репрезентација (МФА):
Позиција во азбуката: 18
Гематрија/Абџадска вредност: 90

Цаде (исто така Цади, Саде или Сад) е осумнаесеттата буква во многу семитски писма, како феникискиот, арамејскиот, хебрејскиот צ‎ и арапскиот . Нејзината најстара звучна вредност веројатно била МФА: [sˁ], иако постојат разни изговори кај разните денешни семитски јазици и нивните дијалекти. Таа претставува соединеније на три протосемитскиемфатични согласки“ на хананејски јазици. Арапскиот, кој ги задржал фонемите како посебни, има воведено варијанти за изразување на трите. На арамејски, овие емфатични согласки се соединуваат во буквите ајин односно тет, и така хебрејскиот збор ерец ארץ (земја, почва) е араа ארעא на арамејски.

Арабица
هـ
Историја · Кирилизација
Дијакритици · хамза ء
Бројки · Нумерација

Феникиската буква била претворена во грчката буква сампи Ϡ и сан Ϻ на етрурски 𐌑 Ś. Истата е и веројатен извор на инспирација за создавањето на буквата Ц во глаголицата, а потоа и во кирилицата.

Соодветната буква во угаритската азбука е 𐎕.

Потекло

уреди

Потеклото на буквата цаде е нејасно. Можеби дошла од писмата од средното бронзено доба, заснована на пиктографот за тастение, можеби папирус, или пак јадица („цајад“ = лов на денешен хребрејски , или на арапски „сад“ = рибарење или лов).

Хебрејското цаде

уреди

Буквата ги носи имињата цаде, цади, саде и др. Видете хебрејска азбука за список на разни транслитерации и изговори.

Изговор

уреди

На денешен хебрејски, буквата цаде претставува безвучен алвеоларен африкат (МФА: [ʦ]). Ова важи и за јидиш. Историски, веројатно претставувала фарингијализирано /sˤ/; јеменските евреи и ден денес ја изговараат така.

Варијации

уреди

Цаде, како и каф, мем, пе и нун, има финална форма која се користи на крајот на зборовите. Обликот му се менува од: צ на: ץ. Изговорот не се менува.

Значење

уреди

Во гематрија, цаде го означува бројот 90. Финалната форма на буквата претставува 900, но ретко се користи - наместо ова се користат тав, тав и коф (400+400+100).

По цаде може да се стави и Гереш ('צ), давајќи му МФА-звучност /ʧ/. Ова најчесто го наоѓаме во хебрејскиот збор צ'יפּסים = деланки, чипс. Стручњаците го користат ова обликување на буквата за недвосмислено претставување на арапската и протосемитската буква дад.

Како кратенка буквата го претставува зборот цафон=север.

Цаде е една од седумте букви која добива посебна круна (наречена тагин) кога е напишана во Сефер тора. Видете шин, ајин, тет, нун, зајин и гимел.

Поврзано

уреди