Билион
бројка која изнесува милион милиони по долгата (македонска) скала или илјада милиони по кратката скала
Билион (од француски: billion) — поим кој може да се однесува на два различни броја:
Долга скала (македонска употреба)
уреди- 1.000.000.000.000 (милион милиони)[1] или десет на дванаесетти степен (1012) според долгата скала која се користи во Македонија и разни други земји. Претставува износ илјадапати поголем од билионот на кратката скала (подолу), и износ истоветен на трилионот во таа скала.
Кратка скала
уреди- 1.000.000.000 (илјада милиони) или десет на деветти степен (109) според кратката скала. Претставува износ истоветен на милијардата во долгата скала. .[2][3]
Денес кратката скала е сеприсутна во англојазичните земји. Во САД е усвоена многу одамна, преку Франција.[4] Британија пак, официјално се префрлила на оваа скала дури во 1974 г., иако наоѓала примена во техничката литература и новинарството уште од 1950-тите; денес британскиот билион во долгата скала се јавува поретко.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „билион“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ „How many is a billion?“. oxforddictionaries.com. Архивирано од изворникот на 2012-12-17. Посетено на 2019-07-23.
- ↑ Dent, Susie (28 October 2011). „How billions and trillions changed“. BBC News. Посетено на 10 јули 2015.
- ↑ „billion, n.“. OED Online. Oxford University Press. Посетено на 15 јуни 2019.
- ↑ Cracknell, Richard; Bolton, Paul (јануари 2009). Statistical literacy guide: What is a billion? And other units (PDF) (Report). House of Commons Library. Посетено на 10 јули 2015.