Сојузни Држави на Микронезија
Микронезија, или офиц. Сојузни Држави на Микронезија, скрат. СД Микронезија (англиски: Federated States of Micronesia) — островска држава која се наоѓа во Тихиот Океан североисточно од Папуа Нова Гвинеја. Државата е независна и е во слободен сојуз со САД. Микронезија порано била во склоп на Поверенствата на Тихоокеанските Острови под управа на САД. Во 1979 тие усвоиле устав и во 1986 независноста била прогласена. Денес, Микронезија има голема стапка невработеност, преголемо рибарство и гзначителна зависност од помошта на САД.
Сојузни Држави на Микронезија Federated States of Micronesia
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Peace, Unity, Liberty Мир, единство, слобода |
||||||
Химна: Patriots of Micronesia Патриоти на Микронезија |
||||||
Локација на СД Микронезија
|
||||||
Главен град | Паликир 6°55′N 158°9′E / 6.917° СГШ; 158.150° ИГД | |||||
Најголем град | Вено | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Демоним | Микронезиец | |||||
Уредување | демократски федеративен претседателски систем | |||||
• | Претседател | Весли Симина | ||||
• | Потпретседател | Арен Палик | ||||
Законодавство | Конгрес | |||||
Независност | од САД | |||||
• | Република | 10 мај 1979 | ||||
• | Датумa | 3 ноември 1986 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 702 км2 (177.) | ||||
• | Вода (%) | занемарливо | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2019 г. | 104.468[1] (181.) | ||||
• | Попис 2016 | 104.937 | ||||
• | Густина | 158.1 жит/км2 (75.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупен | 367 мил. долари | ||||
• | По жител | 3.584 долари | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | 383 мил. долари | ||||
• | По жител | 3.735 долари | ||||
Џиниев коеф. (2013) | 40.1 среден |
|||||
ИЧР (2021) | ▲ 0.628[2] среден · 134. |
|||||
Валута | Американски Долар (USD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+10 и +11) | |||||
• | (ЛСВ) | н.п (UTC+10 и +11) | ||||
Датумски формат | мм/дд/гггг | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .fm | |||||
Повик. бр. | +691 | |||||
а. | Во слободен сојуз со САД. |
Историја
уредиОстровите биле населени пред четири илјади години. Подоцна се воздигнало Јапското царство на островот Јап. Нан Мандол, често наречен како Венеција на Тихиот Океан. Тој се наоѓа во близина на Понпеи и бил политички и церемонијален центар на Сауделеурската династија која го обединила Понпеи.
Европските истражувачи, прво Португалците па Шпанците, стигнале на Каролинските Острови во 16 век и се воспоставила шпанска власт на островите. Подоцна биле продадени на Германија во 1899, а потоа освоени од Јапонија во 1914 пред да бидат присвоени кон САД за време на Втората светска војна.
Географија и клима
уредиСојузните Држави на Микронезија се составени од 607 острови кои се протегаат на 2.900 километри низ архипелагот Каролински Острови па до Филипините. Четирите групи на острови на Микронезија се Јап, Чук, Понпеи и Кошрај. Четирите држави се претставени со по една ѕвезда на знамето на Микронезија, Главниот град се наоѓа на Понпеи.
Државата има седум службени јазици: англиски јазик, улитански јазик, јапски јазик, понпејски јазик, кошрајски јазик и чукски јазик.
Политички систем
уредиСојузните Држави на Микронезија се раководат според уставот од 1979 година, кој гарантира основни човекови права и поделба на власта во државата. Конгресот на државата има 14 членови избрани преку избори. Четири сенатори, по еден од секоја држава, се избрани за четири години, а останатите 10 членови имаат мандат од 2 години. Претседателот и заменик претседателот се избрани од конгресот. Нема формални политички партии во земјата.
Стопанство
уредиЕкономската активност на државата воглавно се заснова на земјоделство и рибарство. Островите имаат малку минерални богатства. Ловот на туна и трговијата со истото се овива со Тајван и Кина од 1990. Потенцијалот за туристичка индистрија постои, но поради недостаток од ангажман не е толку развиен во државата. Микронезија користи американски долари како национална валута.
Административна поделба
уредиЧетирите држави во сојузот се:
Знаме | Држава | Главен град | Површина[3] | Население[4] | Густина на население |
---|---|---|---|---|---|
Чук | Вено | 127 км2 | 53,595 | 420 per км2 | |
Кошрај | Тофол | 110 км2 | 7,686 | 70 per км2 | |
Понпеи | Колонија | 346 км2 | 34,486 | 100 per км2 | |
Јап | Колонија | 118 км2 | 11,241 | 95 per км2 |
Овие четири држави се поделени понатка на општини.
Демографија
уредиСтароседелското население се од микронезиско потекло и зборуваат различни јазици. Скоро 100% од населението се Азијци или Микронезијци, така има: Чукци со 48.8%, Понпеанци со 24.2%, Кошрајци со 6.2%, јапи 5.2%, јапи од надворешните јапски острови со 4.5%, Азијци со 1.8%, полинезијци со 1.5%, други 6.4% и непознати со 1.4%. Голем дел од Микронезиците имаат јапонско потекло. Покрај ова има и доселеници од САД, Австралија, Европа и привремени доселеници од Филипините и Кина.
Култура
уредиДржавите имаат свои култури и традиции, но исто така има и заеднички културни особини и економски врски што ги поврзувале со векови. Островот Јап е познат по своите камени пари, големи дискови и големи до 4 метри во пречник со дупка во средина. Сопствениците не ги носат при купување. Има пет вида: мбул, гау, рај, јар и ренг, последниот е голем до 0.3 метри во пречник. Вредноста на парата се базира на големината и историјата на каменот. Некои од нив се пренесени дури од Нова Гвинеја, но повеќето потекнуваат од Палау. Околу 6.500 камени пари има на островот.
Наводи
уреди- ↑ „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ FSM government website - Geography
- ↑ FSM government website - Population
Надворешни врски
уредиПовеќе за Federated States of Micronesia на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Влада на СД Микронезија
- Шеф на државата и кабинетот Архивирано на 10 септември 2013 г.
- Општи информации
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „СД Микронезија“ (англиски)
- СД Микронезија на UCB '
- Сојузни Држави на Микронезија на Curlie (англиски)
- СД Микронезија на Jane
- Доверливи Територии на Тихиот Океан
- Инсититут за Тихоокеански острови - СД Микронезија
- Nature.org - Микронезија Архивирано на 7 декември 2006 г.
- вести
- The Yap Networker - весник
- Карти
- Карта на СД Микронезија
- Nan Madol islet complex Архивирано на 12 март 2009 г.
- Патување
- Водич за Микронезија
- Преглед на Микронезија Архивирано на 16 јули 2011 г.