Чукците се микронезиски народ кој е староседелски народ во сојузната држава Чук во СД Микронезија. Чукците се најголем народ во СД Микронезија, каде сочинуваат околу 49% од населението Мајчин јазик на Чукците е чучкиот.

Чукци
Вкупен број
ок. 55,000
Подрачја со значајно население
 СД Микронезија 51,000
 САДок. 4,000
Јазици
чучки, англиски
Вероисповед
60% Католици
40% Протестанти, Мормони, други[1]
Сродни народи
Микронезијци

Јазик

уреди

Мајчин јазик на Чукците е чучкиот јазик. Јазикот е дел од подгрупата на тручки јазици, од групата на микронезиски јазици од семејството на австронезиски јазици. Јазикот е сроден со понпејскиот јазик. Јазикот се пишува на латиница.

Демографија

уреди

Според пописот од 2010 година, се покажало дека Чукците се најбрзо растечката етничка група во Тихиот Океан за декадата 2000-ти во САД. Во 2000 имало околу 700, а кон крајот на 2010 година имало над 4.000 Чукци.[2]

Религија

уреди

Огромен дел од Чукците се Христијани. Сепак, помеѓу Чукците останале одредени верувања и обичаи од традиционалните вери.[3]

Општествени активности

уреди

Чукците се одлични рибари. Во современиот период рибарството е главен извор на приход кај Чукците, и во оваа активност се ангажирани и мажи и жени. Традиционалните Чукци граделе куќи користејќи палми.[4]

Наводи

уреди
  1. „Micronesia, Federated States of: International Religious Freedom Report 2007“. U.S. Department of State. 2007. Посетено на 13 October 2017.
  2. „2010 Census Shows More than Half of Native Hawaiians and Other Pacific Islanders Report Multiple Races“. Census.gov. U.S. Census Bureau. 8 May 2012. Посетено на 26 August 2015.
  3. „Spirit Possession in Chuuk: Socio-Cultural Interpretation“. www.micsem.org. Посетено на 2020-03-31.
  4. Winston Robert M. L.; Wilson Don E. (2004). Human (1 American. изд.). London: DK Publishing (Smithsonian Institution). стр. 471. ISBN 0-7566-0520-2.