Јапи
Јапите се микронезиски народ кој е староседелски народ на островот и сојузната држава Јап во СД Микронезија. Јапите се најброен народ во сојузната држава.
Јапи во традиционална облека за време на прослава на Јапскиот ден | |
Вкупен број | |
---|---|
ок. 15,000 | |
Подрачја со значајно население | |
СД Микронезија 13,400 | |
САД | 1,600 |
Јазици | |
јапски, англиски | |
Вероисповед | |
христијанство | |
Сродни народи | |
микронезиски народи |
Историја
уредиЈапите имале добри контакти и однос со околните микронезиски народи и пред доаѓањето на Европејците во регионот. Јапските морепловци пловеле до Палау за камења. Каролинските морепловци го посетувале Јап за време на кризни периоди. Шпанските и германските трговци го колонизирале Јап во 1885 година и започнало христијанизирањето, односно, покрстувањето на народот. Јапонската морнарица го зазела острвот во 1914 година.[1] По Втората светска војна, Јап бил дел од Доверливите територии на Тихоокеанските Острови. Во 1978, Јап станал дел од новосоздадената независна СД Микронезија.[2]
Јапската култура историја и јазик денес се изучува во основноте и средни училишта во државата.
Демографија
уредиПред Втората светска војна, Јап се соочувал со криза во однос на депопулацијата на островот поради болести и асимилација од Европејците. Антибиотиците по Втората светска војна помогнале да се одбрани населението од европските болести и да се зголеми бројот на населението.[3]
Според пописот од 1994 само 48.1% од населението на Јап се изјаснило како Јапи. Во 2000 година бројот достигнал до 49.1%.[4] Според податоците од 2010 5.7% од населението на СД Микронезија биле Јапи.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Lingenfelter, Sherwood Galen (1975). Yap: Political Leadership and Culture Change in an Island Society. Honolulu, HI: University Press of Hawaii. ISBN 0824803019.
- ↑ „FSM History“. Government of the Federated States of Micronesia. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 21 August 2016.
- ↑ Lingenfelter, Sherwood (1996). „Yap“. Encyclopedia of World Cultures. The Gale Group. Посетено на 21 August 2016.
- ↑ Yap State Census Report: 2000 FSM Census of Population and Housing (PDF). Government of the Federated States of Micronesia. December 2002. стр. 56–57. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-02. Посетено на 2020-04-01.
- ↑ „Australia-Oceania :: Micronesia, Federated States of“. Архивирано од изворникот на 2020-10-17. Посетено на 20 August 2016.
Литература
уреди- Throop, C. Jason (2010). Suffering and Sentiment: Exploring the Vicissitudes of Experience and Pain in Yap. Berkeley: University of California Press. ISBN 9780520260573.