Каролински Острови
06°03′N 147°05′E / 6.050° СГШ; 147.083° ИГД
Каролинските Острови (англиски: Caroline Islands, шпански: Islas Carolinas) со острови (архипелаг) во регионот Микронезија во Тихиот Океан, кои се наоѓаат северно од Нова Гвинеја. Политички, островотите се поделени меѓу Микронезија и Палау. Историски, островите биле именувани како Нови Филипини (Nuevas Filipinas)[1] бидејќи островите биле дел од Шпанската империја и биле управувани од гувернерот во Манила, Филипините.
Распространетост
уредиОстровската група е составена од околу 500 корални острови. Островите се наоѓаат северно од Нова Гвинеја и источно Филипините. Јап е еден од најголемите острови во архипелагот и тој е одделен од Манила околу 1200 км. Повеќето од островите се ниски, односно со мала надморска височина.
Култура
уредиМесното население се дел од микронезиските народи и на островите се зборуваат јапски, понпејски, чучки, каролински, кошрајски и палуански јазик. Покрај овие на островите има и малцинско јапонско и филипинско население.
Главно занимиња на луѓето е хортикултурата и риболовството. Архитектурата на островите се заснова на локални материјали, меѓу нив и кокосови дрва и листови за покривање. Трговски јазик на островите е англискиот. Доминантна религија е Христијанството.
Наводи
уреди- ↑ William Henry Rosser (1870). North Pacific pilot: The seaman's guide to the islands of the North Pacific, with an appendix on the winds, weather, currents, &c., of the North and South Pacific. J. Imray. стр. 183–184. Посетено на 28 March 2011.
Користена литература
уреди- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)
Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е - Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственост: Herbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) - Region Datasheet at World Statesmen.org
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Океанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |