Јапски јазик
Јапскиот е малајско-полинезиски јазик кој се зборува во сојузната држава Јап во Микронезија. Според Етнолог, јапскиот јазик сочинува своја посебна гранка во океанските јазици, а некои јазичари тврдат дека јазикот е дел од адмиралитетските јазици.
Јапски јазик | |
---|---|
Застапен во | Микронезија |
Подрачје | Јап |
Говорници | 7,170 (1987) |
Јазично семејство | австронезиско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | yap |
ISO 639-3 | yap |
Одлика
уредиГлавна каректеристика на јазикот е глоталниот стопирачки глас. Зборовите кои започнуваат на самогласка обично на почетокот имаат глотален глас. Гласот се јавува и во средина и на крајот од зборовите.
Правопис
уредиЈапскиот се пишува со латиница. Сè до 1970-тите години глоталниот глас не се бележел со посебен знак. Ако глоталниот глас се појавел на крај од зборот, тогаш последната самогласка се удвојувала. Глотализацијата на согласки се бележела со апостроф. Но, во 1970-тите се донел нов правопси според кој двојните самогласки означуваат долги самогласки, а глоталскиот глас се забележува со q.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Јапски јазик на Ethnologue (англиски)
- База на основни австронезиски јазици
Оваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |