Дани Ингс
Дани Ингс (роден на 15 декември 1992) — англиски фудбалер, напаѓач на Саутхемптон.
Дани Ингс | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Даниел Вилијам Џон Ингс[1] | ||
Роден на | 23 јули 1992[2] | ||
Роден во | Винчестер, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м[3] | 1,78||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Астон Вила | ||
Број | 20 | ||
Младинска кариера | |||
Борнмут | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2011 | Борнмут | 27 | (7) |
2010 | → Дорчестер Таун | 9 | (4) |
2011-2015 | Барнли | 122 | (38) |
2015-2018 | Ливерпул | 14 | (3) |
2018-2021 | Саутхемптон | 91 | (41) |
2021- | Астон Вила | 8 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2013-2015 | Англија 21 | 13 | (4) |
2015- | Англија | 1 | (0) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Технички одлики
уредиИнгс е динамичен, брз и технички добро поткован напаѓач, кој во текот на својата кариера исто така се има докажано како одличен реализатор.[4]
Клупска кариера
уредиРана кариера
уредиИнгс е роден во Винчестер, Хемпшир а израснал во Нетли, исто така во Хемпшир.[5] Како дете Ингс сонувал да заигра за локалниот клуб Саутхемптон, но бил одбиен затоа што бил премал.[6] Тој потпишал за Саутхемптон од Нетли Сентрал Спортс, пред да биде ослободен како училишно момче.[7] По отпуштањето од Саутемптон, Ингс играл за Ичен Тајро.[8]
Борнмут
уредиВо мај 2008 година, Ингс потпишал двегодишен приправнички договор со екипата на Борнмут, додека сè уште бил средношколец.[9] Тој исто така претходно веќе имал искуство во клубот играјќи за резерверстите на Борнмут.[9] Своето деби како професионалец за сениорскиот тим на Борнмут го имал на 6 октомври 2009 година, во поразот со 2-1 на гости од Нортхемптон Таун во Фудбал лига Трофи, заменувајќи го Џејсон Тиндал од клупата во второто полувреме.[10] Неговата втора сезона во младинската екипа бил уништена од долгорочната повреда на стомакот, што му го ограничила времето на играње.[11] Тој останал во младинскиот тим до летото 2010 година, кога најпрво потпишал краткорочен тримесечен договор,[12] за веќе во септември 2010 да потпише договор до крајот на сезоната 2010-2011.[7]
Во септември 2010 година, тој бил испратен на едномесечен заем во Дорчестер Таун, клуб од Конференција Југ шестото ниво на англискиот фудбал.[13] Неговото деби за страчките дошло на 11 септември 2010 година, во кое тој го постигнал изедначувачкиот гол за својот тим во поразот на домашен терен од Ебсфлит Јунајтед со 1-2.[14] Неговиот втор гол за Дорчестер дошол на 24 септември, реализирајќи пенал во победата од 4-1 над Манготсфилд Јунајтед во ФА Купот.[15] На 6 октомври, неговиот заем бил продолжен за уште еден месец.[16] Следниот гол на Ингс за Дорчестер бил во поразот со 4-1 од Хавант енд Вотерлувил, со кој страчките биле елиминирани од ФА Купот.[17] На 16 октомври, тој го постигнал вториот гол во победата со 2-0 во лигата над Луис, откако влегол како доцна замена на местото на Џузепе Соле.[18] Тој го постигнал својот петти погодок во победата со 2-1 над Стеинс Таун.[19] Неговиот прв гол во ноември стигнал во поразот со 1-2 на домашен пораз од Мајденхед Јунајтед, со кој завршила серијата на Дорчестер од шест натпревари без пораз.[20] На 12 ноември 2010 година, неговиот заем бил продолжен по третпат за уште еден месец дополнително.[21] Тој го постигнал вториот гол во победата од 3-1 над Вестон-супер-Мер во ФА Трофи за да им помогне да напредуваат во следната рунда.[22] На 23 ноември, неговиот престој во Дорчестер бил прекинат предвреме, бидејќи бил повлечен од назад од неговиот матичен клуб Борнмут поради кризата со повреди играчи во клубот.[23]
На 30 ноември, тој потпишал ново продолжување на договорот до 2012 година.[24] Тој го направил своето деби во лигата и воедно првиот старт за Борнмут на 28 декември 2010 година, во гостинскиот пораз со 2-0 од Милтон Кинс Донс во Лига Еден, кога бил заменет во првото полувреме од Стив Флечер.[25] Тој започнал да станува редовен стартер во првиот тим на Борнмут во вториот дел од сезоната и го постигнал својот прв професионален гол против Свиндон Таун на 1 февруари 2011, во победата со 3-2 на Дин Корт.[26] Неговата добра форма била наградена со ново продолжување на договорот, овојпат до 2013 година.[7] На 26 февруари 2011 година, тој постигнал гол со глава за изедначување на резултатот во победата со 2-1 на гостински терен против Дагенам и Редбриџ.[27] На 1 април тој додал уште еден гол на својата сметка стрелајќи во мрежата на Питерборо Јунајтед во ремито 3-3.[28] Ингс бил во фантастична форма во текот на месец април, постигнувајќи четири гола на три натпревари. Тој постигнал прекрасен гол со "ножички" за изедначување на резултатот во последната минута од натпреварот против Транмир Роверс, меѓутоа, црешите сепак го загубиле тој натпревар со 2-1 со примен гол на самиот крај.[29] Тој исто така бил стрелец и во гостинската победа со 2–0 над Нотс Каунти.[30] Во ремито 2-2 против Јовил Таун Ингс за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, од кои еден бил од пенал.[31] Неговиот последен гол за Борнмут дошол во последниот натпревар на клубот за сезоната, полуфиналниот пораз од Хаудерсфилд Таун во плејофот за промоција, каде Борнмут бил елиминиран по изведување на пенали.[32]
Во летото 2011 година, тој бил поврзан со заминување од Борнмут откако големи клубови како Селтик, Ливерпул и Њукасл Јунајтед пројавиле интерес за него.[7] Фулам, уште еден клуб од Премиер лигата, пак доставил и официјална понуда од 400,000 фунти за Ингс која била одбиена од Борнмут.[7] Во јули 2011 година, Ингс бил награден со својот петти договор за дванаесет месеци, кој сега бил значително подобрен и според кој би требало да биде еден од најдобрите заработувачи во клубот.[7] Тој останал во клубот за време на претсезонските подготовки и започнал во првиот натпревар од сезоната во кој црешите регистрирале тежок пораз од 3-0 на гостувањето кај Чарлтон Атлетик. Тој натпревар се испоставил и како негов последен настап за Борнмут.[33]
Барнли
уредиНа 15 август 2011, Ингс потпишал за Барнли, клуб од Чемпионшип лигата, за необјавена сума за која се верува дека изнесувала околу 1 милион фунти.[34] Така тој се споил со поранешниот менаџер од Борнмут Еди Хау, кој се преселил во истата насока осум месеци порано.
Своето деби за Барнли го имал на 14 февруари 2012 година, во победата со 2-0 над Барнсли на Трф Мор, влегувајќи како доцна замена на местото на Чарли Остин.[35] Неговиот прв старт за Барнли се случил еден месец подоцна, на 10 март 2012 година, во ремито 1-1 на домашен терен со Кристал Палас.[36] Својот прв гол за Барнли Ингс го постиганал на 31 март, во победата со 5-1 над Портсмут на Фратон парк.[37] Веќе во следниот натпревар тој повторно бил стрелец, постигнувајќи го изедначувачкиот гол за својот тим во поразот од 3-1 од Бирмингем Сити.[38] Неговиот трет и последен гол за сезоната дошол во последниот натпревар од кампањата, во ремито 1-1 на домашен терен со Бристол Сити тресејќи ја мрежата на гостите со удар од далечена.[39] Својата прва сезона во Барнли ја завршил со 15 настапи и 3 гола сите во лигата.
Тој ја започнал сезоната 2012–2013 како прв избор во нападот за време на претсезонските подготовки, по продажбата на напаѓачот Џеј Родригес во Саутхемптон. Ингс започнал добро, постигнувајќи гол во две од пријателските натпревари во претсезоната, меѓутоа за несреќа се здобил со сериозна повреда на коленото во последниот подготвителен натпревар. Деталните прегледи покажале дека тој ја скинал 'рскавицата на коленото (другото колено за разлика од она со кое имал проблеми во претходната сезона), што резултирало со операција, која го задржала надвор од акција два месеци иако првичните предвидувања биле дека ќе пропутши дури шест месеци од сезоната. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 22 декември 2012 во ремито 2-2 на гостувањето кај Бирмингем Сити. Во сезоната 2012-2013, тој забележал 33 настапи и 3 гола.[40]
По заминувањето на најдобриот стрелец на Барнли, Чарли Остин во Квинс Парк Ренџерс, Ингс станал главен напаѓач на клубот во сезоната 2013–2014.[41] Тој собрал низа импресивни настапи во претсезонската кампања на кларетс и постигнал два гола на воведните три натпревари во лигата, како и гол во Лига купот против Јорк Сити.[42] Како награда за неговиот континуирано добар почеток на сезоната, Ингс бил прогласен за Играч на месецот во Чемпионшип за октомври.[43]
Во март 2014 година, Ингс бил избран за Играч на годината во Чемпионшип, пред другите двајца номинирани: напаѓачот на Лидс Јунајтед Рос Мекормак и играчот од средниот ред на Лестер Сити Дани Дринквотер.[44] Тој ја заврши сезоната 2013–2014 во Чемпионшип лигата со 22 гола, помагајќи му на Барнли да заврши на второто место и да избори промоција во Премиер лигата за наредната сезона.[45]
На 19 август 2014 година, Ингс го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-3 од Челси на Трф Мор.[46] Неговиот прв гол во Премиер лигата дошол во поразот на домашен терен со 1-3 од Евертон на 26 октомври.[47] На 22 ноември 2014 година, Ингс ги постигнал двата гола на Барнли во победата со 2-1 на гостувањето кај Стоук Сити, што била првата гостинска победа на клубот за сезоната.[48] Во текот на јануари и февруари 2015 година, Ингс постигнал пет гола на шест натпревари во Премиер лигата, помагајќи му на тимот да постигне нерешени резултати со Њукасл Јунајтед и Вест Бромвич Албион, и да го порази Квинс Парк Ренџерс.[49] Во мај, тој го постигнал победничкиот гол во победите со 1-0 над Хал Сити и Астон Вила за да ја заврши сезоната со 11 голови од 35 настапи во лигата, но сепак неуспеал да го спаси својот тим од испаѓање.
Ливерпул
уредиНа 8 јуни 2015 година, екипата на Ливерпул објавила дека тие ги договориле личните услови со Ингс, и дека во скоро време го очекуваат играчот да се појави на медицински тестови,[50] како и дека надоместокот што ќе му биде исплатен на Барнли ќе биде развојен за играчи под 24 години, или ќе биде утврден од страна на трибуналот.[51] Трибуналот донел одлука, трансфер сумата да биде утврдена од страна на комитетот за фудбалски компензации.[52] На 28 април 2016 година, сагата конечно била решена. Ливерпул требало да му плати на Барнли рекордна сума за расправата на трибуналот: 6,5 милиони фунти, со дополнителни 1,5 милиони фунти во бонуси поврзани со перформансите на играчот. Барнли подоцна добил и дополнителни 3,6 милиони фунти поради клаузулата според која на нив им припаѓале 20% од следната продажба, која се случила кога Ливерпул го продал Ингс во Саутхемптон за 18 милиони фунти.[53]
Своето деби Ингс го направил на 29 август 2015 година во поразот со 3-0 од Вест Хем Јунајтед на Енфилд.[54] Своето европско деби за клубот го направил на 17 септември во групната фаза од Лигата на Европа против Бордо во ремито 1-1, влегувајќи како замена на местото на Дивок Ориги.[55] Три дена подоцна, тој го заменил Кристијан Бентеке на полувремето и само три минути подоцна го постигнал својот прв гол за Ливерпул во ремито 1-1 против Норвич Сити.[56] На 4 октомври 2015 година, тој го постигнал првиот гол во ремито со истиот резултат против Евертон во Дербито на Мерсисајд.[57] На 15 октомври 2015 година, на својата прва тренинг сесија под водство на новиот менаџер Јирген Клоп, Ингс претрпел повреда на предниот вкрстен лигамент на левото колено и по првите прогнози требало да биде исклучен за остатокот од сезоната.[58] Сепак, Ингс се вратил на терените порано од предвиденото, забележувајќи настап од клупата за резерви во последниот натпревар од сезоната, ремито 1-1 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.[59]
Сезоната 2016-2017 Ингс ја започнал играјќи за резервите за да се врати во фитнес форма. На 25 октомври 2016 година, Ингс претрпел оштетување на десното колено на натпреварот од Лига купот против Тотенхем поради што следувал уште еден период надвор од акција овојпат и до 9 месеци.[60] Тој успешно бил подложен на операција за да се поправи штетата на коленото и започнал со рехабилитација во Мелвуд на 9 ноември.[61]
На 19 септември 2017 година, Ингс го остварил својот прв настап по 11 месеци пауза кога се појавил како замена во второто полувреме од поразот со 2-0 од Лестер Сити во Лига купот.[62] На 21 април 2018 година, тој го постигна својот прв гол по неговото враќање од повредата во реми 2-2 со Вест Бромвич Албион. Ова бил негов прв гол од 2015 година наваму и исто така негов прв и единствен гол под водството на Клоп.[63]
Саутхемтон
уредиОткако имал проблеми да најде простор за игра за време на сезоната 2017–2018 поради одличната форма на напаѓачите Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Садио Мане, Ингс побарал заминување од Ливерпул во текот на летото на 2018 година. Ингс бил популарна фигура во соблекувалната и Јирген Клоп не сакал да го пушти да замине и покрај неговите ограничени настапи во претходната сезона.[64] На 9 август 2018 година, Ингс му се приклучил на Саутхемптон на заем до крајот на сезоната, со можност за постојан трансфер на 1 јули 2019 година,[65] доколку светците му исплатат на Ливерпул 18 милиони фунти, плус можни дополнителни 2 милиони фунти во бонуси врз основа на настапи.[66] На 12 август, тој го направил своето деби како замена во второто полувреме во ремито без голови против неговиот поранешен клуб Барнли.[67] Својот прв гол за светците го постигнал пет дена подоцна во својот прв старт за клубот, во поразот со 2-1 од Евертон.[68] На почетокот на следниот месец, тој го постигнал првиот гол за Саутхемптон во победата со 2-0 на гостувањето кај Кристал Палас, помагајќи му на клубот да ја оствари својата прва првенствена победа во сезоната.[69] На 16 декември, Ингс постигнал два гола на еден натпревар за првпат од 2014 година во победата на домашен терен над Арсенал со 3-2.[70] Сезоната ја завршил со 25 настапи и 8 гола.
На 1 јули 2019 година, Саутхемтпон ја искористил опцијата да го откупи трајно Ингс од Ливерпул.[71]
Астон Вила
уредиРепрезентативна кариера
уредиНа 3 октомври 2013 година, Ингс го добил својот прв повик во репрезентацијата под 21 година од страна на селекторот Гарет Саутгејт.[72] Тој го направил своето деби една недела подоцна влегувајќи како замена во победата со 4-0 на гостински терен против Сан Марино.[73] Својот втор настап го имал против истиот противник на 19 ноември, и постигнал два гола во победата на Англија со 9-0 на Њу Мидоу.[74] Во јуни 2015, бил повикан да ја претставува Англија на Европското првенство за играчи под 21 година 2015, каде играл во сите три натпревари во групата која англичаните не успеале да ја минат. Ингс забележал вкупно 13 настапи и постигнал четири гола за репрезентацијата под 21 година во периодот од 2013 до 2015 година.
На 1 октомври 2015 година, Ингс го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Англија од селекторот Рој Хоџсон, за последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2016 против Естонија и Литванија.[75] Своето деби го направил на 12 октомври, заменувајќи го Хари Кејн во 59-тата минута од натпреварот против Литванија кој Англија го добила со 3-0 во Вилнус.[76]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
12-10-2015 | Вилниус | Литванија | 0 – 3 | Англија | Квал. за Евро 2016 | - | 59' | |
Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 0 |
Статистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 1 јануари 2020.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2009-авг. 2010 | Борнмут | ФЛ2 | 0 | 0 | ФАКуп | 0 | 0 | - | - | - | ТФЛ | 1 | 0 | 1 | 0 |
авг.-ное. 2010 | Дорчестер Таун | НЛЈ | 9 | 4 | ФАКуп | 2 | 2 | - | - | - | ТФА+ДСК[77] | 1+1 | 1+0 | 13 | 7 |
ное. 2010-2011 | Борнмут | ФЛ1 | 26+2[78] | 7+1[78] | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 8 |
авг. 2011 | ФЛ1 | 1 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Борнмут | 29 | 8 | 0 | 0 | - | - | 1 | 0 | 30 | 8 | |||||
авг. 2011-2012 | Барнли | ЧЛ | 15 | 3 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 15 | 3 |
2012-2013 | ЧЛ | 32 | 3 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 3 | |
2013-2014 | ЧЛ | 40 | 21 | ФАКуп+ЛК | 1+4 | 1+4 | - | - | - | - | - | - | 45 | 26 | |
2014-2015 | ПЛ | 35 | 11 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 11 | |
Вкупно Барнли | 122 | 38 | 8 | 5 | - | - | - | - | 130 | 43 | |||||
2015-2016 | Ливерпул | ПЛ | 6 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+1 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | - | 9 | 3 |
2016-2017 | ПЛ | 0 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 2 | 0 | |
2017-2018 | ПЛ | 8 | 1 | FACup+CdL | 1+1 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | - | - | - | 14 | 1 | |
Вкупно Ливерпул | 14 | 3 | 5 | 1 | 6 | 0 | - | - | 25 | 4 | |||||
2018-2019 | Саутхемптон | ПЛ | 24 | 7 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 25 | 8 |
2019-2020 | ПЛ | 21 | 13 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0+2 | - | - | - | - | - | - | 23 | 15 | |
Вкупно Саутхемптон | 45 | 20 | 3 | 3 | - | - | - | - | 48 | 23 | |||||
Вкупно во кариерата | 217+2 | 73 | 18 | 11 | 6 | 0 | 3 | 1 | 246 | 85 |
Титули
уредиПоединечни
уреди- Играч на годината: Чемпионшип лига 2013-2014
Наводи
уреди- ↑ „Дани Ингс“. Barry Hugman's Footballers. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ „D. Ings: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 3 November 2019.
- ↑ „Danny Ings: Overview“. Premier League. Посетено на 3 November 2019.
- ↑ „Storie di calcio: Danny Ings e il calcio che vorrei“.
- ↑ „Burnley FC player profiles: Danny Ings“. Burnley F.C. Архивирано од изворникот на 25 May 2015. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ „Burnley striker and ex-Saint Danny Ings takes aim at hometown club“. Southern Daily Echo. Southampton. Посетено на 26 June 2016.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Perrett, Neil (15 July 2011). „Cherries: Boss Lee offers Ings brand new contract“. Southern Daily Echo. Southampton. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Hart, Simon (26 April 2014). „The rise and rise of Danny Ings“. The Independent. Посетено на 1 Jan 2020.
- ↑ 9,0 9,1 Wadley, Ian (14 May 2008). „New intake for coach Joe“. Southern Daily Echo. Southampton. Посетено на 16 October 2009.
- ↑ „Northampton 2–1 Bournemouth“. BBC Sport. 6 October 2009. Посетено на 16 October 2009.
- ↑ Wadley, Ian (3 February 2011). „Cherries: Hot-shot Ings can only get better“. Southern Daily Echo. Southampton. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Wadley, Ian (1 December 2010). „Cherries: Howe has high hopes for star Ings“. Southern Daily Echo. Southampton. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Summers, Adan (11 September 2010). „Ings and out for Magpies“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (11 September 2010). „Ebbing away“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Mangoes crushed by Magpies“. Dorchester Town F.C. 25 September 2010. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (6 October 2010). „Loanee Danny extends Magpies stay“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (9 October 2010). „Magpies' cup dream is over“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (16 October 2010). „Loan duo strike for Magpies“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (30 October 2010). „Moss earns treble for Magpies“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (9 November 2010). „Magpies' run ended“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (12 November 2010). „Danny boy delight for Magpies“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (20 November 2010). „Away-day joy earns £4,000 for Magpies“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 22 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Capel, Ky (23 November 2010). „Danny departs Magpies“. Dorchester Town F.C. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ Perrett, Neil (30 November 2010). „Cherries: Ings signs contract extension“. Southern Daily Echo. Southampton. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „MK Dons 2–0 Bournemouth“. BBC Sport. 28 December 2010. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Bournemouth 3–2 Swindon“. BBC Sport. 1 February 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Dag & Red 1–2 Bournemouth“. BBC Sport. 26 February 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Peterborough 3–3 Bournemouth“. BBC Sport. 1 April 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Bournemouth 1–2 Tranmere“. BBC Sport. 9 April 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Notts County 0–2 Bournemouth“. BBC Sport. 16 April 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Yeovil 2–2 Bournemouth“. BBC Sport. 23 April 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Huddersfield 3–3 Bournemouth“. BBC Sport. 18 May 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Charlton 3–0 Bournemouth“. BBC Sport. 6 August 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Burnley sign Bournemouth striker Danny Ings“. BBC Sport. 15 August 2011. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Burnley 2–0 Barnsley“. BBC Sport. 14 February 2012. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Burnley 1–1 Crystal Palace“. BBC Sport. 10 March 2012. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Portsmouth 1–5 Burnley“. BBC Sport. 31 March 2012. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Burnley 1–3 Birmingham“. BBC Sport. 3 April 2012. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Burnley 1–1 Bristol City“. BBC Sport. 28 April 2012. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Burnley's Danny Ings faces up six months out with knee injury“. BBC Sport. 13 August 2012. Посетено на 14 September 2012.
- ↑ „Charlie Austin: QPR sign Burnley striker for undisclosed fee“. BBC Sport. 1 August 2013. Посетено на 1 August 2013.
- ↑ „York 0–4 Burnley“. BBC Sport. 6 August 2013. Посетено на 8 July 2015.
- ↑ „Ings named Player of the Month“. The Football League. 8 November 2013. Архивирано од изворникот на 18 August 2014.
- ↑ „Danny Ings named Sky Bet Championship Player of the Year“. The Football League. 17 March 2014. Архивирано од изворникот на 12 February 2015.
- ↑ „Exclusive – Ings on Burnley in the Premier League and his England hopes“. TalkSport. Архивирано од изворникот на 2015-07-09. Посетено на 1 June 2015.
- ↑ „Premier League: Burnley v Chelsea – In pictures“. The Guardian. London. 19 August 2014.
- ↑ „Danny Ings nets his first Premier League goal for Burnley“. The Football Association. 26 October 2014.
- ↑ Emons, Michael (22 November 2014). „Stoke 1–2 Burnley“. BBC Sport. Посетено на 23 November 2014.
- ↑ „Man Utd 3–1 Burnley“. BBC Sport. 11 February 2015.
- ↑ „Reds agree deal to sign Danny Ings“. Liverpool F.C. 8 June 2015. Посетено на 8 June 2015.
- ↑ Hughes, David (29 May 2015). „Danny Ings to Liverpool: Reds may have to pay record £8m tribunal fee to secure free agent“. The Independent. London. Посетено на 8 June 2015.
- ↑ „Архивиран примерок“. The Football League. Архивирано од изворникот на 12 May 2011. Посетено на 4 August 2015.
- ↑ Hunter, Andy (28 April 2016). „Liverpool must pay record £8m to Burnley for Danny Ings, tribunal rules“. The Guardian. London.
- ↑ „Liverpool 0–3 West Ham“. BBC Sport. 29 August 2015. Посетено на 30 August 2015.
- ↑ „Liverpool manager Brendan Rodgers buoyed by young team“. BBC Sport. Посетено на 18 September 2015.
- ↑ Jennings, Patrick (20 September 2015). „Liverpool 1–1 Norwich City“. BBC Sport. Посетено на 21 September 2015.
- ↑ „Everton 1–1 Liverpool“. BBC Sport. 4 October 2015. Посетено на 5 October 2015.
- ↑ „Danny Ings: Liverpool striker out for season with knee injury“. BBC Sport. 15 October 2015. Посетено на 15 October 2015.
- ↑ Sport, Mike Henson BBC. „West Bromwich Albion 1–1 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ „Danny Ings: Liverpool striker to miss rest of the season because of injury“. BBC Sport. 2 November 2016.
- ↑ Shaw, Chris (9 November 2016). „Danny Ings returns to Melwood to begin rehab“. Liverpool F.C. Посетено на 9 November 2016.
- ↑ „Islam Slimani strike seals Leicester win as Liverpool crash out of Carabao Cup“. The Guardian. London. 20 September 2017. Посетено на 20 September 2017.
- ↑ „West Brom facing relegation despite fightback against Liverpool“. BBC Sport. 21 April 2018. Посетено на 21 April 2018.
- ↑ Joyce, Paul (1 September 2018). „Danny Ings interview: At Liverpool I would go home, sit with my dogs and feel upset. I moved to Southampton to be happy“. The Times. London. Посетено на 16 December 2018.
- ↑ „Transfer news: Liverpool's Danny Ings joins Southampton on loan“. BBC Sport. 9 August 2018. Посетено на 9 August 2018.
- ↑ Bascombe, Chris; Wilson, Jeremy (9 August 2018). „Danny Ings completes £20m Southampton move“. The Daily Telegraph. Посетено на 10 August 2018.
- ↑ „Danny Ings makes debut as Saints draw at home to Burnley“. Eurosport. 12 August 2018. Посетено на 6 September 2018.
- ↑ „Saints beaten despite Ings's first goal“. Southampton F.C. 18 August 2018. Посетено на 6 September 2018.
- ↑ MacInnes, Paul (1 September 2018). „Danny Ings stuns Crystal Palace as Southampton claim first league win“. The Guardian. London. Посетено на 6 September 2018.
- ↑ Southampton 3-2 Arsenal: Danny Ings brace and Charlie Austin winner as Saints end Gunners unbeaten run sportinglife.com
- ↑ „Danny Ings: Southampton sign Liverpool striker for £20m“. BBC Sport. Посетено на 2 July 2019.
- ↑ "Liverpool winger Raheem Sterling in England Under-21 squad" BBC Sport. 3 October 2013. Retrieved 20 November 2013.
- ↑ "San Marino U21s 0–4 England U21s: Harry Kane nets hat-trick" BBC Sport. 10 October 2013. Retrieved 20 November 2013.
- ↑ "England U21 9–0 San Marino" BBC Sport. 19 November 2013. Retrieved 20 November 2013.
- ↑ „England call up Dele Alli and Danny Ings for final two Euro 2016 qualifiers“. The Guardian. London. Посетено на 27 April 2016.
- ↑ McNulty, Phil (12 October 2015). „Lithuania 0 England 3“. BBC Sport. Посетено на 13 October 2015.
- ↑ Сениор куп на Дорсет
- ↑ 78,0 78,1 Во плејофот.