Маријанс Пахарс (роден на 5 август 1976, во Чорнобај) — латвиски фудбалски тренер и поранешен играч, кој играл на позицијата напаѓач.[1]

Маријанс Пахарс
Лични податоци
Полно име Маријанс Пахарс
Роден на 5 август 1976(1976-08-05)(48 г.)
Роден во Чорнобај, СССР, денес Украина
Држава Латвија Латвија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Играчки податоци
Позиција напад
Повлекување 2010 (34 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994 Пардаугава 17 (3)
1995 Сконто-Металс 16 (4)
1995-1998 Сконто Сконто 85 (44)
1999-2006 Саутхемптон Саутхемптон 137 (43)
2006-2007 Анортозис Фамагуста Анортoзис Фамагуста 19 (4)
2008 Сконто Сконто 19 (8)
2009-2010 Јурмала Јурмала 2 (0)
Репрезентација
1996-2007 Латвија Латвија 75 (15)
Раководител на екипите
2010-2011 Сконто Сконто (асистент)
2011-2012 Сконто Сконто
2013 Латвија Латвија 21
2013-2017 Латвија Латвија
2018-2019 Јелгава Јелгава
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Технички одлики

уреди

Висок само 174 сентиметри, Пахарс имал одлична техника и можел да игра било каде во напаѓачката линија, десно, лево и како централен напаѓач.[2][3] Неговиот прекар е "Латвискиот Мајкл Овен".[2]

Клупска кариера

уреди

Сконто

уреди

Роден во Чорнобај, Украина од Латвијски родители, Пахарс пораснал како навивач на Спартак Москва. Кога имал околу 8 години, Јурис Андрејевс, тренер на фудбалскиот клуб Сконто го посетил неговото училиште, како резултат на што Пахарс решил да игра фудбал. Токму Андрејевс, имал најголемо влијание во фудбалската кариера на Пахарс.

На 18 години тој потпишал за Пардаугава пред да се пресели во Сконто Металс, втората екипа на Сконто, а потоа и во првиот тим од 1995 година. Тој првично играл како играч од средниот ред, најчесто како крило, пред да биде префрлен во улогата на напаѓач. Својата прва сезона во првиот тим на Сконто ја завршил со 8 гола во 9 натпревари во латвијското првенство,[4] а следната веќе постигнал 12 гола на 28 натпревари, по што веќе станал репрезентативец на својата земја и бил наречен "Латвискиот Мајкл Овен".[5]

Во сезоната 1998, Пахарс постигнал 19 голови на 26 натпревари за Сконто со што бил втор стрелец на тимот зад Михаилс Михолапс кој постигнал 20. За одбележување бил натпреварот од 24-тото коло на латвиското првенство, кога двајцата играчи постигнале по пет гола во победата на Сконто над Валмиерас со 15-2.[6] Неговиот напредок го привлекол вниманието на неколку клубови од најсилните лиги во Европа; тој имал проби во Салернитана (Италија), Вердер Бремен (Германија) и Салцбург (Австрија), за потоа да потпише за Саутхемптон откако му бил препорачан на менаџерот на светците Дејв Џонс од страна на Гари Џонсон - селекторот на латвијската репрезентација.

Саутхемптон

уреди

Пахарс најпрво имал проба во Саутхемптон, играјќи во натпревар на резервниот тим против Оксфорд Јунајтед на 10 февруари 1999 година, во кој постигнал идеален хет-трик - постигнувајќи гол со глава, со левата и со десната нога во победата со 7-1. Веднаш потоа светците го договориле надоместокот за трансферот на Пахарс со Сконто кој требало да изнесува околу 800,000 фунти, но и покрај тоа трансферот не бил сè уште реализиран поради тешкотиите во добивањето на работната дозволата и приговорите на ПФА. Сепак, овие проблеми биле надминати и тој конечно им се придружил на својте нови соиграчи во март 1999 година, со што станал првиот латвиец кој играл во Премиер лигата.

Своето деби за Саутхемптон Пахарс го направил на 5 април 1999 година, влегувајќи во 70-тата минута како замена од клупата за резерви во поразот со 1-0 на гостувањето кај Ковентри Сити. Дванаесет дена подоцна, на своето домашно деби на стадионот Дел на 17 април, Пахарс повторно влегол од клупата и го постигнал изедначувачкиот погодок во ремито 3-3 против Блекбурн Роверс. Во истиот натпревар тој имал можност да му донесе и победа на својот тим меѓутоа бил за малку непрецизен. Во тоа време, светците грчевито се бореле за опстанок во Премиер лигата и влегле во последниот натпревар од сезоната со нерешен статус така што им била потребна победа за да го загарантираат своето место во елитата и следната сезона. Во последниот натпревар од сезоната Саутхемптон го дочекал Евертон на Дел, а Пахарс бил херојот на домаќините постигнувајќи два гола во победата со 2-0 со што го обезбедил статусот на светците во Премиер лигата за следната сезона.

Тој настапил на 33 настапи во текот на сезоната 1999–2000, завршувајќи како најдобар стрелец на клубот со 13 голови. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 15 август 1999, во третото коло од Премиер лигата, во кое Саутхемптон го победил Њукасл Јунајтед со 4-2. Во јануари 2000, менаџерот Дејв Џонс бил отпуштен и заменет од Глен Ходл, кој решил да го пресели Пахарс на позицијата втор напаѓач со поширок полупречник на движење, со теорија дека ќе може да им наштети на противниците со неговиот дриблинг и темпо, и да обезбеди шанси за соиграчите, како и тој самиот да постигнува голови. Како резултат на оваа промена, головите на Пахарс се вратиле по еден подолг период на суша кога тој ја погодил мрежата на Вест Хем Јунајтед во победата со 2-1 на домашен терен на 5 февруари 2000. Интересно е тоа што тој двапати во текот на оваа сезона ја бил стрелец против подоцнежниот англиски шампион Манчестер Јунајтед и тоа по еднаш во двата натпревари, прво на Олд Трафорд во ремито 3-3, а потоа постигнал прекрасен соло гол во поразот со 1-3 на Дел.

Својте први голови во следната сезона, Пахарс ги постигнал на 26 август 2000 против Ливерпул, кога со двата гола го помогнал невероватното враќање на светците кои од 0-3 стигнале до 3-3 во последните 17 минути од натпреварот. На 16 септември, тој ги постигнал двата гола во победата со 2-0 на домашен терен над Њукасл Јунајтед. По импресивниот почеток на сезоната, во кој постигнал 6 голови во првите 8 кола од лигата играјќи како напаѓач, тој бил вратен во подлабока улога, и неговата форма опаднала како резултат на тоа. Тој сепак, и по натаму претставувал закана со обезбедување на шанси за своите соиграчи, но неговата форма била многу непостојана и тој го пронашол патот до мрежата само уште трипати до крајот на сезоната завршувајќи со 9 голови на својата сметка.

По слабиот лигашки почеток на Саутхемптон во сезоната 2001-2002 во која забележале три порази во првите три кола без постигнат гол, Пахарс влегол од клупата за резерви и го постигнал првиот гол за светците во лигата за сезоната и тој воедно бил победнички во успехот со 1-0 на гостувањето кај Болтон Вондерерс на 15 септември 2001 година. Така тој ја започнал својата серија од три натпревари по ред во кој постигнувал голови отакако покрај на Болтон ги затресол мрежите и на Астон Вила и Мидлсбро. На 24 ноември тој постигнал уште еден победнички гол во победата со 1-0 на домашен терен над Чарлтон Атлетик. За жал, по влезот во Новата година неговите голови повторно значително се намалиле, но тој ја завршил сезоната со својот најдобар учинок како играч на светците од вкупно 16 голови комбинирано во лигата и ФА Купот. 16-те гола на Пахарс и 14-те на неговиот партнер во нападот Џејмс Бити ги направило нив двајца второ најдобро напаѓачко дуото по бројот на постигнати голови во Премиер лигата.

Во летото 2002 година, Пахарс побарал да оди на операција од кила, која го принудила да го пропушти целиот претсезонски подготвителен период. Иако тој постигнал гол од пенал во победата со 1-0 на домашен терен над Евертон на 11 септември, тој никогаш не се опоравил целосно од неговата повреда. Неговата форма во раниот дел од сезоната била далеку од најдобрата и суспензијата по добивањето на црвен картон во натпреварот на домашен терен против Манчестер Сити на 5 октомври не му била од помош да го промени тоа. Потоа, тој тешко го повредил глуждот во ноември 2002 година, поради што морал да оди на друга операција која го извадила надвор од акција до крајот на сезоната. Како резултат на тоа тој го пропуштил и финалето на ФА Купот со што била заокружена неговата најмизерна сезона по доаѓањето во Англија.

На почетокот на сезоната 2003-2004, Пахарс повторно бил спречен да игра поради повреда и враќањето на терен со резервите било уништено со повторливи повреди. Сепак, тој успеал да ги одигра завршните минути од реванш натпреварот во баражот после кој Латвија изборила пласман на Европското првенство 2004. Со тоа како дополнителен поттик да се вклопи во потполност, тој се нашол во почетната постава на светците за 3 последователни натпревари, кои завршиле со победи. Неговиот прв гол за сезоната - и прв после повеќе од една година - дошол во победата со 3-0 на домашен терен над локалните соперници Портсмут на 21 декември 2003.

Откако се опоравил во потполност од повредата, тој бил повторно повреден во претсезонскиот натпревар против Свиндон Таун. Доцна во натпреварот тој бил жртва на еден опасен старт кој резултирал со повреда на истиот глужд кој веќе претрпел три операции[7] поради што испаднал од комбинација да игра на почетокот на сезоната. Враќањето на терен со резервите ветувало дека тој набрзо ќе се врати во акција со првиот тим, сè додека проблемите не се појавиле повторно, предизвикувајќи да ја промаши целата сезона во фрустрирачки околности, бидејќи светците испаднале од највисокиот ранг на наѕпреварување во англискиот фудбал после 28 години.

Следната сезона во Чемпионшип била уште една фрустрирачка во низа откако тој повторно минал низ период од повреда во повреда, и неговите обиди за враќање на терен долгорочно биле уништени. Тој направил само 10 настапи (8 во лигата и 2 во ФА Купот) во текот на сезоната, постигнувајќи еден гол во неверојатниот натпревар против Лидс Јунајтед во кој светците воделе со 3-0 за на крајот да загубат со 3-4. Малиот број настапи на Пахарс не му бил од помош за да ја спаси неговата кариера кај светците и, во мај 2006 година, по седум години во клубот во кои забележал 156 настапи и 45 голови за клубот, било објавено дека неговиот договор со Саутхемптон не би бил обновен за следната сезона.

Во последниот натпревар од сезоната, на 30 април 2006 година Пахарс имал „почесен круг на благодарност“ околу стадионот Сент Мери, во емотивното збогување на играчот со многуте присутни навивачи на Саутхемптон.

Анортозис Фамагуста

уреди

Во јули 2006 година, Пахарс потпишал за кипарскиот клуб Анортозис Фамагуста, кој бил воден од клупата од поранешниот грузиски репрезентативец Темури Кецбаја.

Неговите проблеми со повреди продолжиле и во Анортозис и како резултат на тоа, во јануари 2008 година, тој бил ослободен од договорот.

Враќање во Латвија

уреди

По 10 години играње во странство, Пахарс се вратил во Латвија во 2008 година приклучувајќи му се на неговиот поранешен клуб Сконто. Тој одиграл една сезона таму помагајќи му на клубот да постигне добри резултати во државното првенство. По завршувањето на сезоната, тој го напуштил Сконто и се приклучил на екипата на Јурмала завршувајќи ја својата кариера таму со два настапи во првенството.

Репрезентативна кариера

уреди

Своето деби за латвиската репрезентација Пахарс го направил на почетокот на 1996 година, поточно на 12 март 1996 година во поразот со 1-0 од Кипар во пријателски натпревар. Неговиот прв погодок за својата земја го постигнал во својот деветти натпревар на домашен терен против Полска во поразот со 2-3 во уште една пријателска на 17 февруари 1997 година.

Во периодот од 1998 до 2001 година, Пахарс трипати бил избран за Латвиски фудбалер на годината. За време на периодите на повреди, тој сепак успеал да ги одигра завршните минути од реванш натпреварот од баражот за Европското првенство 2004 на кое Латвија успеала да се пласира благодарение на ремито 2-2 против Турција на 19 ноември 2003 година. Иако со толку многу проблеми со повреди во текот на сезоната, тој сепак успеал да биде спремен за Европското првенство 2004 и започнал како замена во сите три натпревари на Латвија од групната фаза. Меѓутоа, тој сепак успеал да го почувствува вкусот на првенството влегувајќи од клупата за резерви во сите три натпревари.

Во 2006 година, по пауза од повеќе од две години Пахарс се вратил во репрезентацијата играјќи нешто повеќе од половина час во поразот на домашен терен со 0-1 од Шведска во квалификациите за Европското првенство 2008. Својот последен натпревар за латвиската репрезентација го одиграл во истите квалификации против истиот противник на 21 ноември 2007.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Латвија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
12-3-1996 Ларнака Кипар   1 – 0   Латвија Пријателска -
14-8-1996 Рига Латвија   0 – 0   Финска Пријателска -   64'
1-9-1996 Рига Латвија   1 – 2   Шведска Квал. за СП 1998 -   28'
5-10-1996 Рига Латвија   0 – 2   Шкотска Квал. за СП 1998 -
9-10-1996 Минск Белорусија   1 – 1   Латвија Квал. за СП 1998 -
9-11-1996 Виена Австрија   2 – 1   Латвија Квал. за СП 1998 -   65'
14-2-1997 Паралимни Кипар   2 – 0   Латвија Пријателска -
15-2-1997 Фамагуста Латвија   1 – 0   Литванија Пријателска -   46'
17-2-1997 Фамагуста Полска   3 – 2   Латвија Пријателска 1
2-4-1997 Луцерн Швајцарија   1 – 0   Латвија Пријателска -   64'
30-4-1997 Рига Латвија   2 – 0   Белорусија Квал. за СП 1998 -   66'
18-5-1997 Талин Естонија   1 – 3   Латвија Квал. за СП 1998 -
8-6-1997 Рига Латвија   1 – 3   Австрија Квал. за СП 1998 -     35', 39'
25-6-1997 Рига Латвија   4 – 1   Андора Пријателска -
10-7-1997 Вилнус Естонија   1 – 2   Латвија Пријателска 1
11-7-1997 Вилнус Литванија   1 – 0   Латвија Пријателска -
19-8-1997 Рига Латвија   0 – 0   Азербејџан Пријателска -
10-9-1997 Солна Шведска   1 – 0   Латвија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Глазгов Шкотска   2 – 0   Латвија Квал. за СП 1998 -
6-2-1998 Та-Кали Грузија   2 – 1   Латвија Пријателска -
8-2-1998 Та-Кали Малта   2 – 1   Латвија Пријателска 1   46'
10-2-1998 Та-Кали Албанија   2 – 2   Латвија Пријателска 2
21-4-1998 Лиепаја Латвија   1 – 2   Литванија Пријателска -   22'
17-5-1998 Рига Латвија   1 – 5   Израел Пријателска -   75'
25-6-1998 Валга Естонија   0 – 2   Латвија Пријателска 1   69'
19-8-1998 Рејкјавик Исланд   4 – 1   Латвија Пријателска -   90'
6-9-1998 Осло Норвешка   1 – 3   Латвија Квал. за Евро 2000 1   81'
10-10-1998 Рига Латвија   1 – 0   Грузија Квал. за Евро 2000 -   89'
14-10-1998 Марибор Словенија   1 – 0   Латвија Квал. за Евро 2000 -
10-11-1998 Тунис Тунис   3 – 0   Латвија Пријателска -   26',   65'
Вкупно Настапи (17. место) 75 Голови (4. место) 15

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Сконто

уреди
1996, 1997, 1998
1997, 1998

  Анортозис Фамагуста

уреди
2007-2008
2006-2007

Поединечни

уреди
1999, 2000, 2001

Тренерски

уреди

  Сконто

уреди
2011-2012

Наводи

уреди
  1. Маријанс Пахарс на soccerway
  2. 2,0 2,1 „Marians Pahars“ (англиски). news.bbc.co.uk. 2004. Посетено на 13 јануари 2009.
  3. „Profilo su Footballdatabase.com“ (англиски). Архивирано од изворникот на 9 октомври 2007. Посетено на 23 мај 2011.
  4. „ФК СКОНТО - сезона 1995“ (латвиски). Архивирано од изворникот на 2 март 2009. Посетено на 13 јанурари 2009. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  5. „ФК СКОНТО - сезона 1996“ (латвиски). Архивирано од изворникот на 2 март 2009. Посетено на 13 јануари 2009.
  6. „ФК СКОНТО - сезона 1998“ (латвиски). Архивирано од изворникот на 2 март 2009. Посетено на 13 јануари 2009.
  7. „Pahars injury woes continue | Football“. The Guardian. Посетено на 18 December 2015.

Надворешни врски

уреди