ФК Рома сезона 2000-2001

(Пренасочено од ФК Рома сезона 2000-01)

ФК Рома ја освоиле нивната трета титула шампион на Италија, освојувајќи го насловот во сезоната 2000-01 во Серија А, и така трофејот наменет за победникот останал во главниот град на Италија откако сезоната пред тоа триумфирал градскиот соперник Лацио. Трансферот на искусниот напаѓач на Фјорентина, Габриел Батистута одиграл клучна улога за титулата на Рома, бидејќи аргентинецот постигнал 20 гола во Серија А со кои уште еднаш потврдил дека е голема ѕвезда во светскиот фудбал.

Рома
сезона 2000–2001
СопственикИталија Франко Сенси
ТренерИталија Фабио Капело
Скудето Серија А1-ви (3. титула)
Куп на Италија Куп на Италијаосминафинале
Куп на УЕФА Куп на УЕФАчетврта рунда
Најдобар стрелецЛига:
Аргентина Габриел Батистута (20)
Вкупно:
Аргентина Габриел Батистута (21)

Тренерот Фабио Капело се врати уште еднаш на врвот на Серија А, за првпат од како предводел Милан во сезоната 1995-96, а неколку играчи беа навистина влијателен фактор во трансформацијата на тимот кој завршил шести во претходната година. Кафу и Винсент Кандела играа како крила во 3-5-2 формација, и во комбинација со креативен гениј како Франческо Тоти, чувството за голови на Винченцо Монтела, дефанзивните квалитети во средниот ред на Емерсон, и даваа на Рома значително офанзивна предност над своите соперници. Младиот аргентински дефанзивец Валтер Самуел, исто така, се покажа од клучно значење, и неговата прва сезона со Рома резултирше веднаш со наслов.

Титулата беше освоена по победата со 3-1 над Парма на домашен терен, натпревар кој се очекуваше да биде тежок за "римјаните". Сепак, натпреварот поминал лесно за Рома благодарение на големото трио Тоти, Монтела и Батистута кој ги постигнале головите.

Тим уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Франческо Антониоли
2   ОД Кафу
3   ОД Заго
4   СР Кристијано Занети
5   СР Маркош Асунсао
6   ОД Алдаир
7   СР Еузебио Ди Франческо
8   СР Хидетоши Наката
9   НП Винченцо Монтела
10   НП Франческо Тоти
11   СР Емерсон
12   ГМ Марко Амелија
Бр. Позиција Играч
15   ОД Џонатан Зебина
16   СР Гаетано Д'Агостино
17   СР Дамијано Томази
18   НП Габриел Батистута
19   ОД Валтер Самуел
21   НП Абел Балбо
22   ГМ Кристијано Лупатели
23   ОД Алесандро Риналди
24   НП Марко Делвекијо
25   СР Џани Гигу
28   ОД Амадео Мангоне
32   ОД Винсент Кандела

Серија А уреди

Завршна табела уреди

P W D L F A GD Pts
Шампион 1 Рома 34 22 9 3 68 33 +35 75
ЛШ 2 Јувентус 34 21 10 3 61 27 +34 73
ЛШ Кв. 3 Лацио 34 21 6 7 65 36 +29 69
ЛШ Кв. 4 Парма 34 16 8 10 51 31 +20 56
УЕФА Куп 5 Интер 34 14 12 8 57 52 +5 51
УЕФА Куп 6 Милан 34 14 11 9 50 37 +13 49
  7 Аталанта 34 15 7 12 40 40 0 44
Интертото 8 Бреша 34 13 7 14 38 46 -8 44
УЕФА Куп 9 Фјорентина 34 12 9 13 41 50 −9 43
  10 Болоња 34 12 8 14 43 47 -4 43
  11 Перуџа 34 10 13 11 37 39 −2 42
  12 Удинезе 34 11 9 14 49 43 +6 38
  13 Лече 34 9 13 12 43 52 −9 37
Испаѓа 14 Реџина 34 10 7 17 32 49 −17 37
  15 Верона 34 10 7 17 40 59 −19 37
Испаѓа 16 Виченца 34 9 9 16 37 51 −14 36
Испаѓа 17 Наполи 34 8 12 14 35 51 −16 36
Испаѓа 18 Бари 34 5 5 24 31 68 −37 20

Натпревари уреди

Куп на Италија уреди

Фаза-Најдобрите 16 уреди

Куп на УЕФА уреди

Список на стрелци уреди

Надворешни врски уреди

RSSSF - Italy 2000/01