Тартски договор (Русија-Естонија)
Тартски мировен договор (естонски: Tartu rahu, буквално „Тартски мир“) или Договорот од Тарту — мировен договор помеѓу Естонија и Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) потпишан на 2 февруари 1920 година со кој завршила борбата за независност на Естонија. Условите во договорот наведувале дека „Русија безусловно“ ја признава независноста на Република Естонија (де јуре) и засекогаш се откажува од правата за поседување на територијата на Естонија. Ратификациите на договорот биле разменети во Москва на 30 март 1920 година. Бил впишан во списокот на договори на Друштвото на народите на 12 јули 1922 година.[1]
Естонија пред договорот
уредиЕстонија била покраина на царска Русија од 1710 година и била предмет на еден вид странска превласт од XIII век.[2] Со отпочнувањето на Првата светска војна, Руското царство влегло во револуција и граѓанска војна. Како дел од овој поголем конфликт, Естонците објавиле независност од Русија и ја издвојувале својата слобода во текот на борбата за независност на Естонија. Како симбол на естонската самостојност, Јурјев/Дорпат официјално го добил своето естонско име, Тарту. Новата комунистичка руска влада ја признала самостојноста на Естонија со Тартскиот договор од 1920 година.[3]
Одредби од договорот
уредиДоговорот ја засновал границата помеѓу Естонија и Русија, го потврдил правото на Естонците да се вратат во Естонија и на Русите да се вратат во Русија и барал естонскиот подвижен имот пренесен во Русија во Првата светска војна да биде вратен во Естонија. Русија, исто така, се согласила да го отпише целиот долг од царско време и да ѝ плати 15 милиони златни рубљи на Естонија, сразмерен дел од златните резерви на поранешното Руско царство. Дополнително, Русија се согласила да додели концесии за користење на еден милион хектари шумски подрачја во Русија и да изгради железничка пруга од естонската граница до Москва. За возврат, Естонија требало да дозволи РСФСР да изгради слободно пристаниште во Талин или во некое друго пристаниште и да постави хидроцентрала на реката Нарва.[4]
Потписници
уредиДоговорот бил потпишан од Јан Поска од естонска страна и Адолф Јофе за советска Русија, како и од други претставници на обете страни.
Значење
уредиТартскиот мировен договор се смета за „извод на родените“ на Република Естонија бидејќи било првото признавање на државата.[5] Договорот бил исто така од највисоко значење за дипломатски изолираната советска Русија, а Ленин изразил задоволство со договорот како „неспоредлива победа над западниот империјализам“.[4] Некои членови на Антантата се спротивставиле на договорот со намера да ја чуваат советска Русија во меѓународна изолација.
Последици
уредиПо потшувањето, советска Русија не исполнила некои точки од договорот, на пример, музејските збирки на Тартскиот универзитет не се вратени до денес од Вороњеж[6] и преселбата на Естонците била попречувана.[7] Подоцна, Естонија била припоена од СССР во текот на Втората светска војна.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ League of Nations Treaty Series, vol. 11, pp. 30-71.
- ↑ Remembering the Tartu Peace Treaty Архивирано на 14 јули 2014 г..
- ↑ „Introduction to Tartu“. Архивирано од изворникот на 2017-05-16. Посетено на 2016-02-02.
- ↑ 4,0 4,1 Georg von Rauch, The Baltic States: The Years of Independence 1917-1940, Hurst & Co, 1974, p73
- ↑ Frucht, Richard (2005). Eastern Europe. ABC-CLIO. стр. 76. ISBN 1-57607-800-0.
- ↑ „UT ART MUSEUM PRESENTED CATALOGUE OF UNIVERSITY ART COLLECTION HELD AT VORONEZH, RUSSIA“. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 2012-02-07.
- ↑ Ülo Kaevats et al. 1996. Eesti Entsüklopeedia 9. Tallinn: Eesti Entsüklopeediakirjastus, ISBN 5-89900-047-3
Надворешни врски
уреди- Тартски договор (Русија-Естонија) на Ризницата ?
- Текст на договорот