Естонски фестивал на песната

Естонскиот фестивал на песната (на естонски: laulupidu) — еден од најголемите хорски настани во светот, ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото.[1] Се одржува на секои пет години во јули на теренот на фестивалот за песна во Талин истовремено со Естонскиот танцов фестивал.[2] Заедничкиот хор сочинува повеќе од 30.000 пејачи кои настапуваат пред 80.000 публика.[2] [3]

XXVI прослава на естонската песна во 2014 година
Еден момент пред отворањето на 25-тиот фестивал на песната на Естонија (2009) на теренот на фестивалот за песна во Талин
XIX фестивал на естонската песна во Талин, 1980 година
Естонскиот претседател Томас Хендрик Илвес говорејќи на XXVI фестивал на естонската песна во 2014 година
Музеј на фестивал на песна во Тарту

Речиси секој фестивал содржи познати естонски песни, неофицијалната национална химна и националната химна.

Историја

уреди

Традицијата на фестивалот на песната се родил заедно со естонското национално движење. Првиот национален фестивал на песна бил одржан во Тарту во летото 1869 година.[2] Еден од организаторите на првиот фестивал на песната бил Јохан Волдемар Јансен. На првите три фестивали учествувале само машки хорови и дувачки оркестри. На првиот фестивал учествувале 822 пејачи и 56 блех играчи. Почнувајќи од четвртиот фестивал, учествувале и мешани хорови. Почнувајќи со шестиот фестивал во 1896 година, фестивалската традиција се преселила во Талин.

Почнувајќи од 1947 година, советските власти принудиле странски песни на репертоарот. Секој настан морал да ја вклучи државната химна на Естонската ССР, Интернационалата и Државната химна на Советскиот Сојуз.[2] Поради вклучувањето на детски и машки хорови, вкупниот број на учесници се искачил на 25.000 – 30.000 луѓе. Фестивалот за танц и гимнастика на Првите естонски игри започнал во 1934 година, станал претходник на подоцнежните национални фестивали на танцот што го придружувале фестивалот на песната.

Во 2019 година, бројот на посетители на фестивалот на песна го достигнал својот максимум. Речиси 60.000 билети биле распродадени од претпродажбата за концертот на XXVII фестивал на песната „Мину арм“ („Љубов моја“), а заедно со 35.000 пејачи и музичари кои учествувале, дошло до ситуација каде што претпродажбата на билетите била суспендирана со одлуката на организаторите заради безбедноста на луѓето.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Estonian song and dance celebration“. VisitEstonia.com (англиски). Посетено на 16 October 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Estonian Song and Dance Celebrations Estonian Song and Dance Celebration Foundation
  3. Lauluväljakul oli teisel kontserdil 110 000 inimest (110,000 people in the Song Festival Grounds during the second concert. In Estonian). Delfi

Надворешни врски

уреди