Силициумска Долина

подрачје на заливската област на Сан Франциско посветено на висока технологија

Силициумска Долина (англиски: Silicon Valley) — подрачје во заливската област на Сан Франциско во Северна Калифорнија., САД Името отпрвин било поврзано со големиот број на произведувачи на интегрални кола кои постојат во регионот, но, со време има станато синоним за сите бизниси кои се занимаваат со висока технологија.

Поглед кон центарот на Сан Хосе, самопрогласениот „главен град на Силициумската Долина“.

Силициумската Долина го опфаќа северниот дел на Санта Клара Долината и соседните места во јужните делови на Санфранцискиот Полуостров и источниот залив. Долината се простира отприлика од Менло Парк (на полуостровот) и областа Фримонт - Њуерк во Источниот Залив, па сè до Сан Хосе, со центар во Санивејл. Делот од Калифорнскиот пат 17 кој поминува низ планинскиот венец Санта Крус, долината Скотс и градот Санта Крус понекогаш исто се сметаат за дел од долината.

Потекло на името

уреди

Името Силициумска Долина било за првпат употребено од новинарот Дон Хефлер во 1971 година. Името го искористил како наслов („Силициумска Долина, САД“) на серија на статии кои ги напишал за неделникот Електроник Њуз. Првата статија била објавена на 11 јануари, 1971. Хефлер така го нарекол регионот бидејќи таму се наоѓа долината Санта Клара a сè повеќе компании кои се основале биле поврзани со полупроводничката и компјутерската индустрија.

Името понекогаш се користи и за околниот регион низ целиот залив бидејќи технолошката индустрија се има проширено насекаде. Од геолошки аспект, вдлабнината во земјата која што ја има направено Силициумската Долина го има направено и целиот залив; единствената разлика е надморската височина.

Во 1970-тите и 1980-тите, многу новинари често и погрешно ја нарекувале долината Силициумска Долина. Во тоа време силициумот сѐ уште не бил дел од секојдневниот живот на американците и новинарите често мислеле дека точното име било всушност Силициумска Долина (на англиски, силициум се пишува „silicon“ додека силициум се пишува „silicone“). [1]

Познати компании

уреди
 
Adobe Systems
 
Advanced Micro Devices
 
Apple Computer
 
eBay
 
Google
 
Intel
 
Intuit
 
Oracle
 
Yahoo!

Илјадници високотехнолошки компании се со седиште во Силициумската Долина; следниве компании се наоѓаат на списокот на Форбс 500:

Следниве компании се попознати компании со седиште во Силициумската Долина (некои повеќе не постојат или се купени од други компании):

Силициумската Долина е исто дом на ланецот на електронски продавници Fry's Electronics.

Наводи

уреди
  1. Џејмс Берон, "Идејата за висока технологија не успеа да ги задоволи надежите на планирачите," Њујорк Тајмс, 20 септември 1981, LI1. Оваа статија за слабата економија на Лонг Ајленд исто неточно тврди дека Калифорнискиот Институт за Технологија се наоѓа во Пало Алто.