Харисон Форд (англиски: Harrison Ford) (13 јули 1942, Чикаго, САД) - американски глумец, најпознат по улогата на Хан Соло во филмовите „Војни на ѕвездите“ (Star Wars) и улогата на Индијана Џонс во истоимената серија филмови.

Животопис

уреди

Форд е роден во Чикаго, САД. Татко му, Кристофер Форд, имал ирско-германско потекло, а мајка му, Доре Ниделман, била Еврејка. Матурирал на Maine East High School во Парк Риџ (Park Ridge), а подоцна студирла глума на Ripon College. Во 1964 година се венчал со Мери Маркарт и со неа се преселил во Лос Анџелес. Бракот со неа траел до 1979 година, а со неа Форд има два сина (Бенџамин и Вилард. Од 1983 до 2001 година, Форд бил во брак со Мелисом Матерсон, со која има син и ќерка (Малком Карсвел и Џорџија). Најпосле, во 2010 година, Форд стапил во брак со глумицата Калистом Флокхарт.

Филмска кариера

уреди

Својата прва голема улога Форд ја остварил во 1973 година, во филмот „Американски графити“. По оваа улога, тој глумел во уште неколку помали филмови, а подоцна добил улоги во неколку големи филмски хитови, како што се: „Војна на ѕвездите — епизода IV: Нова надеж“, „Војна на ѕвездите — епизода V: Империјата возвраќа“, „Грабнувачите на изгубениот ковчег“, „Индијана Џонс и храмот на пропаста“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Патриотски игри“, „Непосредна опасност“, „Ангел со две лица“, „Избезумен“ (Frantic), итн. Во 1985 година бил номиниран за наградата „Оскар“ за улогата во филмот „Сведок“.

Филмографија

уреди