Љупчо Константинов
Љупчо Константинов (Охрид, 11 декември 1946 - Скопје,17 октомври 2024) — македонски композитор и автор на филмска музика.
Љупчо Константинов | |
---|---|
Роден(а) | 11 декември 1946 Охрид, НР Македонија |
Починал(а) | 17 октомври 2024 Скопје, Македонија | (возр. 77)
Националност | Македонец |
Занимање | композитор |
Познат(а) по | музика во филмот „Среќна нова '49“ |
Животопис
уредиКонстантиновски дипломирал на Музичката академија во Белград. Композирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски претстави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот „Среќна нова '49“; три „Златни ловорови венци“ на МЕС, Сараево; за театарските претстави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; награда на критиката на Вториот меѓународен фестивал во Град Мексико за најдобра музика за претставата „Шехерезада“; на тетарските игри „Војдан Чернодрински“, награда за музиката во театарската претстава „Старите фотографии“ и др.[1]
Починал на 17 октомври 2024 година во Скопје.[2]
Филмографија
уреди- 1977: „Градежно претпријатие „Маврово““ (Избор на музика)
- 1977: „Тулгеш“ (Музика)
- 1977: „Винојуг“ (Избор на музика)
- 1978: „Отпор“ (Избор на музика)
- 1979: „Ракувања“ (Избор на музика)
- 1979: „Ежен Гилвик“ (Музика)
- 1979: „Глава“ (Музика)
- 1980: „Хомо догматикус“ (Избор на музика)
- 1980: „Крвта на морето (сунѓер)“ (Избор на музика)
- 1981: „Црвениот коњ“ (Музика)
- 1982: „Демагог“ (Избор на музика)
- 1982: „Јужна патека“ (Музика)
- 1982: „Мистериозниот предмет“ (Музика)
- 1983: „Пат за умор“ (Избор на музика)
- 1983: „Виновник“ (Избор на музика)
- 1984: „Нели ти реков“ (Музика)
- 1985: „А“ (Музика)
- 1985: „Ангроинженеринг“ (Музика)
- 1986: „Среќна Нова ‘49“ (Музика)
- 1987: „Хај-фај“ (Музика)
- 1991: „Тетовирање“ (Музика)
- 1993: „Македонска сага“ (Музика)
- 1995: „Ангели на отпад“ (Музика)
- 1997: „Преку езерото“ (Музика)
- 1999: „Време, живот“ (Музика)
Награди
уреди- 2023 — Награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста[3]
Наводи
уреди- ↑ Константинов Љупчо, портал „Кинотека на Македонија“
- ↑ „Почина композиторот Љупчо Константинов“. Министерство за култура. 18.10.2024. Посетено на 18 октомври 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „О Д Л У К А за доделување на државната награда,,11 Октомври" за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија“. Министерство за култура. 6 октомври 2023. Посетено на 11 октомври 2023.