Список на македонски филмови понудени за номинација за Оскар

список на статии на Викимедија

Предлошка:Список на македонски филмови

Милчо Манчевски е единствениот македонски режисер со два филма понудени за номинација за Оскар

Република Македонија понудува филмови за номинација за Оскар за најдобар странски филм од 1994 година. Наградата се доделува секоја година во САД, од страна на тамошната Филмска Академија, за долгометражен филм продуциран надвор од САД, кој содржи дијалог што примарно припаѓа на не-англиското говорно подрачје.[1] Самата награда е индуцирана на доделувањето на Оскарите во 1956 година, кога Наградата на Академијата за врвно достигнување (Academy Award of Merit) - подоцна преименувана во Оскар за најдобар странски филм - за првпат предвид ги зема и странските филмови.[2]

До 2008 година, само еден македонски филм - Пред дождот на Милчо Манчевски - има добиено номинација за Оскар, но ниту еден македонски филм ја нема добиено и самата награда.[3] Манчевски е и единствениот режисер со два филмови понудени за номинација - неговиот трет филм Сенки ѝ беше понуден на Академијата по повод 80тото доделување на Оскарите, но истиот не влезе меѓу петте номинирани.[4][5]

Понуди

уреди

Академијата за филмска уметност и наука има отворена покана кон филмските индустрии на многу земји кои смеат да понудат само по еден филм како натпреварувач за номинација за Оскар за најдобар странски филм.[2] Потоа, Комитетот за доделување на Оскарот за најдобар странски филм (The Foreign Language Film Award Committee) ги рецензира сите понудени филмови. Веднаш потоа, следи тајно гласање преку кое се одредуваат петте номинирани филмови за наградата.[1] Следи список на македонските филмови понудени за номинација за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.

Година
(церемонија)
Наслов на филмот при номинирањето Изворен наслов Режисер(и) Резултат
1994
(67мо)
Before the Rain[3] Пред дождот Милчо Манчевски Номиниран
1997
(70то)
Gypsy Magic[6] Gypsy Magic / Џипси меџик Столе Попов Не е номиниран
1998
(71во)
Goodbye, 20th Century[7] Збогум на 20 век Дарко Митревски
Александар Поповски
Не е номиниран
2004
(77-мо)
The Great Water[8] Големата вода Иво Трајков Не е номиниран
2006
(79-то)
Контакт[9] Контакт Сергеј Станојковски Не е номиниран
2007
(80-то)
Shadows[4] Сенки Милчо Манчевски Не е номиниран
2008
(81-во)
I`m from Titov Veles[10] Јас сум од Титов Велес Теона Стругар Митевска Не е номиниран
2008
(82-во)
Созерцание (Wingless)[11] Ocas ještěrky Иво Трајков Не е номиниран
2010
(83-то)
Mothers[12] Majki Милчо Манчевски Не е номиниран
2011
(84-то)
Punk's Not Dead[13] Панкот не е мртов Владимир Блажевски Не е номиниран
2012
(85-то)
The Third Half[14] Трето Полувреме Дарко Митревски Не е номиниран
2014
(87-мо)
To the Hilt[15] До балчак Столе Попов Не е номиниран
2015
(88-мо)
Honey night[16] Медена ноќ Иво Трајков Не е номиниран
2016
(89-то)
The Liberation of Skopje[17] Ослободувањето на Скопје Раде Шербеџија
Данило Шербеџија
Не е номиниран
2018
(91-во)
Secret Ingredient[18] Исцелител Ѓорче Ставрески Не е номиниран
2019
(92-ро)
Honeyland[19] Медена земја Тамара Котевска, Љубомир Стефанов Номиниран

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 „Специјални правила за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 2008-01-12. Посетено на 2008-07-04.
  2. 2,0 2,1 „Историја на Оскарите - страница 2“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Посетено на 2008-07-04.
  3. 3,0 3,1 Рене Родригес. „`Пред дождот' предолго чекаше“. The Miami Herald. Посетено на 2008-07-04. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. 4,0 4,1 „Рекордни 63 земји се надеваат на номинација за Оскар за најдобар филм“. Yahoo! Movies. 2007-10-17. Архивирано од изворникот на 2008-09-26. Посетено на 2008-07-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Стивен Гајдос; Либи Мекарти (2008-01-15). „Трката за Оскар за најдобар странски филм се пожешка“. Variety. Посетено на 2008-07-04. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „70то доделување на Оскарите (1997): Понуди за номинација за Оскар за најдобар странски филм“. oscarguy.com. Архивирано од изворникот на 2008-07-03. Посетено на 2008-07-04.
  7. Кирк Ханикат (1998-11-24). „45 земји навиваат за Оскар“. The Hollywood Reporter. Посетено на 2008-08-28. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. Јуџин Ернандес. „49 земји понудија филмови за разгледување за Оскарот за најдобар странски филм“. indieWire. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2008-07-04.
  9. Џеф Снајдер (2006-10-19). „Во трката за Оскар 61 земја“. Variety. Посетено на 2008-07-04. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=8&pid=28&ppid=90&tid=1787
  11. http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=66EE18A38D567942B4F0BEF716DC560E[мртва врска]
  12. „„Мајки" е македонскиот избор за Оскар“. Архивирано од изворникот на 2010-10-05. Посетено на 2010-10-14.
  13. http://www.mn.mk/kultura/4925-Pankot-ne-e-mrtov---makedonski-kandidat-za-Oskar
  14. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-12-06. Посетено на 2017-01-12.
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 2017-01-12.
  16. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-11-16. Посетено на 2017-01-12.
  17. http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=8C9E46C5FDAC1048B9BDEE3EFAD74D46[мртва врска]
  18. „Macedonia selects 'Secret Ingredient' as foreign language entry at 2019 Academy Awards“. Macedonian Information Agency. 19 септември 2018. Архивирано од изворникот на 19 септември 2018. Посетено на 19 септември 2018.
  19. Holdsworth, Nick. „Oscars: North Macedonia Selects 'Honeyland' for Best International Feature Category“. The Hollywood Reporter. Посетено на 27 август 2019.

Надворешни врски

уреди