Благоја Митревски
Благоја Трајков Митревски ( 1921 во Сопиште, Скопско — 20 ноември 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Благоја Митревски | ||
Роден | 1921 година Сопиште, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 20 ноември, 1945 година Се удавил во реката Вардар |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. Во октомври 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со бригадата активно учествувал во борбите против балистите на падините на Водно и кај Треска. Бил учесник и во борбите за ослободувањето на Скопје. Потоа, се префрлил во дополнителниот баталјон на командата на заднината на Четириесет и првата дивизија. На 20 ноември 1945 година, несреќно се удавил во реката Вардар.[1]