Портал:Ислам
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
ИСЛАМИслам (арап. ⓘ, поточно: [ɪs.ˈlæːm] — значи: „потчинување“, „предавање“, „покорување“ [кон Бога]) е монотеистичка религија, која се вбројува во Аврамските религии и е втора религија по распространетост во светот. Следбениците на оваа религија се нарекуваат муслимани. Муслиманите веруваат дека Бог ја предал својата боженствена реч во облик на откровенија преку разни пророци и дека Мухамед бил последниот Божји пророк. Исламот најдобро се дефинира според Коранот кој за муслиманите е безгрешна реч предадена од Алах на Мухамед. Според исламските научници исламот се дефинира како систем на закони и распореди за олеснување на човечкиот живот и прифаќање на Господ како создавач. Прочитајте повеќе уреди
Избрана статијаАлах е арапскиот збор за „Бог“. Додека во Европа и на Западот поимот е познат по неговата употреба од муслиманите кога зборуваат за Бога, истиот се користи од арапските говорници од сите Аврамски вери, во кои спаѓаат и христијаните и Евреите. Овој збор се користел и од паганските Меканци во однос на богот-создател, веројатно врховниот бог во предисламска Арабија. Концептите поврзани со зборот Алах (како божество) се разликуваат од предание до предание. Во предисламска Арабија кај Арапите-многубошци, Алах не бил единствениот бог, туку тој имал соработници и придружници, ќерки и синови — замисла која во огромна мера се коси со Исламот. Во Исламот, Алах е врховно и сеопфатно божествено име. Сите други божествени имиња се сметаат дека се имиња на истиот еден и единствен Бог. Прочитајте повеќе уреди
Дали сте знаеле...
уреди
Категорииуреди
Избрана биографијаЏелаледин Мевљана Руми (1207–1273) бил персиски исламски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолија, која била под Византиското царство два века пред тоа. Роден е во Балх (денешен Авганистан), а умрел во Конија (денешна Турција). Родното место и јазик укажуваат на персиско потекло. Поезијата му е на персиски, а делата му се читаат насекаде во Иран, Авганистан, Таџикистан, Узбекистан, а преводите особено во Турција, Азербејџан, САД и јужна Азија. Живеел и творел за времето на селџуците. Освен персиска поезија, пишувал и по нешто на арапски, грчки и огуски турски јазик. Се смета дека важноста на Руми ги надминува националните и етничките граници. Низ вековите тој имал значително влијание врз персиската како и урду и турската книжевност. Неговите песни се преведени на сите значајни светски јазици, вклучувајќи го и македонскиот. Прочитајте повеќе
уреди
Избрана слика
уреди
Што може да направите
|