Мединска сура
Мединските сури на Куранот се оние сури кои биле откриени во Медина, под Мухамедовата хиџра од Мека, кога Муслиманите ја утврдувале нивната држава, наспроти Мека, каде биле угнетувано малцинство. Овие сури главно стојат на почетокот на Куранот, и се одликуваат со повеќе и подолги ајети. Во согласност со новата ситуација на Муслиманите, Овие сури повеќе се занимаваат со подробностите на законодавството, а секоја сура која обработува воена проблематика е мединска, започнувајќи со сурата ел-Бекара (Крава).
Поделбата на сурите на мекански и медински се јавила заради стилистички и тематски потреби. Класификацијата на сурите по овие периоди се темели на фактори како должината на стиховите и пристуството или отсуството на извесни клучни поими или зборови (e.g. ер-Рахман како Божје име). [1]
Наводи
уреди- ↑ (во Рецензии) Studien zur Komposition der mekkanischen Suren од Angelika Neuwirth, Рецензент: A. Rippin, Bulletin of the School of Oriental and African Studies, University of London, Том 45, Бр. 1. (1982), стр. 149-150.
Оваа статија исламот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |