Портал:Христијанство

уреди   

ХРИСТИЈАНСТВО

Христијанството е монотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата Исус Христос по раскажувањата во Новиот завет.

Со 2,1 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потекло сродна е со јудаизмот, со кој дели доста религиозни текстови и својата рана историја; поточно заднички за двете религии се Хебрејската Библија, која во христијански контекст е позната како Стар завет. Христијанството се смета за аврамска религија, заедно со јудаизмот и исламот. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Според христијанската митологија Бог претставува една единка која постои истовремено и вечно како како три личности: Господ-Отецот,Исус Христос и Светиот Дух, кои заедно се Свето Тројство.

Во книгите на Библијата всушност на ниедно место не се спомнува зборот Света Троица. Најблиску до овој поим е кога Господ Исус Христос им заповедал на Апостолите да ги потопуваат верните Да ги крштеваат во вода, во името на Отца и Сина и Светиот Дух.

Хронологијата за утврдување на погледот за Светата Троица произлегува од Никејскиот симбол на верата од 325-381 година како и од Атанасискиот симбол на верата од околу 500 година каде имало големи обиди за стандардизација на големите несогласувања кои се појавиле во верата на христијаните.

уреди   

Дали сте знаеле...

уреди   

Оче наш

Оче наш, кој си на небесата,
да се свети името Твое;
да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја
како на небото, така и на земјата.
Лебот наш насушен дај ни го денес,
и прости нѝ ги долговите наши,
како што им ги проштаваме и ние на нашите должници.
И не нѐ воведи во искушение
но избави не од лукавиот,
зашто Твое е царството и силата и славата во сите векови.
Амин.
уреди   

Субпортали

уреди   

Избрана слика

уреди   

Избрана биографија

Свети Јован Крстител бил братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто Го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (6 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари по македонскиот православен црковен календар. Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место:

  • според начинот на доаѓањето во светот
  • како Крстител на Месијата Исус Христос
  • според улогата на Крстител на луѓето за покајание
  • според трагичното заминување од овој живот со исекувањето на неговата глава.

Прочитајте повеќе

уреди   

Категории

уреди   

Работи кои може да ги направиш

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Христијанство на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)