Отворена предна незаоблена самогласка
Отворената предна незаоблена самогласка (ниска предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка што се јавува во речиси сите јазици во светот. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨a⟩. Во македонскиот, како и многу други јазици, гласот е претставен со буквата а.
Отворена предна незаоблена самогласка | |||
---|---|---|---|
a | |||
| |||
МФА-бр. | 304 | ||
Шифрирање | |||
Единица (дек.) | a | ||
Уникод (хекс.) | U+0061 | ||
X-SAMPA | a | ||
Киршенбаум | a | ||
Звук | |||
Меѓутоа, во практиката често се случува самогласката да се едначи со гласот ⟨æ⟩ (речиси отворена (речиси ниска) предна незаоблена самогласка), а со ⟨a⟩ да се означува отворената (ниска) незаоблена самогласка од среден ред.
Особености
уредиТабела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
Помош за МФА • легенда • табела • табела со звуци • погл. |
- Според висината, самогласката е отворена (ниска), што значи дека јазикот се става што е можно подалеку од горниот ѕид на устата, т.е. што пониско.
- Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.
Јазици
уредиНајвеќето јазици имаат извесен облик на предна незаоблена самогласка. Јазиците што имаат само по една ниска самогласка исто така можат да го користат симболот <a> од практични причини, бидејќи е единствената ниска самогласка што има своја буква во основната латиница. Во тие случаи, самогласката е поблиска до средното [ä] отколку до предното [a].
Јазик | Збор | МФА | Значење | Белешки | ||
---|---|---|---|---|---|---|
адигејски | дахэ | ⓘ | убав | |||
англиски | северозапад на САД | stock | [stak] | залиха | ||
Канада | stack | [stak] | пласт | Зависно од регионот, гласот се движи од преден до среден, па дури и позаден (во делови од Шкотска и Алстер). Може да се разликува и по должина (на пр. пократок во Шкотска отколку во Канада). Многу говорници користат [æ] наместо оваа согласка. | ||
северна Англија | ||||||
Ирска | ||||||
Јамајка | ||||||
Шкотска | ||||||
Велс | ||||||
јужна Англија | [sta̝k] | Повишена самогласка што се среќава во извесни дијалекти. Соодветствува на [æ]~[ɛ̞] кај другите. | ||||
арапски | источен[1] | بان | [baːn] | се појави | ||
бенгалски | পা pa]] | [pa] | нога | |||
велшки | mam | [mam] | мајка | |||
виетнамски | xa | [saː] | газа | |||
германски | Rat | [ʁaːtʰ] | совет | Некои дијалекти тука користат задна самогласка. | ||
грчки | ακακία | [akaˈcia] | багрем | |||
гуџаратски | શાંતિ shanti | [ʃanti] | мир | |||
западнофризиски | laad | [ˈɫaːt] | фиока | |||
запотечки | тилквијапански[2] | na | [na] | сега | ||
кабардински | дахэ | ⓘ | убав | |||
каталонски | мајоркански | sac | [sac] | вреќа | Соодветствува на [ä] во другите наречја. | |
кинески | кантонски | 沙 saa1 | [saː˥] | песок | ||
мандарински | 他 tā | [tʰa˥] | тој | |||
литвански | namas | [ˈnaːmas] | куќа | |||
македонски | маса | [ˈmasa] | маса | |||
малајски | api | [api] | оган | |||
полски | jajo | ⓘ | јајце | Понапреден алофон на /a/ помеѓу преднонепчени или омекнати согласки. | ||
севернофризиски | braan | [ˈbraːn] | гори | |||
руски | там | ⓘ | таму | |||
хебрејски | דָּם | [daːm] | крв |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Thelwall (1990:38)
- ↑ Merrill (2008:109)
Библиографија
уреди- Merrill, Elizabeth (2008), „Tilquiapan Zapotec“, Journal of the International Phonetic Association, 38 (1): 107–114, doi:10.1017/S0025100308003344
- Thelwall, Robin; Sa'Adeddin, M. Akram (1990), „Illustrations of the IPA: Arabic“, Journal of the International Phonetic Association, 20 (2): 37–41, doi:10.1017/S0025100300004266