Кинеско писмо

(Пренасочено од Кинески знаци)

Кинеско писмописмо сочинето од знаци (трад. 漢字; упр. 汉字; пинјин: hànzì; мак. транскр.: ханце) кои претставуваат логограми за запишување на кинескиот, јапонскиот, делумно корејскиот, и (порано) виетнамскиот. Неговите можни претходници се појавиле пред 8.000 години, додека целосно писмо било развиено пред 3500 години во Кина. Ова е веројатно најстарото писмо во историјата на човештвото.

Кинеско писмо
Тип
Период
бронзено време до денес
Правец на пишувањеод лево кон десно, vertical right-to-left Уреди на Википодатоците
Јазицикинески, јапонски; традиционално: корејски, виетмански
Сродни писма
Матични системи
коскено писмо
  • Кинеско писмо
ISO 15924
ISO 15924Hani, 500 Уреди на Википодатоците, ​Han (Hanzi, Kanji, Hanja)
Уникод
Уникоден назив
Han
 Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА).

Наспроти генералното мислење, само 4% од кинеските знаци се пиктограми (象形字); останатите 95% се логички агрегати (會意字) и пиктофонетици (形聲字), знаци составени од два дела — еден ел го означува значењето, а другиот звучноста. Зборовите често се состојат од два или повеќе знака. Бројот на кинеските знаци во рамките на Кангсиевиот речник изнесува близу 47.035, иако голем дел од овие се ретко употребувани варијанти насобрани низ историјата. Во Кина, за писмен се смета оној кој познава 2000 знаци. [1] Архивирано на 12 март 2007 г.

Во кинеската традиција, еден знак соодветствува на еден слог, но изговорот варира по дијалект. Лабавата врска помеѓу фонетиката и знаците има овозможено користење на писмото кај разни јазични семејства.

Фактичкиот облик на знаците варира од јазик до јазик. Континентална Кина има воведено упростени знаци во 1956, но традиционалните знаци сѐ уште се користат во Тајван и Хонгконг. Јапонија има свои упростени знаци уште од 1946, додека Кореја ја има ограничено употребата на кинески знаци, а Виетнам го има отфрлено писмото и има воведено романизирана азбука.

Кинеските знаци поформално се нарекуваат и синографи, а системот синографија. Јазиците кои имаат преземено синографија - и со правописот голем број на преземени зборови од кинескиот - се нарекуваат синоксеници без разлика дали моментално ја користат таа отрографија. Изразот не подразбира каква било генетска поврзаност со кинескиот. За главни синоксеници се сметаат јапонскиот, корејскиот и виетнамскиот.

Историја

уреди
 
Подрачјата каде се користи исклучиво кинеското писмо се зелени; заедно со други писма, темнозелени; историска употреба во максимална мера, светлоезелени).

Според една легенда, кинеското писмо било измислено од Цангѓе (~ 2650 п.н.е.), бирократ при легендарниот цар Хуангди. Легендата кажува дека кога тој бил на лов на планината Јангси (денешна Шанкси), видел желка чии шари на черупката му го одземале вниманието. Инспириран од можноста за логичка корелација помеѓу вените, тој почнал да ги изучува животните, терените, и ѕвездите, и измислил симболички систем нареченци (字) -- кинески знаци. Според преданијата, дента кога кинеското писмо било измислено луѓето го чуле ѓаволот како оплакува, и виделе како житарки паѓаат од небото, бидејќи ова го означувало почетокот на цивилизацијата, за добро или зло.

Современите археолошки наоди укажуваат на порани, неолитски корени на кинеските знаци. Најраните наоди на пишани зборови се најдени во Чијаху (賈湖), неолитско наоѓалиште во басенот на жолтата река во провинцијата Хенан, и датираат од ~ 6500 п.н.е. [2]. Не се знае дали овие знаци биле дел од систем на пишување, но утврдено е дека имаат сличности со знаците утврдени како рано кинеско писмо. Затоа се шпекулира дека овие записи се предците на кинеското писмо.

Артефакти со натписи од културата Давенкоу (大汶口) најдени се и во околијата Чусјен, Шандунг, и датират од ~ 2800 п.н.е. [3]. Во наоѓалиштето Ченцијаи (城子崖) во населеното место Лонгшан во Шандонг најдени се и парчиња од коски со впишани букви кои се користеле за предвидувања кои датираат од 2500 - 1900 п.н.е., а во Тинггонг се најдени и симболи на грнци за кои некои сметаат дека се рана форма на писмо. Слични симболи на фрагменти од грниња од Лиангчу-културата (良渚) најдени се и во долниот дел на долината на реката Јангце.

Иако најдените симболи изгледа дека се поединечни, и затоа неоожеме да ги сметаме за писмо, коскените написи (2500 - 1900 п.н.е.) за предивување на иднината од доцната фаза на неолитската Лонгшан (龍山) култура (~ 3200 - 1900 п.н.е.) се сметаат (од некои) за рана форма на писмо, слична на најраните записи од Месопотамија и Египет. Псоти можност дека овие записи се предци на коскеното писмо од времето на династијата Шанг и овие се сметаат за претходници на писмото од културата Елтитоу и подоцна, писмата од династиите Шанг и Џоу.

Најраните написи за кои неоспорно претставуваат писмо се знаците од коскеното писмо (甲骨文 ќагувен, букв. „писмо на черупка“), кое било добро развиено писмо за време на династијата Шанг (или Јин (殷)), за кое се знае дека постоело од 1600 п.н.е. (од Ченгџоу) и 1300 п.н.е. (од Анјанг), заедно со многу малку логографи најдени на грниња и бронзени садоови, познати како бронзено писмо, кои е многу слично, но покомплексно и сликовито од коскеното писмо. Само околу 1,400 од 2,500-те пронајдени коскени логографи можат да се поистоветат со подоцнежни кинески симболи. Треба да се спомене дека овие 1,400 логографи се најчесто употребуваните.

Пишани стилови

уреди
 
漢 напишано со мало печатно писмо, 220 п.н.е.
 
字 напишано со мало печатно писмо, 220 п.н.е.

Најраните кинески знаци ги наоѓаме во коскеното писмо од доцниот период на династијата Шанг и во бронзените писма (金文 џинвен) на династиите Шанг и Џоу. Овие писма не се употребуваат, туку се изучуваат чисто од академски побуди.

Првото писмо кое и денес се користи, но ограничено, е 篆書, 篆书 џуаншу („печатно писмо“). Тоа има органски еволуирано од бронзеното писмо од династијата Џоу, и било прифатено во стандардизиран облик од првиот кинески цар, Ќин Ше Хуанг. Печатното писмо, како што самото име кажува, денес се користи само кај уметничките пачати. Денес малкумина знаат да го читаат без проблем, но уметноста на резбање на знаците и денес постои во Кина и Јапонија; некои калиграфи работат во овој стил.

Писмата кои и денес редовно се користат се „канцелариско писмо“ (隸書, 隶书 лишу) од времето помеѓу династиите Ќин и Хан, споменичкото писмо Веи (魏碑 веибеи, видете Веибеи), „регуларното писмо“ (楷書, 楷书 каишу) за печатење, како и „полуракописното писмо“ (行書, 行书 Сјенгшу), во употреба како ракописно писмо.

Ракописното (草書, 草书 каошу, буквално „тревно писмо“) не е во општа употреба, туку се користи чисто уметнички и калиграфски. Тука се дадени основните облици на знаците, но истите не се конкретизирани и скратувањата се екстремни. Овие ракоспини знаци не самошто се упростени, туку и стилизирани до точка на непрепознатилвост за тој што не ги знае. Многу од упростените кинески знаци доаѓаат од ова упростено курзивно бликување на традиционалното писмо.

Како што кирилицата има заоблени ракописни букви кои одат горе-долу од линијата, кинеските знаци заземаат помалку или повеќе квадратен простор. Знаците се сочинети од повеќе делови, при чија комбинација тие се збиваат — ова е случај особено со знаците пишани во Сонгти стил. Заради ова, почетниците вежбаат во квадратно шпартана хартија.

Коскено писмо Печатно писмо Традиционално Упростено Макед. транскр. Значење
    жен човек
    ну жена
    же сонце
    јуе месечина
    шуеј вода
    му дрво
    ма коњ
    љао птица
    гуеј желка
    лунг змеj

Обликување на знаците

уреди

Главни статии: Класификација на кинеските знаци и клуч (радикал).

Во раното доба на кинеското писмо предоминирале пиктограми, кај кои можело веднаш да се воочи зналењето на облиците на знаците. Со еволуцијата на знаците - потребата за претставување на аптрактни концепти и полесно пишување - со себе донела и поконцептуални знаци.

Околу 100 н.е., јазичарот Си Шен ги подредил сите кинески знаци во шест категории, имено лиушу' (六書), во неговиот речник на етимологија наречен Шуовен Џиеце (說文解字). Иако овие знаци се можеби недоследни на карактерот на кинеското писмо, ова дело нашло широка употреба многу долго време.[1]

 
Извадок од читанка - кинески знаци (1436)

1. Пиктограм (象形字 Сјангсингце)

Наспроти генералното мислење, само мал дел од кинеските знаци се пиктограми, кои го рефлектираат обликот на предметот кој го опишуваат. Овие знаци се имаат упростено по еволутивен пат, за полесно пишување.

Примери се 日 (ж’) - „сонце“, 月 (јуе) - „месечина“, 木 (му) „шума“. Не постои конкретен податок за бројот на пиктограми во денешното писмо, но пред 2000 години Си Шен ове се 4% од вкупниот број на знаци.

2. Идеограф (指事字, Жешеце)

Наречен и прост индикатив, проста идеографија или идеограм, ова е знак кој додава индикатор на пиктограмот за промена на значењето. На пример, додека 刀 (дао) е пиктограм за „нож“, со поставување на индикатор 刃 (жен), ова дава идеограм за „острица“. Други чести примери се 上 (шанг) за „горе“ и 下 (сја) за „долу“. Бројот на знаците цо оцаа категорија е мал, бидејќи највеќето концепти можат да се претстават со знаци од други категории.

3. Логички агрегати (會意字, Хуијице)

Преведени и како асоцијативни сложенки, овие симболизираат апстрактни концепти со пиктограми. На пример, додека 木 (му) е пиктограф за дрво, два 木 заедно дочинуваат 林 (лин), идеограм за „шума“. Спојување на 日 (ж’) сонце и 月 (јуе) месечина создава 明 (минг) осветлено. Си Шен проценува дека 13% од кинеското писмо спаѓа во оваа категорија.

4. Пиктофонетски сложенки (形聲字, Сингшенгце)

Наречени семантичко-фонетски сложенки, или фоно-семантички сложенки, овие се најголемата група на знаци во денешниот кинески јазик, кои врзуваат прост пиктограф со фонетици за образување на нови значења.

Примери се 河 (х’) река, 湖 (ху) езеро, 流 (лиу) поток, 沖 (чунг) водна струја, 滑 (хуа) лизгаво. Сите овие знаци започнуваат со клуч од три точки, упростен пиктограф на капки. Другата страна е фонетски индикатор, главно хомофон или близу хомофон чиј изговор е сличен на оној кај првобитното значење.

Во 100 н.е., Си Шен категоризирал до 82% од знаците во оваа категорија, но по 2000 години овие сочинуваат 90%. Пиктофонетиците ридонеле кон зголемување на зборовниот фонд на јазикот со голема брзина, но како што јазикот продолжил да еволуира, највеќето фонетици во пиктофонетските сложенки се изгубиле, и затоа нивниот состав е често произволен.

Тешко е да се поврзат овие знаци со релевантни предмети. На приемр, клучот 貓 (мао) мачка е 豸(чи), пиктограф за црви; клучот 气 (чи) воздух исто така се користи за образување на знакот 氧 (јанг) кислород и 氨 (ан) амонијак.

5. Зајмување (假借字, Џуанџуце)

Наречени и фонетски позајмени знаци, постоеле и пред тоа, но се позајмени за употреба со друго значење. Ова се случува кога еден концепт ќе се измисли усно, но нема знаци за да се напише. Понекогаш новот значење заменува некое пред него. 自 (це) бил знакот за нос, но денес истиот се однесува само на поимот себе. Старото значење на 萬 (ван) било пајак, но подоцна сосем се сменило во значењето десет илјади.

Како што расте бројот на знаците, јазичарите не сакаат да прават нови знаци врз овој принцип бидејќи тој ја игнорира логистиката за создавање на нови знаци. Меѓутоа, потребата за пишување во дијалекти, особено Кантонскиот и Тајваннскиот во Хонгконг и Тајван го има доста порширено бројот на овие знаци.

6. Придружна трансформација (轉注字, Чуанчуце)

Овие знаци првобитно значеле исто, но се поматиле преку правописните и семантичките текови. На пример, 考 (као) потврди и 老 (лао) стар биле некогаш еден ист знак што значел „постаро лице“, но подоцна се разделил на два засебни разбора. Заради ретко ста на знаците од оваа категорија, асоцијацијата и трансформацијата се обдегнува или се комбинира со други современи знаци.

Правопис

уреди

Кинеските знаци заземаат исто место заради нивниот квадратен блок-карактер. Еден од најдобрите начини за добар старт за поченици е вежбање во тетратка со квадрати, наменета за стандарди вежби во училиштата за нормално пишување и калиграфија. Покрај строгоста на зафатнината, кинеските знаци се пишуваат според мошне строги и прецизни правила. Трите најважни правила се потезите во употреба, нивното позиционирање и редот по кој се пишуваат (потезен редослед). Нјавеќето зборови можат да се напишат само само еден поезен ред, иако некои други имаат варијатни, што може да резултира во поинакви броења. На поголемо, кинескиот текст традиционално се пишува од горе надолу, па од десно на лево, но денес многу почесто се гледа европската ориентација. Речиси сета интерпункција била исто така позајмена од Западот, но има некои исклучоци: на пример, имињата на книгите се пишуваат со брановидни црти од десно во вертикален текст, или затворени во посебни двошилести загради во хоризонтален текст.

Чести грешки во пишувањето на кинеските знаци се грешен правец на потезите, грешен потезен редослед, грешна должина и место на потезите ралативно на другите потези, како и тежините дадени на разните делови од потезот. Секоја грешка е јасно видлива за писмениот човек, и затоа ова се смета за срамота бидејќи е знак на неписменост. Во култура каде ученоста е највисоката доблест, ваквите епитети се многу непожелни.

Употребата на упростени наспроти традиционални знаци прилично варира, и зависи од локалниот обичај и медиумот. НР Кина официјално го употребува упростениот систем, додека Хонгконг, Макао и Тајван ги имаат задржано традиционалните. Покрај ова, постои и посебен систем за пишување на бројки во финасиски контекст; овие се модификации и адаптации на оригиналните прости бројки, намерно усложнети за спречување на фалсификувања и неавторизирани менувања.

Реформи: Упростување

уреди
Главни статии: Упростено кинеско писмо, Шинџитаи

Упростувањето на писмото се случило во времето на НР Кина, иако ова јасно се заснова на претходни трендови и веќе вкоренети практики.

Бројот на кинеските знаци

уреди

Бројот на кинеските знаци сѐ уште е предмет на дебата. Стандардниот Кангсиев речник вели дека стандарниот јазик има 40.000 знаци, додека современиот Џунгхуа Цехаи ѝ дава повеќе од 80.000. Ова се должи на сите знаци во употреба кај дијалектите, како и големиот број на варијанти на пишување на зборови (многу од кои биле вон употреба дури и во Класичниот кинески). Меѓутоа треба да се спомене дека не постојат два знака кои се контекстуално идентични.

Огромниот број на кинеските знаци се должи на нивниот логографски карактер — за секоја морефема е потребен глиф, а за истата морфема понекогаш се развивале и варијантни знаци. Покрај ова, во столетијата по стандардизацијата на кинеското писмо од страна на царот Ќин Ше Хуанг до џуаншу, литератите го умножиле вкупниот корпус на знаци со модификација на постоечки знаци ала сингшенгце (形聲字) методот—со преиначување на клуч од еден хомонимен знак за добивање на посебен глиф за нови зборови или зборови кои дотогаш биле хомографи. Исто така се вели дека толкавиот број на знаци се користи и за да се поделат академците од обичниот народ.

Кинески

уреди

Обино се вели дека човек е писмен ако знае да чита 2.000 знака (за да чита весник, да речеме), а добро образованата личност треба да знае над 4.000 до 5.000 знака. Се разбира, треба да се напомене дека познавањето на секој знак не е нужно, бидејќи највеќето зборови, за разлика од нивните Древни и Средни предци, се биморфемски сложенки, т.е. сочинети од два обични чести знака.

Покрај ова постои и голем корпус од дијалектни знаци, кои не се користат во формалноото пишување, но за разните локални колоквијализми. Таков е пишаниот кантонски во употреба во Хонг Конф. Во Тајван пак, постои друг неформален корпус на знаци за дијалектот Мин Нан.

Најчести знаци

уреди

Ова се петстотина (500) најчесто употребувани кинески знаци. Според истражувањата, овие 500 знаци претставуваат 72.1% од знаците кои се употребуваат во класичните и современите текстови.

使 西 便 广

Писменост

уреди

Се смета дека потребно е познавање на 2.000 знаци за основна писменост во јазикот (на пример, за читање на кинески весник). Учените луѓе знаат над 4.000 - 5.000 знаци.

Македонска транскрипција

уреди

За жал, утврдена транскрипција на кинескиот во македонски јазик сѐ уште не постои. Како и при транскрипција на сите други јазици, македонскиот го користи сопствениот фонетски систем на пишување за најблиско доловување на звуците на кинескиот јазик. Ова сепак, не е стандардизирано и често наоѓаме недоследности.

Општо земено, македонската транскрипција се темели на системите пинјин и Вејд-Џајлс како писмено најблиски до вистинскиот кинески изговор. Таа се заснова на српската транскрипција создадена (но сепак неофицијализирана) во 2005, но со извесни прилагодувања и измени во согласност со карактерот на македонската фонологија и правопис.

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-11-08. Посетено на 2006-06-01.
  • Bellassen, Joël & Zhang Pengpeng (1989). Méthode d'Initiation à la Langue et à l'Écriture chinoises. La Compagnie. ISBN 2-9504135-1-X.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди