Демократска партија на Турците на Македонија
Демократска партија на Турците (турски: Türk Demokratik Partisi) — политичка партија, претставник на етничките Турци во Република Македонија. Претседател на партијата е Бејџан Илјаз, додека Јусуф Хасани е пратеник во Собранието на Република Македонија како дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.[1]
Демократска партија на Турците на Македонија Makedonya Türk Demokratik Partisi | |
---|---|
Основана | 1990 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | Заштита на правата на Турците |
Полит. положба | Центризам |
Меѓународна припадност | нема |
Европска припадност | нема |
Бои | црвена, бела (боите на знамето на Турција) |
Собрание | 1 / 120 |
Општини | 1 / 80 |
Мрежно место | |
http://www.tdp.org.mk/ | |
Знаме | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
На парламентарните избори во 1994 година каде што освојува 14.423 гласови (1.5%) во првијот, односно 6.343 (0.7%) гласови во вториот круг но не освои пратеничко место.
парламентарните избори во 1998 година партијата освои 3.933 или 0.35% гласови, но не освои пратенички мандат.
На парламентарните избори во 2002 година партијата се приклучи во коалицијата предводена од СДСМ и освои 2 пратенички мандата.
И на парламентарните избори во 2006 година со коалиција предводена од СДСМ и освоји 2 пратенички мандата.
На парламентарните избори во 2008 година се приклучи во коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и освои 1 пратенички мандат. и 2011, 2014, 2016 по 1 пратенички мандат.
На парламентарните избори во 2020 година партијата се приклучи во коалицијата на СДСМ и освои 1 пратенички мандат.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјална мрежно место на ДПТМ (турски)
- Официјална страница на Младинскиот Форум на ДПТМ Архивирано на 25 октомври 2018 г. (турски) (македонски)
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |