Црква „Св. Димитриј“ - Броштица
Свети Димитриј — главна селска црква во дебарското село Броштица, Македонија.[1]
![]() ![]() Свети Димитриј
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°29′14″N 20°35′29″E / 41.48722°N 20.59139°E |
Место | Броштица |
Општина | Центар Жупа |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј |
Изградба | 1868 |
Архитектонски опис |
Црквата е руинирана, при што е целосно срушена припратата, додека самата црква е зачувана откако биле поставени столбови во 2007 година.[2]
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа сосема надвор од селото Броштица, сместена во длабока шума. До црквата може да се стигне единствено пеш следејќи козји патеки во времетраење околу половина час одење од последните куќи на селото Броштица.
Историја
уредиТаа е единствената преостаната црква од трите во селото, кои се срушиле поради ерозија на земјиштето. Поради фактот дека православното население од Броштица е иселено, за црквата се грижи локалното муслиманско население.[3]
Црквата е изградена во 1868 година, како што е испишано и на самата црква при нејзиниот влез. Била реновирана во 2007 година.
Кражби
уредиНа почетокот на мај 2013 година, црквата била осквернавена од трагачи на закопано богатство. Тогаш било копано кај престолот и на уште неколку места во црквата, а ископан бил и еден гроб.[4]
Галерија
уреди-
Внатрешноста
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Срушената припрата
-
Внатрешноста
-
Источната страна
-
Апсидата
-
Гробен споменик
-
Споредниот влез
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
- ↑ „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-04.
- ↑ Во Броштица муслиманите за здравје палат свеќи во православна црква (Нова Македонија; број 22556 | сабота 14.4.2012)[мртва врска]
- ↑ „Осквернавена црквата во дебарското село Броштица; Сител| 4. МАЈ 2013 - 12:53“. Архивирано од изворникот на 2013-05-10. Посетено на 2013-07-12.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Броштица на Ризницата ?