Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Долно Мелничани

црква во селото Долно Мелничани

Воведение на Пресвета Богородица (позната како Света Пречиста) — главна селска црква во дебарското село Долно Мелничани, Македонија.[1]

Воведение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°31′01.76″N 20°34′23.11″E / 41.5171556° СГШ; 20.5730861° ИГД / 41.5171556; 20.5730861
Место Долно Мелничани
Општина Центар Жупа
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба XIX век
Завршено 1884
Осветување 1885
Ктитор Ристе Поте
Зограф Исо Џиков
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа на сретсело, сместена непосредно до регионалниот пат 2249, кој поминува низ селото Долно Мелничани.

Во црковниот двор се наоѓаат селските гробишта.

Историја

уреди

Црквата е изградена во XIX век.[2]

Храмот е изграден во 1884 година од мајсторот Павле од струшкото село Луково. Организатор на изградбата бил Ристе Поте од Долно Мелничани.[3]

Кражби

уреди

Во јануари 2013 година во црквата била извршена тешка кражба каде биле украдени седум вредни икони, меѓу нив и голема икона на Света Богородица од иконостасот, потоа две целивни икони, како и царевите двери, сите од XIX век и дело на Дичо Зограф.[4]

Архитектура

уреди

Фрескоживопис

уреди

Фреските и иконостасот ги изработил Исо Џиков од дебарското село Осој, а осветувањето е извршено во 1885 година.[3]

Иконостас

уреди

Во црквата се наоѓаат дела од јеромонахот Иоаноич Антониј, кои потекнуваат од 1816 година.[5]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
  2. „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-04.
  3. 3,0 3,1 Јовчевски, Петко; Јовчевски, Методија (јули 2000). Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век; селата: Рајчица, Горенци, Пареши, Броштица, Кочишта, Вапа со Пеовци и Јанковци, Голем Папрадник и Праленик. Дебар: Графобимс. стр. 117. ISBN 9989-908-42-7.
  4. УКРАДЕНИ ИКОНИТЕ НА ДИЧО ЗОГРАФ ОД ЦРКВА ВО ДОЛНО МЕЛНИЧАНИ. Архивирано од изворникот на 2016-08-03. Посетено на 2013-09-22.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Антонин“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 71. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

уреди