Манастир (Житинени)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Манастир

Карта

Местоположба 41°28′14″N 20°34′15″E / 41.47056° СГШ; 20.57083° ИГД / 41.47056; 20.57083
Основни податоци
Место Житинени
Општина Центар Жупа
Тип

 населба  црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Манастирархеолошко наоѓалиште во дебарското село Житинени. Претставува средновековна населба, црква и некропола. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, во приватна нива на селанец од селото Мал Папрадник, која лежи на левиот брег на Житиненска Река, каде се гледаат остатоци од темели на еднокорабна црква и околу неа гробови градени од камени плочи - тип циста, поставени во правец исток-запад. Над наоѓалиштето конусно се издига височинка со доминантна положба, на која има многу кршен камен и друг градежен материјал, што упатува на можни траги од фортификација.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069