Црква „Св. Тодор“ - Берово
Свети Тодор — православен христијански храм кој се наоѓа во градот Берово.[1] Се наоѓа во сосема крајниот северен дел на градот, кај градските гробишта.
Свети. Тодор
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Архијерејско намесништво | Беровско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Берово |
Општина | Берово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Тодор |
Архитектонски опис |
Легенди за изградбата
уредиСпоред првата легенда дека некој човек, работејќи земјоделски работи на местото каде е сега црквата, ископал една икона со ликот на Свети Тодор. Веста за тоа бргу се проширила и луѓето се здружиле и решиле на тоа место да изградат црква.
Втората легенда зборува дека некоја жена од Пехчево која била тешко болна, на сон и се претскажало дека на местото кајшто е црквата „Св. Тодор“ ако преспие ќе оздрави. Нејзините блиски ја однеле во запрежна кола на тоа место за да преспие, а утрото пешки се вратила во Пехчево. Тоа било повод на тоа место да се изгради црква.
И третата легенда зборува дека за време, кога Турците почнале да се повлекуваат од овие краеви, една група на Турци се навратила да прави зулуми и грабежи во Берово. Арно ама, на тоа место кај црквата „Св. Тодор“, некој светец, кој подоцна го препознале во Свети Тодор, ги пресретнал Турците и кај нив отишол со голем крст. Еден од Турците се исплашил и паднал во несвест, а од тоа се исплашиле и останатите Турци и се вратиле, откажувајќи се од злата намера. Како благодарност на тој настан, беровчани ја изградиле црквата.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
41°42′46″N 22°51′17″E / 41.71278° СГШ; 22.85472° ИГД
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |