Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Берово

црква во градот Берово

Рождество на Пресвета Богородица — главната градска црква во Берово[1]. Таа градена во 1912 година, а осветена била во 1922 година . Во 1930 година била изградена камбанаријата. Храмот има облик на еднокорабна градба од поголеми размери, со полукружна апсида однадвор. Во внатрешноста, во горниот дел завршува со рамна таваница, зелено обоена, со тоа што делот од централниот простор е повисок и има украсни полиња. Главниот влез е откај западната страна, а јужниот е откај олтарниот простор. На северната страна влезот во галеријата е заѕидан. Црквата не е живописана.

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Струмичка
Архијерејско намесништво Беровско
Местоположба

Карта

Координати 41°42′22″N 22°51′25″E / 41.70611° СГШ; 22.85694° ИГД / 41.70611; 22.85694
Место Берово
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Мала Богородица
Изградба 1912
Осветување 1922
Архитектонски опис

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди